Постигнувањата на грантистите на Цивика мобилитас: Акциски грантови

Akt

Анализирајќи ги резултатите од акциските грантови поддржани од Цивика мобилитас, добиваме јасен преглед на актуелните социјални предизвици. Но, покрај тоа, овие проекти ја осветлуваат и патеката до потенцијалните решенија. Грантистите не се задоволиле само со идентификација на проблемите, тие, исто така, понудиле конкретни решенија и, во некои случаи, ги тестирале со достапните ресурси. Такви има повеќе, ама само за да го разбудиме интересот еве неколку примери:

„Тиит Инк!“ направија значителен напредок во идентификувањето на проблемот со менструалната сиромаштија. До нивната интервенција, ова прашање беше речиси непознато за јавноста. Тие ja зголемија свеста, предизвикаа интерес и започнаа важна дискусија. Како резултат, Владата донесе одлука да го намали данокот на хигиенските влошки, а Град Скопје обезбеди средства за средните училишта за подобрување на пристапот до хигиенски производи. Примерот на Тиит Инк! не само што ги осветли постојните проблеми, туку и иницираше системски промени.

„Зелена лупа“ се фокусираа на заживување на Законот за пробација, закон кој, иако постои, не функционираше во целост. Тие започнаа со активности во Струмица, создавајќи координативно тело со сите релевантни институции и организирајќи обуки за осудените лица. Како резултат на нивната работа, осудените лица добија лиценци за занает и двajца од нив беа вработени пред да ја завршат казната. Оваа успешна пракса ја демонстрираше ефективноста на Законот и даде пример за неговата успешна имплементација.

Од 2019 до 2022 година, Цивика мобилитас поддржа 31 акциски грант, насочени кон различни региони и теми, секоја од нив интересна и значајна. Со овие проекти, не само што беа идентификувани проблемите, туку и понудени реални и ефективни решенија, што ја потврдува нивната важност и влијание на социјалната средина.

Продолжи со читање

  • Граѓанска вклученост 2024

    Облици на здружување во поддршка на граѓаните Црквите и верските заедници (23,1%) се најчесто наведениот облик на здружување за кој граѓаните сметаат дека најмногу придонесува за поддршка на нивните потреби, а политичките партии најретко (5,3%). Забележливи се регионални разлики: граѓанските организации се почесто посочени во Југозападниот (25%) и Пелагонискиот регион…

  • Доверба во граѓанското општество 2024

    Доверба во граѓанското општество  Во 2024 година, индексот на доверба во граѓанскиот сектор изнесува 42,9%, што претставува пад од 8,2 процентни поени во однос на 2021 година. По претходниот тренд на зголемување, довербата повторно е вратена на ниво под она од 2015 и 2013 година, укажувајќи на намалена доверба во…

  • Општа доверба и доверба во институциите 2024

    Довербата е клучна компонента на социјалниот капитал. Во досегашните истражувања, а и во ова, МЦМС разгледуваше два аспекти: општата доверба во луѓето (што вклучува доверба во сличните на себе, како соседи, колеги, сонародници, но исто така и во непознати лица) и довербата во институциите (формални институции на владеење во општеството)….

  • Главните достигнувања на програмата Civica Mobilitas 2019-2023

    Од својот почеток во 2009 година, програмата Civica Mobilitas, создадена и поддржана од Швајцарската агенција за развој и соработка (SDC) и Швајцарската амбасада во Северна Македонија, има значајна улога во развојот на граѓанското општество. Издавањето на оваа публикација е овозможено од Цивика мобилитас, проект на Влада-та на Швајцарија кој го…

  • Постигнувањата на грантистите на Цивика мобилитас: Институционални грантови

    Преку институционалните грантови од програмата Цивика мобилитас, во тековната фаза беа опфатени 30 граѓански организации кои, покрај нивното долгогодишно искуство и стручност во специфичните области на нивната работа, изразија потреба од континуирана поддршка за организациски развој и јакнење на капацитетите. Оваа поддршка е клучна за успешна реализација на нивните програмски…

  • Постигнувањата на грантистите на Цивика мобилитас: Мали грантови III дел

    Со оваа публикација ви претставуваме 19 граѓански организации кои успеаја да обезбедат грант од Цивика мобилитас за да ги задоволат потребите на своите заедници. Овие грантови овозможија спроведување на различни активности, вклучувајќи: советување и поддршка на лица со социјален ризик, помош на деца во конфликт со законот, промовирање на општествената…

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор