Поимот Граѓанско содружништво

Gragansko Sodruznistvo

По падот на студената војна, поимот „граѓанско содружништво“ се појавува како клучен концепт во општествените и политичките дискусии. Според некои мислители, граѓанското содружништво е идентификувано како трета глобална сила, покрај владите и пазарот, која игра важна улога во обликувањето на глобализацијата (Perlas, 2003). Претседателката на Движењето на претпријатијата на Франција (MEDEF) истакнува дека претпријатието, како дел од граѓанското содружништво, мора да се ангажира со различни јавности, вклучувајќи и образованието и невладините организации (Parisot, 2005).

Општествените науки ja поддржуваат идејата дека граѓанското содружништво може да игра улога на посредник помеѓу приватната и јавната сфера, помагајќи во регулирањето на конфликтите помеѓу индивидуалните интереси и јавната етика (Lehning, 1998). Меѓутоа, концептот на граѓанско содружништво не е еднозначен и неговото значење варира во зависност од контекстот. Тој може да се однесува на различни аспекти, како што се политички, економски или социјални организација, и не се поистоветува со државата, пазарот или религиозните институции.

Во последните децении, термините „граѓанско содружништво“ и „трет сектор“ се користат за да се означат различни форми на организирање на општествените активности, од непрофитни здруженија до активистички групи. Овие термини честопати служат како „празни етикети“ кои можат да доведат до конфузија во академските и практичните анализи (Colas, 1992).

Критичарите истакнуваат дека и покрај бројните обиди за дефинирање и концептуализирање на граѓанското содружништво, постои голем број на неразјаснети прашања во однос на неговата улога и функционирање во демократските режими и глобалниот контекст. Оваа книга има за цел да ги истражи современите употреби и значења на поимот, како и неговото влијание на демократските процеси и глобалната сцена.

Продолжи со читање

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор