Општа доверба и доверба во институциите 2021

Doverba2021

Довербата претставува клучен елемент на социјалниот капитал и игра значајна улога во формирањето на позитивни социјални врски и функционални општества. Во досегашните истражувања, а и во оваа студија, МЦМС се фокусираше на три аспекти: општата доверба кон луѓето (која опфаќа доверба во лица со слични карактеристики како соседи, колеги, сонародници, но и во непознати поединци) и довербата во институциите (формални структури на владеење во општеството). Во овој извештај се разгледуваат резултатите од анкетата „Довербата во институциите и граѓанското општество во Република Македонија“, која беше спроведена по деветти пат со национален репрезентативен примерок од граѓаните на Република Македонија. Целта на истражувањето беше да се оцени нивото на доверба на граѓаните во институциите и граѓанското општество.

Истражувањето беше извршено со телефонска анкета на репрезентативен примерок од 1007 испитаници, во периодот од 10 до 23 ноември 2021 година.

Прашалникот беше составен од прашања базирани на глобалните истражувања и социо-културните норми, вклучувајќи: Европската студија на вредности, Европскиот барометар и Цивикус – Индексот на граѓанското општество. Додатно, вклучени беа и прашања од претходните истражувања на МЦМС, кои се однесуваат на довербата и општествената одговорност на граѓаните.

Анкетата беше спроведена во ноември 2021 година на репрезентативен примерок од 1007 испитаници. Популациската рамка на примерокот беше население постаро од 18 години, а критериуми за репрезентативност беа: пол, етничка припадност, возраст, место на живеење и региони.

Од 1007 испитаници, 50,1% беа жени, а 49,7% мажи. Во однос на етничката структура, етничките Македонци беа застапени со 70,7%, етничките Албанци со 24,2%, додека останатите етнички групи беа застапени со 4,9%. Во однос на местото на живеење, селската популација беше застапена со 34,4%, градската со 38,0%, а градот Скопје со 27,6%.

Собраните податоци беа обработени со анализа на честотата и пропорцијата на одговорите. Податоците се со ниво на доверба од 95% и со грешка од +/- 3%. Резултатите се презентирани во графикони на ниво на целиот примерок. Освен со графикони, податоците се прикажани и во бројки. Додатно, се презентирани трендовите во однос на претходното истражување спроведено во 2018 година за споредливите податоци. Легендата на симболите за трендовите е вклучена во извршното резиме. За подобрување на анализата на податоците, употребени се и одредени индекси.

Продолжи со читање

  • Граѓанска вклученост 2024

    Облици на здружување во поддршка на граѓаните Црквите и верските заедници (23,1%) се најчесто наведениот облик на здружување за кој граѓаните сметаат дека најмногу придонесува за поддршка на нивните потреби, а политичките партии најретко (5,3%). Забележливи се регионални разлики: граѓанските организации се почесто посочени во Југозападниот (25%) и Пелагонискиот регион…

  • Доверба во граѓанското општество 2024

    Доверба во граѓанското општество  Во 2024 година, индексот на доверба во граѓанскиот сектор изнесува 42,9%, што претставува пад од 8,2 процентни поени во однос на 2021 година. По претходниот тренд на зголемување, довербата повторно е вратена на ниво под она од 2015 и 2013 година, укажувајќи на намалена доверба во…

  • Општа доверба и доверба во институциите 2024

    Довербата е клучна компонента на социјалниот капитал. Во досегашните истражувања, а и во ова, МЦМС разгледуваше два аспекти: општата доверба во луѓето (што вклучува доверба во сличните на себе, како соседи, колеги, сонародници, но исто така и во непознати лица) и довербата во институциите (формални институции на владеење во општеството)….

  • Главните достигнувања на програмата Civica Mobilitas 2019-2023

    Од својот почеток во 2009 година, програмата Civica Mobilitas, создадена и поддржана од Швајцарската агенција за развој и соработка (SDC) и Швајцарската амбасада во Северна Македонија, има значајна улога во развојот на граѓанското општество. Издавањето на оваа публикација е овозможено од Цивика мобилитас, проект на Влада-та на Швајцарија кој го…

  • Постигнувањата на грантистите на Цивика мобилитас: Институционални грантови

    Преку институционалните грантови од програмата Цивика мобилитас, во тековната фаза беа опфатени 30 граѓански организации кои, покрај нивното долгогодишно искуство и стручност во специфичните области на нивната работа, изразија потреба од континуирана поддршка за организациски развој и јакнење на капацитетите. Оваа поддршка е клучна за успешна реализација на нивните програмски…

  • Постигнувањата на грантистите на Цивика мобилитас: Акциски грантови

    Анализирајќи ги резултатите од акциските грантови поддржани од Цивика мобилитас, добиваме јасен преглед на актуелните социјални предизвици. Но, покрај тоа, овие проекти ја осветлуваат и патеката до потенцијалните решенија. Грантистите не се задоволиле само со идентификација на проблемите, тие, исто така, понудиле конкретни решенија и, во некои случаи, ги тестирале…

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор