Доверба во луѓето, институциите и граѓанското општество 2018

Doverba go luge institucii 2018

Доверба во луѓе и институции

  • Општата доверба во луѓето се уште е мнозинска со незначителни промени споредено со минатите години.
  • Потребата на луѓето да бидат внимателни во интеракцијата со другите бележи големо зголемување. Големо мнозинство на граѓани сметаат дека треба да се биде многу внимателен со други луѓе.
  • Умерено е зголемена довербата во соседите и сонародниците, наспроти падот на довербата во колегите.
  • Најголема доверба од страна на граѓаните уживаат банките и финансиските институции, потоа јавниот (државата) сектор и приватниот сектор. Mедиумите се единствениот сектор кој бележи умерен раст на довербата споредено со минатите години. Постојат разлики  во довербата на различни институции меѓу етничките Македонци кои имаат поголема доверба во државата и банките и финансиските институции, наспроти етничките Албанци кои најмногу веруваат во приватниот сектор и меѓународната заедница.
  • Довербата на граѓаните не е зголемена во ниту една од државните институции кои се предмет на анализа. Граѓаните имаат мнозинска и најголема доверба во Армијата и Полицијата, додека најмалку доверба уживаат Државната комисија за спречување корупција и судовите. Постојат значителни разлики во довербата во државните институции меѓу етничките Македонци и етничките Албанци.
  • Довербата на граѓаните во чинителите на меѓународната заедница е се уште мнозинска, и запрен е опаѓачкиот тренд кој започна во 2015 година. Етничките Албанци имаат значително повеќе доверба во сите чинители на меѓународната заедница во поглед на етничките Македонци како и симпатизерите на ДУИ и СДСМ во однос на симпатизерите на ВМРО-ДПМНЕкај кои е најниска довербата во меѓународната заедница.

Доверба во граѓанско општество

  • Интензитетот на опаѓачкиот тренд на довербата во граѓанското општество кој започна во 2015 г. е намален. Сепак, довербата во граѓанското општество незначително опадна во 2018 година и е на најниско ниво досега.
  • Довербата на граѓаните единствено е мнозинска кај црквите и верските заедници, а веднаш по нив следат здруженија и фондациите како и неформалните групи на граѓани. Од сите чинители на граѓанското општество, единствено неформалните организирања бележат умерено зголемување на довербата.
  • Највисока доверба уживаат организациите кои даваат социјална грижа, делуваат на полето на заштита на животната седина, човековите права, жените и родовите прашања.
  • Преовладува позитивното мислење на граѓаните за здруженијата и фондациите и покрај немнозинската доверба.
  • Мало малцинство граѓани сметаат дека организациите дејствуваат за да остваруваат јавен и/или поширок интерес и за остварување на заеднички општо добро. Овие ставови се совпаѓаат со неможноста на мнозинство граѓани да посочат организациски облик на здружување кој придонесува за личните потреби на граѓаните и на потребите на заедницата. Оние кои можат, прво ги посочуваат политичките партии а потоа граѓанските организации.
  • Мнозинството граѓани не можат да наведат пример на успешни граѓански организации што придонесуваат кон позитивни општествени вредности.
  • Најпрепознаени од страна на граѓаните се организациите кои работат во областа на заштита на човековите права и развојот на демократијата и владеење на правото.

Продолжи со читање

  • Граѓанска вклученост 2024

    Облици на здружување во поддршка на граѓаните Црквите и верските заедници (23,1%) се најчесто наведениот облик на здружување за кој граѓаните сметаат дека најмногу придонесува за поддршка на нивните потреби, а политичките партии најретко (5,3%). Забележливи се регионални разлики: граѓанските организации се почесто посочени во Југозападниот (25%) и Пелагонискиот регион…

  • Доверба во граѓанското општество 2024

    Доверба во граѓанското општество  Во 2024 година, индексот на доверба во граѓанскиот сектор изнесува 42,9%, што претставува пад од 8,2 процентни поени во однос на 2021 година. По претходниот тренд на зголемување, довербата повторно е вратена на ниво под она од 2015 и 2013 година, укажувајќи на намалена доверба во…

  • Општа доверба и доверба во институциите 2024

    Довербата е клучна компонента на социјалниот капитал. Во досегашните истражувања, а и во ова, МЦМС разгледуваше два аспекти: општата доверба во луѓето (што вклучува доверба во сличните на себе, како соседи, колеги, сонародници, но исто така и во непознати лица) и довербата во институциите (формални институции на владеење во општеството)….

  • Главните достигнувања на програмата Civica Mobilitas 2019-2023

    Од својот почеток во 2009 година, програмата Civica Mobilitas, создадена и поддржана од Швајцарската агенција за развој и соработка (SDC) и Швајцарската амбасада во Северна Македонија, има значајна улога во развојот на граѓанското општество. Издавањето на оваа публикација е овозможено од Цивика мобилитас, проект на Влада-та на Швајцарија кој го…

  • Постигнувањата на грантистите на Цивика мобилитас: Институционални грантови

    Преку институционалните грантови од програмата Цивика мобилитас, во тековната фаза беа опфатени 30 граѓански организации кои, покрај нивното долгогодишно искуство и стручност во специфичните области на нивната работа, изразија потреба од континуирана поддршка за организациски развој и јакнење на капацитетите. Оваа поддршка е клучна за успешна реализација на нивните програмски…

  • Постигнувањата на грантистите на Цивика мобилитас: Акциски грантови

    Анализирајќи ги резултатите од акциските грантови поддржани од Цивика мобилитас, добиваме јасен преглед на актуелните социјални предизвици. Но, покрај тоа, овие проекти ја осветлуваат и патеката до потенцијалните решенија. Грантистите не се задоволиле само со идентификација на проблемите, тие, исто така, понудиле конкретни решенија и, во некои случаи, ги тестирале…

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор