Доверба во граѓанското општество 2021

Doverba Vo Go 2021

Во овој извештај се презентирани резултатите од анкетата „Ниво на доверба во институциите и граѓанското општество во Република Северна Македонија“, спроведена по десетти пат на национално репрезентативен примерок на граѓаните на Република Северна Македонија. Основната цел на ова истражување беше да се анализира степенот на доверба што граѓаните го имаат кон институциите и граѓанското општество.

Оваа година, извештајот е подготвен во рамките на програмата за поддршка на граѓанското општество „Цивика мобилитас“, финансирана од Швајцарската амбасада, и е реализиран од Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС). МЦМС го довери спроведувањето на анкетата на агенцијата М-проспект, која беше одговорна за методолошката коректност на истражувањето. Повеќе информации за МЦМС и програмата „Цивика мобилитас“ се наведени на крајот на извештајот.

Во македонската јавност, концептот на граѓанското општество не е единствено дефиниран во стручните кругови. За потребите на овој извештај, применета е дефиницијата од Цивикус – Индексот на граѓанското општество во Северна Македонија (МЦМС, 2009). Според оваа дефиниција, „Граѓанското општество е дел од општествениот простор надвор од семејството, државата и пазарот, создаден од индивидуални и колективни акции, организации и институции со цел постигнување на заеднички интереси.“

Според оваа дефиниција, во граѓанското општество се вклучуваат здруженија и фондации, стопански комори, организации на работодавачи, синдикати, политички партии и верски заедници.

Истражувањето беше спроведено преку телефонска анкета на национално репрезентативен примерок од 1012 испитаници во периодот од 1 до 15 декември 2023 година.

Прашањата беа изработени од работната група на МЦМС, а за постигнување на целите на истражувањето, прашалникот опфати следниве варијабли:

  • Доверба – општо (социокултурни норми);
  • Доверба во граѓанското општество;
  • Доверба во граѓанските организации;
  • Познавање и ставови за граѓански организации во Северна Македонија;
  • Толеранција;
  • Социодемографски карактеристики.

Продолжи со читање

  • Граѓанска вклученост 2024

    Облици на здружување во поддршка на граѓаните Црквите и верските заедници (23,1%) се најчесто наведениот облик на здружување за кој граѓаните сметаат дека најмногу придонесува за поддршка на нивните потреби, а политичките партии најретко (5,3%). Забележливи се регионални разлики: граѓанските организации се почесто посочени во Југозападниот (25%) и Пелагонискиот регион…

  • Доверба во граѓанското општество 2024

    Доверба во граѓанското општество  Во 2024 година, индексот на доверба во граѓанскиот сектор изнесува 42,9%, што претставува пад од 8,2 процентни поени во однос на 2021 година. По претходниот тренд на зголемување, довербата повторно е вратена на ниво под она од 2015 и 2013 година, укажувајќи на намалена доверба во…

  • Општа доверба и доверба во институциите 2024

    Довербата е клучна компонента на социјалниот капитал. Во досегашните истражувања, а и во ова, МЦМС разгледуваше два аспекти: општата доверба во луѓето (што вклучува доверба во сличните на себе, како соседи, колеги, сонародници, но исто така и во непознати лица) и довербата во институциите (формални институции на владеење во општеството)….

  • Главните достигнувања на програмата Civica Mobilitas 2019-2023

    Од својот почеток во 2009 година, програмата Civica Mobilitas, создадена и поддржана од Швајцарската агенција за развој и соработка (SDC) и Швајцарската амбасада во Северна Македонија, има значајна улога во развојот на граѓанското општество. Издавањето на оваа публикација е овозможено од Цивика мобилитас, проект на Влада-та на Швајцарија кој го…

  • Постигнувањата на грантистите на Цивика мобилитас: Институционални грантови

    Преку институционалните грантови од програмата Цивика мобилитас, во тековната фаза беа опфатени 30 граѓански организации кои, покрај нивното долгогодишно искуство и стручност во специфичните области на нивната работа, изразија потреба од континуирана поддршка за организациски развој и јакнење на капацитетите. Оваа поддршка е клучна за успешна реализација на нивните програмски…

  • Постигнувањата на грантистите на Цивика мобилитас: Акциски грантови

    Анализирајќи ги резултатите од акциските грантови поддржани од Цивика мобилитас, добиваме јасен преглед на актуелните социјални предизвици. Но, покрај тоа, овие проекти ја осветлуваат и патеката до потенцијалните решенија. Грантистите не се задоволиле само со идентификација на проблемите, тие, исто така, понудиле конкретни решенија и, во некои случаи, ги тестирале…

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор