Кинеска мудрост во долината на Радика
Вештините на рачна изработка, кои со векови се пренесуваат од генерација на генерација, и во современи услови на живеење може да овозможат економска корист. Токму таков е примерот со жените од реканскиот крај. Тие, својот талент и креативност го користат за да станат финансиски самостојни и да се чувствуваат општествено продуктивни. Оваа видео приказна го доловува неисцрпното богатство и традиција што ја негуваат реканските жени, кои по своите производи се веќе познати и во земјата и во странство.
Сторијата е изработена во рамки на проектот „Известување за граѓанското општество и неговото влијание врз промените во општеството“, што го спроведува Македонскиот институт за медиуми во партнерство со Центарот за истражувачко новинарство – СКУП Македонија, со финансиска поддршка од програмата Цивика мобилитас.