Mzmp

Јавен повик за поднесување концепти за стручни статии за седмото издание на „Правен фокус”

Македонско здружение на млади правници (МЗМП), во рамки на проектот “Јакнење на идните правни лидери за владеењето на правото во дигиталната ера” поддржан од Амбасадата на Кралството Холандија во Скопје објавува 

ЈАВЕН ПОВИК 

за поднесување концепти со опис и идеја за стручни статии за седмото издание од списанието “Правен фокус” 

  1. Опис и цели на проектот 

Проектот “Јакнење на идните правни лидери за владеењето на правото во дигиталната ера”е акција поддржана од Амбасадата на Кралството Холандија во Скопје. Истиот ќе се спроведува во период од март 2026 година до декември 2027 година од страна на Македонското здружение на млади правници. 

Општата цел на проектот е да придонесе кон поотпорно и дигитално свесно општество во Северна Македонија преку зајакнати правни лидери кои го унапредуваат владеењето на правото, интердисциплинарната соработка и застапувањето засновано на докази.  

Специфични цели на Проектот се: (1) Зголемен капацитет за застапување засновано на докази и дијалог за јавни политики за дигитални права, со цел поддршка на информирани иницијативи за унапредување на законодавството и правното образование; (2) Генерација на млади правни лидери зајакнати со експертиза во областа на дигитални права, кои соработуваат  со врсници од ИТ секторот за развој на иновативни решенија и поттикнување позитивно влијание во заедницата; (3) Зголемена јавна свест и разбирање на дигиталните права, безбедноста на интернет и одговорното користење на дигиталните алатки, особено кај ранливите групи. 

  1. Опис и цел на стручното списание  

Целта на списанието е создавање професионален форум за објавување на стручни статии кој ќе послужи како медиум, каде правничкото мислење и визијата на младите правници во однос на клучни прашања поврзани со човековите права и владеење на правото, можат да бидат артикулирани на кохерентен и методичен начин. Списанието ќе промовира дебата за тековните процеси во областа на правото, а воедно ќе поттикне критичко размислување и идеи за понатамошно подобрување на нашиот правен систем на таков начин каде што ќе се обезбедат и гарантираат човековите права и владеењето на правото. 

Со цел да се обезбеди високо ниво на квалитет на статиите, тие ќе бидат уредувани и рецензирани од страна на Уредувачки одбор. Истите ќе ги  разгледуваат статиите од аспект на методолошка конзистентност, академска прецизност и форматирање на текстот. Секоја правна статија ќе биде ограничена до 3.500 зборови.   

  1. Tема и области на пишување во седмото издание од Списанието  

Седмото издание на списанието „Правен фокус“ ќе биде на теми поврзани со дигиталните права и влијанието на новите технологии врз заштитата на човековите права, со фокус на актуелни правни прашања и новонастанатите предизвици во дигиталната сфера.  

Апликантите треба да аплицираат со концепти со опис и идеја за статија на наведената тема. Концептите кои нема да да бидат во рамки на поставената тема, како и статиите кои нема да бидат изготвени согласно посочените инструкции за пишување на концептот во точка 4 нема да бидат селектирани. 

  1. Инструкции за пишување на концептот 
  • Концептите треба да бидат напишани на македонски јазик; 
  • Концептите треба да содржат до 400 зборови (не вклучувајќи ги фуснотите); 
  • Концептите да бидат на теми наведени во точка 3 од овој јавен повик; 
  • Концептите треба да дадат јасен и прецизен преглед на темата што е предмет на концептот; 
  • Насловот да не содржи повеќе од 20 зборови да биде со големи букви и да не содржи кратенки. 
  • Концептите треба да бидат изработени во компјутерска техника, со користење на фонт Times New Roman, со големина на букви 12 и проред 1.5 за основен  текст, со големина на букви 10 со проред 1 за текст во фусноти; 
  • Концептите треба да бидат испратени во word документ. 
  1. Услови за аплицирање 
  • Дипломиран правник на возраст до 35 години; 
  • Интерес во областа на човековите права; 
  • Кандидатот да не е избран за пишување стручна статија за шестото издание на списанието “Правен фокус”; 
  • Кандидатот да нема објавено повеќе од две статии во претходните изданија на списанието “Правен фокус”; 
  • Задолжително присуство на дводневна обука за академско пишување организирана од МЗМП, пред започнување на процесот на пишување на стручната статија; 
  • По објавувањето на списанието, доколку авторот биде поканет, да присуствува на настан организиран од МЗМП и да ги презентира наодите, заклучоците и препораките од стручната статија. 
  1. Постапка и правила за пријавување, рок и избор  

Секој млад правник кој ги исполнува утврдените критериуми има право да аплицира на овој јавен повик, најдоцна до 10.06.2026 година. Апликациите се поднесуваат по електронски пат на следниот начин:  

  • Пополнување на онлајн формулар –  кликнете ТУКА.  
  • Доставување на концепт со опис и идеја за стручна статија на следата адреса: ashumkoska@myla.org.mk  

Пристигнатите концепти ќе бидат евалуирани од страна на стручна комисија. Доколку концептот е прифатен ќе бидете известени. Кандидатите кои се избрани ќе треба да достават доказ за завршен правен факултет (диплома или уверение). На авторите ќе им биде испратен водич за пишување на правни статии подготвен од страна на Уредувачкиот одбор. 

Избраните статии ќе бидат објавени во седмото издание на стручното списание “Правен фокус”. Бројот на статии кои ќе бидат селектирани е ограничен. 

  1. Права од интелектуална сопственост 

Со кандидатите кои што ќе се изберат, ќе биде потпишан договор за авторско дело. Дополнително, авторите ќе треба да потпишат изјава со која што ќе потврдат дека трудот не бил претходно објавен на друго место и во моментот не е поднесен за објавување на друго место. 

За избраните кандидати предвиден е надомест во бруто износ од вкупно 12.000 денари.  

  1. За Македонското здружение на млади правници 

МЗМП е невладина организација формирана со цел зајакнување на придонесот на младите правници во унапредување на правничката професија, заштита на човековите права и слободи и промовирање на владеењето на правото во Република Северна Македонија. Една од стратешките цели на МЗМП е зголемување на влијанието на младите правници во остварување на владеењето на правото, дигиталните права и справување со ризиците од новите технологии преку практикантски програми, обуки, менторство и застапување за осовременување на правничкото образование. 

Од своето основање, МЗМП вложува во капацитетите на младите правници со цел создавање генерации кои ќе се залагаат за владеење на правото, човековите права и активно учество во процесите на одлучување. Преку практикантската програма, пишување стручни статии, организација на стручни настани и воспоставувањето партнерства, младите правници стекнуваат практични вештини, развиваат критичко мислење и добиваат можност непосредно да го согледаат и тестираат функционирањето на правниот систем. Ова станува особено значајно во услови на брза дигитална трансформација, кога заканите за нарушување на дигиталните права и приватноста се зголемуваат, а правното образование ретко ги опфаќа овие теми. МЗМП работи и на едукација на граѓаните со пониско ниво на дигитална писменост, обезбедувајќи поддршка за ранливите категории да ги разберат и заштитат своите права во дигиталниот простор. 

На овој начин, МЗМП продолжува да придонесува кон создавање општество во кое правото ги следи современите предизвици, а човековите права се ефективно заштитени и во дигиталната сфера. 

  1. Дополнителни информации: 

Доколку имате дополнителни прашања може да не исконтактирате преку следното лице за контакт: 

Ангела Силјаноска Шумкоска  

Е-пошта: ashumkoska@myla.org.mk  

Тел.: 072 223 963 

Сите изданија од списанието “Правен фокус” може да ги погледнете на  веб страната на МЗМП – https://myla.org.mk/analizi/ 

The post Јавен повик за поднесување концепти за стручни статии за седмото издание на „Правен фокус” appeared first on Myla.

Оваа вест изворно е објавена на веб-страната на Македонско здружение на млади правници

Продолжи со читање

  • Јавен повик за избор на експерт(к)и за мониторинг на ефикасноста на управното судство во заштита на животната средина

    Македонското здружение на млади правници (МЗМП) објавува јавен повик за избор на двајца/две експерт(к)и за изработка на Извештај за мониторинг на ефикасноста на управното судство во заштита на правата од областа на животната средина во рамки на проектот „Зајакнато граѓанско учество во заштита на животната […]
    The post Јавен повик за избор на експерт(к)и за мониторинг на ефикасноста на управното судство во заштита на животната средина appeared first on Myla.

  • Повик за нови членови на Управниор одбор на МОФ

    Врз основа на член 19 и 27 од Статутот на Младинскиот образовен форум, како и врз основа на одлука на Претседателот на Младински образовен форум донесена на 01.10.2026 година, на 01.10.2026 се распишува ПОВИК за нови членови на Управниот одбор Повикот се распишува за избор на нов состав на Управниот одбор на Младински образовен форум […]
    The post Повик за нови членови на Управниор одбор на МОФ appeared first on МОФ.

  • Повик за учество во иницијативата за проценка на деловен интегритет: Станете дел од Белата книга за деловен интегритет!

    Дали вашата компанија негува високи етички стандарди, транспарентност и политики за заштита од корупција?
    Ги покануваме сите одговорни и визионерски компании во Република Северна Македонија да се пријават и да бидат дел од процесот на мапирање и проценка на деловниот интегритет.

  • Youth Climate Diplomacy Forum – Skopje Local Point: Повик за млади за климатска акција и дипломатија

    Младите се важен дел од разговорот за климатските промени и иднината на животната средина. Тие не се само идни носители на промени, туку и активни учесници во процесите што се одвиваат денес. Токму затоа, Eco Logic – Скопје, во партнерство со Youth Climate Diplomacy Forum (YCDF), го организира презентацискиот и промотивниот настан за YCDF Skopje […]

  • Отворен повик за учесници: Обука за млади граѓански двигатели

    RISE Balkans Зајакнување на гласот на младите: одговорност, интегритет, солидарност и граѓанско ангажирање на Балканот Отворен повик за учесници: Обука за млади граѓански двигатели Регионалниот проект RISE Balkans бара мотивирани и ангажирани млади луѓе кои ќе се приклучат на возбудлива програма за лидерство меѓу врсници – Млади граѓански двигатели. Избраните учесници ќе бидат обучени како фасилитатори на Клиниките за добро владеење – интерактивни, тематски работилници кои се дизајнирани да го доближат владеењето до граѓаните и…

  • [ПОВИК] Advocacy Lab: Од проблем до застапувачка акција

    Мобилизација заснована на податоци и консултации со граѓаните Пријави се за дводневната онлајн програма на 28 и 29 септември, од 15:00 до 19:00 часот, и запознај се со практични алатки за застапување, вклучување на граѓаните и поттикнување општествени промени. Како да го препознаеме проблемот што сакаме да го решиме? Како да ги разбереме искуствата на […]
    The post [ПОВИК] Advocacy Lab: Од проблем до застапувачка акција appeared first on МОФ.

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор