Одржана втора обука за обучувачи: „Корупција во здравството – родови перспективи“
На 4 февруари 2026 година, во Паблик Рум – Скопје, ЕСЕ ја спроведе обуката за тренери (повторување) под наслов „Намалување на корупцијата во здравството: Родови перспективи“, на која учествуваа 11 лица.
Обуката беше наменета за претставници на граѓански организации, кои се стекнаа со инструкции и вештини за пренесување на знаење, како и за организација на 80 работилници помеѓу жени, со цел оспособување на жените за препознавање, одбивање и пријавување на корупцијата во здравството.
Во текот на обуката беше презентиран и детално разгледан прирачникот за спроведување на работилници помеѓу жени (структура и содржини на работилниците, организација, формулари и теоретска основа за обучувачите).



![[Aggregator] Downloaded image for imported item #44690](https://civicamobilitas.mk/wp-content/uploads/2026/02/tot-2-expertise-5.jpg)