Граѓаните за промена #23

ОКТОМВРИ-ДЕКЕМВРИ 2025 | Преземи го магазинот
Magazine 23 mk

Во фокусот на овој број на Граѓаните за промена е граѓанското учество. Тема која граѓанските организации и во овој квартал не само што ја дискутираа туку и ја практикуваа.

Колегите од ПроЛокал, од Битола, тоа го правеа на регионално и на локално ниво, во цела Пелагонија. Заедно со партнерите од секторот и општините од регионот, тие ги вклучија младите чии предлози и анализи придонесоа за креирањето на пофер локални политики за сите девет општини. „Овие решенија не се напишани зад затворени врати, туку се резултат на процес во кој младите самите ги лоцираа проблемите“ вели Емилиа Ѓероска од „Про Локал“.

Активистки од локалните заедници и претставнички на женски организации, организирани од „Акција Здруженска“ – Скопје, дојдоа во Собранието за официјално да ги презентираат своите барања пред народните избранички. Тие побараа промени во Законот за локална самоуправа со кои ќе овозможат повеќефазна постапка за учество на граѓаните, со посебен фокус на гарантирано учество на жените.

Центарот за климатски промени го објави Извештајот во сенка за Поглавјето 27 кој открива дека состојбата со животната средина ни е ôд во место. Тие апелираа до Владата, Собранието и надлежните институции за итно усвојување на заглавените закони од Поглавје 27 и обезбедување стабилно финансирање за секторот животна средина и порачаа дека последиците од институционалната пасивност директно ги чувствуваат граѓаните преку влошување на здравјето и деградација на природните ресурси.

Како поддршка на сите иницијативи на граѓанските организации, особено кога е во прашање граѓанското учество, Цивика мобилитас го организираше вториот Национален форум – Саем на граѓански организации во соработка со Владата на РСМ. Изјавите на претставниците на централната власт беа и повеќе од охрабрувачки за соработката и учеството на граѓанските организации. Премиерот Мицкоски ја пренесе визијата на Владата за граѓанскиот сектор како силен, независен, професионален и одржлив кој е вистински партнер во креирањето и реализацијата на државните политики. „Сектор кој ја засилува демократијата, ги штити правата на граѓаните, ја следи работата на институциите и помага да се затвори јазот меѓу институциите и народот“, рече тој.

Она што ни останува на сите е многу работа со која ќе ги убедиме скептиците дека граѓанското учество не е само уште една од „популарните“ теми на граѓанските организации туку е наша одговорност како граѓански организации и како граѓани. Да бидеме свесни дека нашето учество во заедницата, на работа, во институциите, може да направи промена само ако го има. Процесите во кои учествуваат поголем број граѓани создаваат пореални политики затоа што вклучуваат различни перспективи. Нашата активност го прави општеството поправедно, посилно и поодржливо.

Продолжи со читање

  • Граѓаните за промена #22

    ЈУЛИ-СЕПТЕМВРИ 2025 | Преземи го магазинот Ајде да решиме заедно! „Овие протести покажаа дека храброста и истрајноста можат да променат многу. Од борба за воздух – до пример за човечност и заедништво. Нека ова биде инспирација и за другите иницијативи низ Македонија“,  вака им се обрати на собраните граѓани еден…

  • Граѓаните за промена #21

    АПРИЛ-ЈУНИ 2025 Новиот број на Граѓаните за промена #21 магазинот е посветен на овоможувачката околина. Граѓанските организации и нивниот придонес во програмите на кандидатите на локалните избори „Ни треба институционална култура за слушање на гласот на сите граѓани и сите ранливи групи“ – рече еден од граѓанските активисти, учесници на…

  • Граѓаните за промена #20

    ЈАНУАРИ-МАРТ 2025 Во овој број посветен на граѓанското учество, ги носиме приказните на оние кои не се помируваат со статус кво. Од Битола до Скопје, низ конференции, обуки, маршеви и локални анализи, граѓанскиот сектор ја води својата и битката на оние кои ги застапува за поинклузивно, одговорно и одржливо општество….

  • Граѓаните за промена #19

    ОКТОМВРИ-ДЕКЕМВРИ 2024 Добредојдовте во новиот број на Граѓаните за промена #19, со фокус на Граѓански ангажман. „Убеден сум дека во дијалог со невладините организации ќе можеме да градиме подобри политики, ќе можеме да носиме поквалитетни одлуки за одредени сфери од општеството“. Ова беше една од пораките на премиерот Мицковски испратена…

  • Граѓаните за промена #18

    ЈУЛИ – АВГУСТ 2024 Добредојдовте во новиот број на Граѓаните за промена, со фокус на овозможувачката околина. „Нема напредок во сеопфатната реформа на рамката за државно финансирање на граѓанските организации“–ова е старо-новата констатација на Извештајот за овозможувачка околина за 2023 година што беше објавен минатиот месец. Се разбира, ова не…

  • Граѓаните за промена #17

    АПРИЛ – ЈУНИ 2024 Добредојдовте во новиот број на Граѓаните за промена. Првата порака за животната средина на која се сеќавам, ми се обраќаше од еден календар од „Наш Свет“, интересно, информативно и едукативно четиво за основци. На секоја страна имаше фотографии од различни птици, а пораката беше „Спасете не,…

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор