[Aggregator] Downloaded image for imported item #44277

Повик за учество на новинарска работилница: Етички дилеми и вештачка интелигенција во новинарството

Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) организира тродневна новинарска работилница од 26.02 до 28.02.2026 година во Штип,  посветена на етичките дилеми во новинарството во ерата на вештачката интелигенција (AI), со фокус на влијанието на новите технологии врз современата новинарска пракса.

Целта на работилницата е да поттикне професионална и критичка дебата за тоа како вештачката интелигенција влијае врз процесите на собирање, производство и дистрибуција на вести, како и за можностите за усогласување на овие технолошки развои со постојните етички и редакциски стандарди.

Преку оваа работилница, новинарите и уредниците ќе имаат можност да развијат практично знаење и алатки за одговорно, транспарентно и етичко користење на AI технологии во редакциите. Посебен акцент ќе биде ставен на европските иницијативи за одговорна употреба на вештачката интелигенција, заштита на човековите права, алгоритамска транспарентност и борба против дезинформации.

Преку дискусии, студии на случаи и практични примери, учесниците ќе имаат можност да разменат искуства и да дискутираат за реални етички дилеми со кои се соочуваат новинарите во ерата на вештачката интелигенција.

Предност во процесот на пријавување и селекција на учесници ќе имаат млади новинари и колеги кои досега немале можност да бидат дел од ваков тип на работилници.

Сите трошоци за учесниците (транспорт, сместување и храна) ќе бидат покриени од страна на организаторот.

Начин и рок на аплицирање

Заинтересираните треба да ја достават својата апликација (кратка биографија и писмо за мотивација за учество, не повеќе од една страна) преку електронска пошта на следнава адреса bnasteska@znm.org.mk

Крајниот рок за доставување на апликации е 16.02.2026 година (понеделник) до 24ч, ЦЕВ. Лице за контакт и дополнителни информации: Билјана Настеска – Каланоска, 02/3298-139

Оваа вест изворно е објавена на веб-страната на Здружение на новинари на Македонија (ЗНМ)

Продолжи со читање

  • Честит 8ми Март

    На ден пред меѓународниот ден на жената 8ми Март, на 7.3.2026 год. (сабота) извидниците од Велес изработија честитки кои ќе бидат доделени на своите мајки, баби и тетки, а и на сограѓанките на Велес. Со ова членовите на извиднички одред “Димитар Влахов“ – Велес ке го честитаат празникот 8ми март…

  • 28 години братско живеење

    Пред дваесет и осум години, на 7 март во 1998 година на свечената Академија одржана во Големата сала на Општина Велес, а по повод 45 годишнината на извидничкиот одред “Димитар Влахов“ – Велес се изврши збратимувањето на извидничкиот одред “Димитар Влахов“ со извидничкиот одред “Мија Станимировиќ“ од Ниш – Република…

  • Клучната улога на образованието во промоција на одржливинавики за управување со био отпадот

    Со зголемувањето на еколошките предизвици, важноста на едукацијата за управување со отпад станува сè поголема. Човечките активности значително придонесуваат за деградација на животната средина, со последици како глобално затоплување, загадување на водите и почвата и губење на биодиверзитетот. Иако технологијата и политиките играат значајна улога во решавањето на овие проблеми, образованието останува клучен инструмент за […]

  • „Снаоѓање“ или корупција? Неформални плаќања, врски и подароци во здравствениот систем

    Овој извештај е подготвен во рамките на проектот „Посилни системи, поправедна грижа: елиминација на корупцијата во здравството“. Целта на овој 18-месечен проект е да се идентификуваат проблеми со корупцијата во здравствениот систем на Северна Македонија и преку поттикнување поголема транспарентност, отчетност и родово чувствително управување да се унапреди еднаквиот пристап…

  • Повик за прибирање на понуди за сместување и одржување на обуки

    Здравствениот систем во Северна Македонија со години се соочува со сериозни предизвици поврзани со коруптивни практики, кои го намалуваат квалитетот и пристапноста на здравствените услуги. Истражувањата укажуваат дека граѓаните, а особено жените од маргинализираните заедници, често се изложени на директни или индиректни барања за неформални плаќања, непотизам и дискриминација при…

  • Повик за ангажман на Експерт/Експертка за едукација на новинари и известување за корупцијата во здравството

    Здравствениот систем во Северна Македонија со години се соочува со сериозни предизвици поврзани со коруптивни практики, кои го намалуваат квалитетот и пристапноста на здравствените услуги. Истражувањата укажуваат дека граѓаните, а особено жените од маргинализираните заедници, често се изложени на директни или индиректни барања за неформални плаќања, непотизам и дискриминација при…

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор