|

ЗДРУЖЕНИЕ ЗА СОЦИЈАЛНИ И КУЛТУРНИ АКТИВНОСТИ ЦЕНТАР ЗА КРЕАТИВНИ КОМУНИКАЦИИ СКОПЈЕ

Вкупен буџет: 330.000 денари

Времетраење: 01.01.2021. – 30.06.2021 (6 месеци)

КОНСТИТУЕНТИ

Националниот сојуз на слепи на Република Северна Македонија, Здружението на граѓани за европска социјални инклузија ЕСИ НЕЛИС, Здружение на слепи и лица со оштетен вид – Скопје се здруженија на кои примарната цел им е заштита и  овозможување поддршка на слепи и лицата со оштетен вид. Токму на овој проект заедно со нив, нашето здружение и остатите соработници ќе понудиме  поинаков вид на поддршка на оваа ранлива група на граѓани и пристап кој досега во Македонија не е применет.

ЗА ПРОЕКТОТ ПОДДРЖАН ОД ЦИВИКА МОБИЛИТАС

Поддршка на слепите лица и лицата со оштетен вид

ЗА ШТО Е ПОТРЕБНА АКЦИЈАТА

Содржините пласирани во медиумите, многу малку или воопшто не ги содржат информациите неопходни за оваа група на лица со попреченост. Ваквото информирање е од круцијално значење за олеснување на нивно секојдневно функционирање, како на пример: недостапност на телефонски броеви на мобилни екипи на Црвен Крст, броеви за нарачка на храна и лекови, обезбедување на специјални помагала, мобилни апликации за паметни телефони итн.

Овој проект ќе биде единствена можност во континуитет да се чуе нивниот “глас во медиумите“!

Испраќање на конкретни пораки и информации потребни на лицата од оваа социјално загрозена категорија ќе ја подигне и јавната свест за проблемите со кои се соочуваат овие лица, членовите на нивните потесни семејства т.е. лицата кои ги придружуваат.

ЦЕЛИ И РЕЗУЛТАТИ

Општа цел: Општата цел на оваа акција е подигање на јавната свест за проблемите и предизвиците со кои се соочуваат слепите и лицата со оштетен вид во општеството и нивното секојдневие!

Специфична цел:

  • Информирање на слепите и лицата со оштетен вид;
  • Информирање на општата популација за сите предизвици со кои се соочуваат слепите и лицата со оштетен вид во Македонија;
  • Потикнување на институциите и локалната самоуправа во вклучувањето на оваа ранлива група при донесувањето на одлуки на државно или локално ниво;

РЕЗУЛТАТИ

  1. Релевантно, правовремено, масовно и редовно информирање на слепите лица и лицата со оштетен вид.
  2. Подигнување на јавната свест за проблемите со кои се соочуваат лицата со попреченост.
  3. Дирекна комуникација на лицата со попреченост со одговорните лица чии  одлуки на државно и локално ниво можат директно да влијаат за олсенување на секојдневното функционирање на оваа ранлива група.
  4. Можност редовно и јавно да бидат искажани сите проблеми со кои се соочуваат овие лица.

АКТИВНОСТИ

  1. Во период од шест месеци, еднаш неделно, во времетраење од еден час, ќе се емитува специјална контактна радио емисија наменета за информирање на слепи и лица со оштетен вид, нивна заштита, проблемите со кои се соочуваат, технолошките достигнувања и уреди, апликации за секојдневна употреба за олеснување во нивната мобилност.
  2. Покрај водителот ќе имаме и редовен гостин од здруженијата кои од прва рака ќе зборуваат за своите актуелни проблеми и прашања, како и гости од локалната самоуправа (градоначалници, претседатели на совети на локалната самоуправа), ресорните министерства, офталмолози, психолози итн.
  3. Вкупно ќе бидат емитувани 26 емисии. За секоја емисија ќе биде подготвена посебна тема, која се однесува на проблемите со кои се соочуваат слепите и лицата со оштетен вид.

Веб страна

Продолжи со читање

  • Центар за граѓанска иницијатива – Прилеп

    Вкупен буџет: 5.347.857 МКД Период на реализација: 1 јули 2024 – 30 јуни 2026  година Специфична тема: Родова еднаквост Партнери: Конституенти: Проектот е насочен кон различни групи и актери во Пелагонискиот регион, со специфичен фокус на маргинализираните заедници и клучните чинители вклучени во промовирањето на социјалните промени и справувањето со…

  • Хелсиншки комитет за човекови права – Скопје

    Вкупен буџет: 5.547.802 МКД Специфична тема: Социјална инклузија Период на реализација:  1 јули 2024 – 30 јуни 2026 година Партнери: Конституенти: Жените од маргинализирани заедници во Скопскиот плански регион кои се во поголем ризик од нееднаков третман поради нивна специфична положба или лична карактеристика. Посебен фокус ќе се стави на…

  • ФИНАНЦЕ ТХИНК – Институт за економски истражувања и политики, Скопје

    Вкупен буџет: 5.600.000 МКД Период на реализација: 1 јули 2024 – 31 октомври 2026 година Специфична тема: Образование Партнери: Конституенти: Граѓани, жители на Скопскиот регион; млади од Скопскиот регион; носители на политики за образование, здравство, економски, социјални и политики за млади (МОН, БРО, МЗ, ИЈЗ, МТСП, АВРМ, МФ, МЕ и…

  • Центар за ресурси во животната средина (РЕЦ) – Северна Македонија Скопје

    Вкупен буџет: 5.500.000 МКД Период на реализација: 1 јули 2024 – 31 октомври 2026 година Специфична тема: Климатски промени/ Животна средина Партнери: Конституенти:  Учениците од 7до 9 одделение од Општинските основни училишта (ООУ) на Скопскиот регион, како идни двигатели во општеството. Учениците и околу 2500 граѓани ќе имаат пристап до корисни печатени…

  • Центар за развој и промоција ПРОМО ИДЕА – Струмица

    Вкупен буџет: 5.589.950 МКД Период на реализација:  1 јули 2024 – 31 август 2026 година Специфична тема: Млади Партнери: Конституенти:  Младите во Југоисточниот регион на Република Северна Македонија, поделени во две подгрупи: од 18 до 21 година и од 21 до 29 години, независно од нивниот социоекономски статус, вклучувајќи ученици, студенти, фриленсери,…

  • Центар за помош на лица со ментален хендикеп ПОРАКА Неготино

    Вкупен буџет: 5.600.000 МКД Период на реализација:  1 јули 2024 –  30 јуни 2026 година Специфична тема: Социјална инклузија Партнери: Конституенти: Семејства и лицата со попреченост, организации на лицата со хендикеп како и лекарските – медицински установи. Засегнатите страни ги опфаќаат лицата со попреченост, старателите, здравствените работници, организациите во заедницата…

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор