Здружение на лекари специјализанти

Здружение на лекари специјализанти

Вкупен буџет: 3.815.091 денари

Времетраење: 10 месеци

Партнери:

  • Здружение за здравствена превенција и социјална заштита на граѓаните ПРЕВЕНТУС;
  • Здружение на студенти од Медицински факултет: Европска медицинска студентска асоцијација на Македонија;

Конституенти: Социјално загрозени граѓани, вклучувајќи ја ромската популација со посебен акцент на младите, како и корисниците на социјална парична помош.

За проектот поддржан од Цивика мобилитас: И ти си важен!

Опис на акцијата

Согласно моменталната правна легислатива во РСМ, здравствената заштита и услугите на јавно здравствените установи се бесплатни и достапни за сите категории на граѓани. Како и да е во пракса се соочуваме со поинаква ситуациона состојба. Според истражувањата направени од OPEN SOCIETY FOUNDATION, дури 95% од анкетираните припадници на ромската популација во еден или повеќе наврати, биле дискриминирани и нивните права на здравствена заштита биле ускратени. Овој тип на дискриминација е особено потенциран кај женската популација, при остварување на правата на репродуктивно здравје. Ниското ниво на здравствена писменост, како и недостатокот на социјална инклузија, доведува до дефицит на информации поврзани со здравјето, тестирања, превентивни прегледи и сл., кои се достапни за останатите категории на граѓани. Од друга страна граѓаните кои живеат во руралните средини, кај кои е тешка инклузијата во рамките на мрежата на примарна здравствена заштита, остануваат ускратени од ваквите услуги, па често ги одложуваат прегледите, што доведува до влошување на нивната здравствена состојба. Ваквиот тип на пациенти се среќаваат во терциерното здравство, најчесто во терминална фаза на нивното заболување, кога опциите за третман се лимитирани и исходот е неповолен.

Цели и резултати

Општа цел: Зајакнување на мрежата на здравствена заштита и достапноста на здравствените услуги кај ранливите категории.

Специфична цел: Пружање на медицински услуги на терен кај 4000 граѓани опфатени со оваа акција во тек на 10 месеци, како и нивна едукација за користење на веќе постоечките здравствени капацитети во државата.

Резултати:

  1. Спречување на компликации на болести со навремено откривање на здравствените состојби со соодветно упатување на ранливите категории во институциите во здравствениот систем.
  2. Подигнување на општата здравствена писменост на индивидуи од социјално ранливи категории.
  3. Надградување на вештините за комуникација на здравствените работници согласно нивото на општа и здравствена писменост.

Активности

  • Теренски посети – здравствени прегледи
  • Превентативни медицински прегледи во домовите на социјално загрозени лица
  • Обезбедување на медицински помагала, лекови за кои не е потребен рецепт и презервативи
  • Организирање на едукативни работилници за лекари
  • 100 Теренски посети за унапредување на општата здравствена писменост
  • Појаснување на индивидуалната здравствена состојба прилагодена на личните потреби
  • Обезбедување на информации за здравствените капацитети за превенција и добивање на здравствени услуги
  • Запознавање со начинот за остварување на правата на пациентите и давање совети за постапување при нивно прекршување
  • 80 Бесплатни стоматолошки прегледи и интервенции

Веб страница

https://zls.com.mk

https://www.facebook.com/ZLSpecijalizanti

Продолжи со читање

  • Институт за општествени и хуманистички науки – Скопје

    Вкупен буџет: 4.074.200 денари Времетраење: 10 месеци Партнери: За проектот поддржан од Цивика мобилитас: Преку деполаризација до демократски, стабилни и вклучувачки институции: Придонес на граѓанското општество Опис на акцијата SIGMA (OECD/EU) извештајот за 2021, посветен на капацитетите на јавниот сектор во Северна Македонија дава крајно неповолна слика за капацитетите на…

  • Асоцијација Иницијатива за социјална промена ИнСоК – Скопје

    Вкупен буџет: 3.244.900 денари Времетраење: 10 месеци Партнери: За проектот поддржан од Цивика мобилитас: Коалиција на граѓански организации – Форум на мали заедници во Република Северна Македонија Опис на акцијата Според составот на популацијата и согласно Уставот, Македонија е мулти-етничко и мулти-културно општество. Покрај мнозинската популација, околу 10% од граѓаните…

  • Здружение на граѓани РЕГИОНАЛЕН ЦЕНТАР ЗА ШУМАРСТВО И РУРАЛЕН РАЗВОЈ Скопје

    Вкупен буџет: 4.475.971 денари Времетраење: 10 месеци Партнери: За проектот поддржан од Цивика мобилитас: Управување за енергетско ефикасни општини Опис на акцијата И пред руско-украинскиот конфликт, но посебно со неговата ескалација, стабилно / постојано обезбедување на енергија и енергенти по поволна цена е еден од најзначајните (политички, економски и социјални)…

  • Здружение Асоцијација за демократска иницијатива

    Вкупен буџет: 3.934.896 денари Времетраење: 10 месеци Партнери: За проектот поддржан од Цивика мобилитас: Придонес кон јавната дебата и мерките за ублажување на последиците од економската криза Опис на акцијата Според скорешни податоци изнесени во јавноста Северна Македонија има една од највисоките стапки на инфлација во Европа. Зголемените цени драстично…

  • ФИНАНЦЕ ТХИНК – Институт за економски истражувања и политики, Скопје

    Вкупен буџет: 4.469.949 денари Времетраење: 10 месеци Партнери: За проектот поддржан од Цивика мобилитас: Акција во ôд: Мониторинг, оценка и предлози за антикризни мерки во услови на тесен буџет Опис на акцијата Иако Северна Македонија има многу слаби економски врски и со Русија и со Украина економија трпи значајни индиректни…

  • Здружение на граѓани Центар за граѓански комуникации

    Вкупен буџет: 4.470.518 денари Времетраење: 10 месеци Конституенти: Институциите на централната власт (Владата, Министерството за финансии и други релевантни институции за креирање на Буџетот); општините и Градот Скопје; граѓаните, медиумите и граѓанските организации Партнери: За проектот поддржан од Цивика мобилитас: Ефекти на финансиската и енергетската криза врз политиките и граѓаните…

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор