Институт за општествени и хуманистички науки – Скопје
Вкупен буџет: 4.074.200 денари
Времетраење: 10 месеци
Партнери:
- Здружение на граѓани Институт за медиуми и аналитика ИМА, Скопје;
- Здружени- Балкански институт за регионална соработка;
- Здружение на граѓани за ретки болести ЖИВОТ СО ПРЕДИЗВИЦИ Битола;
За проектот поддржан од Цивика мобилитас: Преку деполаризација до демократски, стабилни и вклучувачки институции: Придонес на граѓанското општество
Опис на акцијата
SIGMA (OECD/EU) извештајот за 2021, посветен на капацитетите на јавниот сектор во Северна Македонија дава крајно неповолна слика за капацитетите на нашите институции. Вкупната оценка на СИГМА 2021 извештајот за Македонија е 2.1 додека регионалниот просек изнесува 2.7. Спротивно на широко распространетото мислење во нашата јавност дека за напредувањето кон ЕУ е клучно усогласувањето со Acquis-то, овој извештај на SIGMA, како и други релевантни извештаи на RESPA или ReSPA: Regional School of Public Administration (најновиот збирен, посветен на Западен Балкан, посветен на административната правда), укажува на тоа дека „алката што недостига“ за вистински демократски јавен сектор е всушност – капацитетот за градење политики кои резултираат со овозможувачка (enabling) институционална клима за граѓаните и економијата. По пат на примена на студии на случај, концентрирани на прашањето на луѓето со предизвици (првенствено оние со ретки болести) како и на темата децентрализација (вклученост/исклученост на граѓаните од помалите и „отсечени“ области), оваа акција ќе има за цел да покаже дека „демократски институции“ (и спротивното – авторитарни институции) е нешто што се материјализира и мери во пракса, а се адресира со добри политики кои не е доволно да се впишани во закон ами и во институтот „добри практики“ на институциите. Демократските институции не оперираат со „една кројка за сите“ решенија ами со сензитивност за исклучените, со постапност, прилагоденост на посебните групи и, со тоа, и флексибилност. Затоа оваа акција има првенствено за цел да ја подигне свеста во јавноста, целејќи на граѓанскиот сектор, за демократски институции и добра јавна администрација според стандардите на Европската повелба и според принципите на административната правда (која според нашиот Народен правобранител практично не постои. По пат на граѓанска акција и мобилизација на пошироката граѓанска јавност, спроведувајќи ги принципите на децентрализација и инклузивност, се придонесува за јакнење на капацитетите на институциите во правец на нивно демократизирање (според методологијата на ЕУ интегрирање која е на сила од 2019). Тематски, предложената Акција се посветува на темата на деполаризација како предуслов за градење здрави и отчетни институции.
Цели и резултати
Општа цел: Критички и информиран дијалог, мониторинг, анализа и застапување политики кои ќе придонесат кон јакнење на капацитетите на извршната власт за градење демократски и инклузивни институции.
Специфична цел: Деполаризација на јавниот дискурс на тема „демократски институции“ со фокус на усогласување на јавната администрација не само со Acquis-то туку и со Европската повелба на темелните права, и членот 41 попрецизно (правото на добра администрација која го става во центар Граѓанинот
Резултати
- Подигната свест за демократски институции меѓу ГО, пошироката јавност и самите институции.
- Деполаризација на јавниот говор благодарение на промоцијата на приодот на натпартиски и надетнички дијалог на информираната јавност на темата демократски и/или социјално инклузивни институции.
- Зајакнат граѓански сектор по пат на промоција на соработката и одржливо вмрежување.
- Мониторинг на институциите со цел подигање на нивните капацитети за градење политики, особено со фокус на хоризонталната вредност „демократски институции“ (и аспектот на социјална инклузија).
Активности
- Анализа на општите акти и принципи на јавната администрација со методите и анализите на политики на RESPA и СИГМА.
- Врз база на наодите, baseline студијата, ќе се спроведе потесна анализа на секторски политики за географско-етнички социјално маргинализираните и маргинализираните на база на нивните физички предизвици (ableism дискриминација).
- Подготовка на студии на случај за застапување политики кон подемократски институции, социјално инклузивни кон маргинализираните
- Организирање панели за застапување во најмалку 4 региони во земјата, презентирајќи ги преку практични примери, како на локалните граѓански организации така и на локалната јавност, вредностите и начините на практична примена на принципот „демократски институции.“
- Дисеминација на идејата преку медиумите на регионите и на јазици различни од македонскиот
- Директно застапување пред релевантните сектори – здравство, социјала и други (зависно од увидите на студиите)
- Спроведување медиумска анализа и мониторинг, комбинирани со кампања на видливост и разбирливост на национално ниво за пошироката јавност за главната и сеопфатна цел на акцијата -преку деполаризација до демократски институции (и обратно), а за тоа ќе ги користи своите платформи на социјалните мрежи како и сопствените онлајн медиуми за самоодржливост.