Adi Macedonia

Здружение Асоцијација за демократска иницијатива

Вкупен буџет: 3.934.896 денари

Времетраење: 10 месеци

Партнери:

  • Здружение за рамноправен развој РЕШЕНИЈА ЗА РАЗВОЈ; 
  • Здружение за општествен развој и демократија НВО ПУЛСОТ НА ДЕМОКРАТИЈАТА Куманово

За проектот поддржан од Цивика мобилитас: Придонес кон јавната дебата и мерките за ублажување на последиците од економската криза

Опис на акцијата

Според скорешни податоци изнесени во јавноста Северна Македонија има една од највисоките стапки на инфлација во Европа. Зголемените цени драстично ги покачија трошоците за живот. Според последните податоци синдикалната е скоро 3 пати поголема од минималната плата. Извесно е дека инфлацијата во државата не потекнува од домашни извори туку е дел од глобалните инфлаторни трендови. Сепак, овие основни фактори на инфлацијата се комбинираат со специфични локални фактори кои можат да доведат до значителни разлики помеѓу државите. На пример, основниот макроекономски инструмент на затегнување на даночните стапки, се очекува побавно и со послаб интензитет да влијае на македонската економија, во споредба со други економи. Во последните месеци пазарите во Северна Македонија реагираа хаотично, додека општото чувство е дека институциите немаат јасна позиција околу справување со кризата, туку дека реагираат ад-хок. Во овие услови граѓаните немаат јасна идеја што да очекуваат и како да се бранат од последиците од економската криза. Инфлацијата ги јаде и заштедите во евра и други странски валути. Граѓанинот не знае што да очекува за 6 месеци од сега, во услови кога зимата само што започнува. Општ е впечатокот дека државата не дава многу јасни препораки.

Овој проект предлага активности со кои ќе се вклучи во јавната дебата за овие прашања, преку собирање на компаративни податоци, ангажирање на експерти, како и дисеминација на основни информации од корист за граѓаните.

Цели и резултати

Општа цел: Да се придонесе кон ублажувањето на последиците од финансиската криза за граѓаните на Република Северна Македонија.

Специфична цел: Да се придонесе кон јавната дебата за мерки и политики за контрола на инфлацијата во стратешки области од интерес за граѓаните

Резултати

  1. Две национални анкетни истражувања (на почеток и крај на проектот) за разните влијанија на инфлацијата врз животот на граѓаните и стратегиите кои граѓаните ги применуваат за своја заштита.
  2. Регионална компаративна анализа (Албанија, Косово, Србија, Црна Гора) на мерки и политики на државите за контрола на инфлацијата во стратешки области, со посебен фокус на храната.
  3. Кампања на социјални мрежи со инфографици, предлози, совети, објаснувања за граѓаните (на мерки и можни ефекти од мерките), резултати од анализите која ќе информира најмалку 80.000 граѓани, итн.
  4. Две јавни дебати со експерти, претставници на институции, ГО, на тема финансиската криза и можни мерки и последици

Активности

  • Дизајн на методологија,
  • Собирање на податоци,
  • Анализа и пишување на извештај
  • Дизајн на методологија,
  • Собирање на податоци,
  • Изработка на анализа
  • Дизајн на кампања,
  • Спроведување на кампања
  • Организирање на дебати,
  • Промоција,
  • Испорака на дебати

Веб страница

https://www.adimacedonia.org/

Продолжи со читање

  • Институт за општествени и хуманистички науки – Скопје

    Вкупен буџет: 4.074.200 денари Времетраење: 10 месеци Партнери: За проектот поддржан од Цивика мобилитас: Преку деполаризација до демократски, стабилни и вклучувачки институции: Придонес на граѓанското општество Опис на акцијата SIGMA (OECD/EU) извештајот за 2021, посветен на капацитетите на јавниот сектор во Северна Македонија дава крајно неповолна слика за капацитетите на…

  • Асоцијација Иницијатива за социјална промена ИнСоК – Скопје

    Вкупен буџет: 3.244.900 денари Времетраење: 10 месеци Партнери: За проектот поддржан од Цивика мобилитас: Коалиција на граѓански организации – Форум на мали заедници во Република Северна Македонија Опис на акцијата Според составот на популацијата и согласно Уставот, Македонија е мулти-етничко и мулти-културно општество. Покрај мнозинската популација, околу 10% од граѓаните…

  • Здружение на граѓани РЕГИОНАЛЕН ЦЕНТАР ЗА ШУМАРСТВО И РУРАЛЕН РАЗВОЈ Скопје

    Вкупен буџет: 4.475.971 денари Времетраење: 10 месеци Партнери: За проектот поддржан од Цивика мобилитас: Управување за енергетско ефикасни општини Опис на акцијата И пред руско-украинскиот конфликт, но посебно со неговата ескалација, стабилно / постојано обезбедување на енергија и енергенти по поволна цена е еден од најзначајните (политички, економски и социјални)…

  • ФИНАНЦЕ ТХИНК – Институт за економски истражувања и политики, Скопје

    Вкупен буџет: 4.469.949 денари Времетраење: 10 месеци Партнери: За проектот поддржан од Цивика мобилитас: Акција во ôд: Мониторинг, оценка и предлози за антикризни мерки во услови на тесен буџет Опис на акцијата Иако Северна Македонија има многу слаби економски врски и со Русија и со Украина економија трпи значајни индиректни…

  • Здружение на граѓани Центар за граѓански комуникации

    Вкупен буџет: 4.470.518 денари Времетраење: 10 месеци Конституенти: Институциите на централната власт (Владата, Министерството за финансии и други релевантни институции за креирање на Буџетот); општините и Градот Скопје; граѓаните, медиумите и граѓанските организации Партнери: За проектот поддржан од Цивика мобилитас: Ефекти на финансиската и енергетската криза врз политиките и граѓаните…

  • Здружение на лекари специјализанти

    Вкупен буџет: 3.815.091 денари Времетраење: 10 месеци Партнери: Конституенти: Социјално загрозени граѓани, вклучувајќи ја ромската популација со посебен акцент на младите, како и корисниците на социјална парична помош. За проектот поддржан од Цивика мобилитас: И ти си важен! Опис на акцијата Согласно моменталната правна легислатива во РСМ, здравствената заштита и…

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор