Форум – Центар за стратешки истражувања и документација

Форум – Центар за стратешки истражувања и документација

Вкупен буџет: 4.020.984 денари

Времетраење: 10 месеци

Партнери:

  • Здружение ИМПЕТУС – Скопје;
  • Здружение на граѓани Центар за европски развој и интеграција – Битола;

Конституенти: Локални граѓански организации, локални медиуми и новинари

За проектот поддржан од Цивика мобилитас: Младински активизам против корупцијата

Опис на акцијата

Според последниот преглед на состојбата и динамиката на корупцијата во земјата објавен во Извештајот за проценка на корупцијата во Македонија на корупцијата се гледа како на најголем проблем за граѓаните, во споредба со уште 10 општествени проблеми (меѓу кои и невработеноста, високите цени, ниските приходи, сиромаштијата, криминалот, меѓу-етничките проблеми, загадувањето итн.)

Многу важни извештаи за Република Северна Македонија укажуваат на фактот дека не само граѓаните, туку и релевантните набљудувачи однадвор забележуваат дека борбата против корупцијата во земјата е голем предизвик. Последниот Индекс на перцепција на корупцијата на Транспаренси Интернешнл ја рангираше РСМ на 87-то место од 180 земји, а Извештајот за напредокот на Европската комисија за 2021 година забележа дека корупцијата е распространета во многу области и останува загрижувачка, иако е постигнат одреден напредок во превенцијата и борбата против корупцијата во РСМ. Последниот, како и многу претходни извештаи од ЕК, препорачуваат проактивен пристап од сите актери ангажирани во спречувањето и борбата против корупцијата.

Во таа смисла, од исклучителна важност е вклучувањето на актери од јавниот, приватниот и граѓанскиот сектор во заедничките напори за промена на размислувањето на граѓаните за спречување и борба против корупцијата во државата.

Цели и резултати

Општа цел на проектот: Зголемување на свесноста на младите луѓе за корупцијата

Специфична цел: Зголемување на капацитетите за активизам кај локалните граѓански претставници кои ќе спроведат иницијативи за борба против корупцијата на локално ниво

Резултати

  1. Обучени 80 млади луѓе (студенти, активисти, новинари, членови на граѓански организации и вработени во локалните самоуправи), подготвени со знаења и вештини за борба против корупцијата
  2. Спроведени 4 локални граѓански иницијативи за зголемена свесност помеѓу граѓаните за корупцијата и следење на коруптивни активности.
  3. Објавен јавен документ за борба против корупцијата со намена за застапување за поголема соработка помеѓу граѓанските организации и единиците на локалната смоуправа

Активности

  • Четири фокус групи со 8 до 10 претставници на локалните младински здруженија, невладините организации, медиумите, локалната самоуправа и други важни локални и регионални засегнати страни на кои ќе се приберат податоци и гледишта за потребите на младите луѓе во таргетираните региони, што ќе влијае на програмите за обуките. Фокус групите ќе бидат организирани во Тетово, Штип, Битола и Скопје.
  • Четири тридневни обуки за помлади учесници, на возраст помеѓу 18 и 35 години.
  • Спроведување локални иницијативи. По завршувањето на обуката, учесниците ќе можат да го применат добиеното знаење и вештини во практиката и со поддршка од проектниот тим. Учесници ќе поднесат предлог за иницијатива која ќе биде оценета од проектниот тим.  Искусен експерт за граѓански активизам ќе ги менторира при спроведувањето.
  • Подготовка на анти-корупциски документ за политики.  Членовите на проектниот тим и експерт за борба против корупцијата и експерт за локалната самоуправа ќе подготват документ за политики со кој ќе се промовира/врши застапување за поголема соработка помеѓу граѓанските организации и локалните власти.

Веб страница

http://forum-csrd.org.mk/

Продолжи со читање

  • Институт за општествени и хуманистички науки – Скопје

    Вкупен буџет: 4.074.200 денари Времетраење: 10 месеци Партнери: За проектот поддржан од Цивика мобилитас: Преку деполаризација до демократски, стабилни и вклучувачки институции: Придонес на граѓанското општество Опис на акцијата SIGMA (OECD/EU) извештајот за 2021, посветен на капацитетите на јавниот сектор во Северна Македонија дава крајно неповолна слика за капацитетите на…

  • Асоцијација Иницијатива за социјална промена ИнСоК – Скопје

    Вкупен буџет: 3.244.900 денари Времетраење: 10 месеци Партнери: За проектот поддржан од Цивика мобилитас: Коалиција на граѓански организации – Форум на мали заедници во Република Северна Македонија Опис на акцијата Според составот на популацијата и согласно Уставот, Македонија е мулти-етничко и мулти-културно општество. Покрај мнозинската популација, околу 10% од граѓаните…

  • Здружение на граѓани РЕГИОНАЛЕН ЦЕНТАР ЗА ШУМАРСТВО И РУРАЛЕН РАЗВОЈ Скопје

    Вкупен буџет: 4.475.971 денари Времетраење: 10 месеци Партнери: За проектот поддржан од Цивика мобилитас: Управување за енергетско ефикасни општини Опис на акцијата И пред руско-украинскиот конфликт, но посебно со неговата ескалација, стабилно / постојано обезбедување на енергија и енергенти по поволна цена е еден од најзначајните (политички, економски и социјални)…

  • Здружение Асоцијација за демократска иницијатива

    Вкупен буџет: 3.934.896 денари Времетраење: 10 месеци Партнери: За проектот поддржан од Цивика мобилитас: Придонес кон јавната дебата и мерките за ублажување на последиците од економската криза Опис на акцијата Според скорешни податоци изнесени во јавноста Северна Македонија има една од највисоките стапки на инфлација во Европа. Зголемените цени драстично…

  • ФИНАНЦЕ ТХИНК – Институт за економски истражувања и политики, Скопје

    Вкупен буџет: 4.469.949 денари Времетраење: 10 месеци Партнери: За проектот поддржан од Цивика мобилитас: Акција во ôд: Мониторинг, оценка и предлози за антикризни мерки во услови на тесен буџет Опис на акцијата Иако Северна Македонија има многу слаби економски врски и со Русија и со Украина економија трпи значајни индиректни…

  • Здружение на граѓани Центар за граѓански комуникации

    Вкупен буџет: 4.470.518 денари Времетраење: 10 месеци Конституенти: Институциите на централната власт (Владата, Министерството за финансии и други релевантни институции за креирање на Буџетот); општините и Градот Скопје; граѓаните, медиумите и граѓанските организации Партнери: За проектот поддржан од Цивика мобилитас: Ефекти на финансиската и енергетската криза врз политиките и граѓаните…

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор