Здружение Прва детска амбасада во светот Меѓаши
Вкупен буџет: 2.833.977 денари
Период на реализација: 01.01.2026 – 31.12.2026 (12 месеци)
Специфична тема: Унапредување на дигитална трансформација
Партнери:
ИМПЕТУС Центар за интернет, развој и добро управување – Скопје
Конституенти:
Деца, млади и нивните семејства, граѓански организации кои работат со деца, образовни и социјални институции, професионалци кои работат со деца и пошироката јавност заинтересирана за унапредување на правата на децата.
За проектот поддржан од Цивика мобилитас: Безбеден интернет простор за деца и млади
ОПИС НА АКЦИЈАТА
Акцијата е насочена кон унапредување и заштита на правата на децата преку јакнење на јавната свест, поддршка на институционалната одговорност и промовирање активно детско и младинско учество. Проектот комбинира истражувачки, едукативни и застапувачки активности со цел подобрување на системските механизми за заштита на детските права и поттикнување ненасилство, еднакви можности и активно граѓанство засновано на почитување на различностите.
ЦЕЛИ И РЕЗУЛТАТИ
Општа цел: Да се воспостави одржлив и интегриран национален сервис за безбеден интернет, кој преку мулти секторска соработка ќе обезбеди заштита, едукација и поддршка за деца и млади, придонесувајќи кон системска промена во дигиталната безбедност и зголемено граѓанско учество во креирањето политики..
Специфична цел:
- Проширување и унапредување на сервисите за дигитална безбедност за заштита на деца и млади од интернет злоупотреби и насилство преку креирање на лесно достапен и препознатлив интернет простор кој ги содржи сите можности за превенција, пријава или советодавна поддршка.
- Усогласување со европските начини на справување со дигиталните закани, преку отпочнување на процесите за креирање на првата хотлинија во Македонија.
- Поттикнување интерсекторска соработка и застапување.
РЕЗУЛТАТИ
- Дигитално достапен сервис за пријавување Child Sexual Abuse Material (CSAM), прва психолошка помош на линијата за деца и млади „АлоБушавко“ и советување со унапредување на веб-страната „АлоБушавко“ со нови функционалности кои ги интегрираат можностите за заштита на едно место.
- Отпочнати процеси за создавање на првата хотлинија во Македони
- Зајакната мултисекторска соработка и известување за трендовите на насилство меѓу децата и млади во дигиталниот простор
АКТИВНОСТИ
- Работилници за промоција на детските права во дигиталната ера.
- Унапредување и оперативно функционирање на доверлива телефонска линија за поддршка на деца, млади и родители во справување со дигитални ризици, предизвици поврзани со менталното здравје и случаи на сајбер насилство.
- Пристапување до сервисите за поддршка на деца и млади за психолошка поддршка, советување и пријавување на материјали со сексуална содржина од деца преку надградба на постоечката веб-страна alobushavko.mk со нова веб-функционалност.
- Изработка и дисеминација на полугодишни и годишни извештаи за функционирањето на доверливата линија „АлоБушавко“ за деца и млади, со цел информирање и вмрежување со релевантни јавни институции и партнерски организации.
- Обука за заштита на лични податоци и дигитална безбедност за вработените во Прва детска амбасада МЕЃАШИ, со посебен фокус на операторите на СОС-линијата.
- Изработка на прирачник за ризиците во дигиталниот простор, наменет за операторите на линијата „АлоБушавко“ за поефикасно пружање поддршка во случаи на дигитално насилство.
- Дизајнирање, имплементација и евалуација на кампањи за подигнување на свеста во образовни установи, онлајн простори и медиуми, со цел зголемување на видливоста и употребата на доверливата линија „АлоБушавко“ за деца и млади.
- Учество во национални и ЕУ платформи и работни групи за политики, следење на законски промени и усогласување со стратегии за заштита на децата во дигиталниот простор.
- Изработка на сеопфатна физибилити студија со план за одржливост за воспоставување и континуирано функционирање на хотлајн.
- Мапирање преку средби со претставници од државни институции, граѓански и бизнис сектор.
- Мапирање преку фокус-групи.
- Организирање годишна прес-конференција за презентирање на наодите од линијата „АлоБушавко“ за деца и млади, во рамки на одбележувањето на „Денот за побезбеден интернет 2026“.
ВЕБ СТРАНИЦА
https://www.childrensembassy.org.mk – Прва детска амбасада во светот Меѓаши
https://www.impetus.mk – ИМПЕТУС Центар за интернет, развој и добро управување – Скопје


![Logoa za [ЦМ ПГ] i [ЦМ ГГА](6)](https://civicamobilitas.mk/wp-content/uploads/2026/01/logoa-za-cm-pg-i-cm-gga6.jpg)
![Logoa za [ЦМ ПГ] i [ЦМ ГГА]](https://civicamobilitas.mk/wp-content/uploads/2026/01/logoa-za-cm-pg-i-cm-gga-768x384.jpg)
![Logoa za [ЦМ ПГ] i [ЦМ ГГА](1)](https://civicamobilitas.mk/wp-content/uploads/2026/01/logoa-za-cm-pg-i-cm-gga1-768x384.jpg)
![Logoa za [ЦМ ПГ] i [ЦМ ГГА](2)](https://civicamobilitas.mk/wp-content/uploads/2026/01/logoa-za-cm-pg-i-cm-gga2-768x384.jpg)
![Logoa za [ЦМ ПГ] i [ЦМ ГГА](3)](https://civicamobilitas.mk/wp-content/uploads/2026/01/logoa-za-cm-pg-i-cm-gga3-768x384.jpg)
![Logoa za [ЦМ ПГ] i [ЦМ ГГА](4)](https://civicamobilitas.mk/wp-content/uploads/2026/01/logoa-za-cm-pg-i-cm-gga4-768x384.jpg)
![Logoa za [ЦМ ПГ] i [ЦМ ГГА](5)](https://civicamobilitas.mk/wp-content/uploads/2026/01/logoa-za-cm-pg-i-cm-gga5-768x384.jpg)