Logoa za [ЦМ ПГ] i [ЦМ ГГА]

Здружение на новинарите на Македонија (ЗНМ)

Вкупен буџет: 3.240.057 МКД

Период на реализација: 01.01.2026 – 31.10.2026 (10 месеци)

Специфична тема: Борба против корупција и истражувачко новинарство

Партнери: Македонски институт за медиуми (МИМ)

Конституенти: 

Новинари и уредници од локални, приватни и национални медиуми

Новинари и уредници од Македонската радио телевизија (МРТ)

Медиумски професионалци и медиумски организации

Граѓани како корисници на медиумски содржини

За проектот поддржан од Цивика мобилитас: Зајакнувањето на етичките стандарди и саморегулацијата го поттикнува истражувачкото новинарство и придонесува кон намалување на коруптивните практики во општеството. Преку донесувањето на нов Кодекс на етика, спроведувањето обуки и јавна кампања, проектот гради интегритет и отпорност кај новинарите и во медиумите, што директно придонесува кон намалување на корупцијата, како и кон зголемување на довербата во институциите, вклучително и во медиумите.

ОПИС НА АКЦИЈАТА

Акцијата опфаќа инклузивен процес на ревидирање и усвојување на новиот Етички кодекс на новинарите на Македонија, негов превод, печатење и широка дистрибуција до медиумите. Дополнително, се спроведува национална медиумска кампања со видео содржини за подигнување на јавната свест за значењето на етичкото новинарство. Проектот вклучува и едукативни активности преку обуки за новинари од локални медиуми и за новинари и уредници од МРТ, како и изработка на аналитичка студија со препораки за унапредување на етичките стандарди во јавниот сервис.

ЦЕЛИ И РЕЗУЛТАТИ

Општа цел: Да се поттикне одговорно и инклузивно локално управување преку развој и примена на AI алатка што ќе им овозможи на младите активно да учествуваат во носењето на одлуки во Крушево, Куманово и Тетово.

Специфична цел:

  • Ревидирање и промоција на новиот етички кодекс на новинарите прифатен од медиумските организации и професионалци
  • Зголемување на јавната свест за потребите од етичко и независно новинарство преку медиумска кампања
  • Јакнење на професионалните капацитети на новинарите (вклучувајќи и на институционалните капацитети на МРТ) за почитување на етичките стандарди и независноста

РЕЗУЛТАТИ

  1. Развиен и валидиран нов Кодекс на етика
  2. Кодексот е прифатен од медиумските организации и професионалци (поширока примена на Кодексот во медиумите)
  3. Изработена и објавена медиумска кампања (вклучувајќи видео-продукти) за промоција на  етичките стандарди
  4. Одржан јавен промотивен настан за запознавање на граѓаните со Кодексот и медиумските стандарди
  5. Организирани две дводневни обуки за етичко новинарство – една за локални/приватни медиуми и една за новинари и уредници од МРТ
  6. Зајакната соработка помеѓу новинарските организации и медиумите и МРТ за долгорочно унапредување на етичките практики
  7. Изработена и доставена студија за можни измени на Кодексот на МРТ, со цел зајакнување на етичките и професионалните стандарди и обезбедување на формален механизам за препораки од Програмскиот совет до МРТ

АКТИВНОСТИ

  1. Организирање 4 работни средби за консултации со новинари и уредници за финализирање на текстот на Кодексот.
  2. Изработка на финална верзија на Кодексот по добиени сугестии.
  3. Превод на Кодексот на 8 јазици (вклучувајќи македонски, албански и англиски) за поширока достапност.
  4. Печатење и дистрибуција на Кодексот (и во електронска форма) до 150 традиционални и онлајн медиуми.
  5. Организирање на промотивен настан со вклученост на релевантни чинители, како: медиумски работници, уредници, менаџери, професионални медиумски организации, саморегулаторни тела, други граѓански организации како и претставници на институции, политички партии и претставници на меѓународна заедница.
  6. Подготовка на сценарија и продукција на 15 кратки видеа (секое во траење од 1 минута) за секој член од новиот Етички кодекс со фокус  на важноста на новинарската етика.
  7. Поставување и промоција на видеата на онлајн платформи (YouTube, Facebook, Instagram итн.), следење на статистики (прегледи, споделувања).
    Подготовка на дополнителни медиумски содржини (постови на социјални мрежи, кратки видеа (reels) за информирање за Кодексот.
  8. Развој на наставна програма и материјали за обука (тематика: етика, професионализам, независност) и поврзаност со Тренинг академијата за новинари и медиумски работници на ЗНМ (Т-АЈМ)
  9. Спроведување на обуката за медиумските професионалци (15 учесници – со фокус на локални медиуми).
  10. Спроведување на обука за новинари / уредници од МРТ (15 учесници).
  11. Мониторинг и евалуација на обуката (пред и по тестови/анкети, добиени сертификати).
  12. Преглед на актуелниот Кодекс на МРТ и идентификација на проблематични или нецелосни одредби.
  13. Консултации со медиумски експерти, новинари и членови на Програмскиот совет за добивање на увид и препораки.
  14. Подготовка на аналитичка студија со конкретни предлози за измени и додадена вредност за независноста и етичките стандарди.
  15. Доставување на финалната студија до Програмскиот совет и подготовка на формално писмо до МРТ со препораки.
  16. Презентација/работна средба со членовите на МРТ за дополнително објаснување на предложените измени

ВЕБ СТРАНИЦА

https://znm.org.mk

Продолжи со читање

  • Зелен институт – Скопје

    Вкупен буџет: 2.999.983 денари Период на реализација: 01.01.2026 – 31.12.2026 (12 месеци) Специфична тема: Зелени иницијативи Партнери: Здружение на сопственици на приватни шуми – Берово Конституенти:  Граѓани; земјоделци; сопственици на приватни шуми; локални заедници; граѓански организации; локални власти и јавни институции; образовни институции; медиуми. За проектот поддржан од Цивика мобилитас: Избраниот проект од…

  • РЕСИС – Скопје

    Вкупен буџет: 3.000.000 МКД Период на реализација: 01.01.2026 – 31.12.2026 (12 месеци) Специфична тема: ОВОЗМОЖУВАЧКА ОКОЛИНА ЗА РАЗВОЈ НА ГРАЃАНСКО ОПШТЕСТВО Партнери: Совет за етика во медиумите во Македонија – СЕММ Конституенти:  Граѓански организации и неформални групи кои работат на теми поврзани со општествен развој и јавни политики, активни граѓани, млади и…

  • Отворете ги прозорците

    Вкупен буџет: 2.998.600 денари Период на реализација: 01.01.2026 – 31.12.2026 (12 месеци) Специфична тема: Дигитална инклузија и добро владеење Партнери: Здружение за унапредување на младинскиот активизам ЗЕТА Конституенти:  Млади лица; лица со попреченост; граѓани со ограничен пристап до дигитални услуги; граѓански организации; локални и централни институции; јавни службеници; образовни институции; медиуми. За…

  • Здружение на еколози „Натура“ – Струга

    Вкупен буџет: 2.848.300 денари Период на реализација: 01.01.2026 – 31.12.2026 (12 месеци) Специфична тема: Зелени иницијативи Партнери: Извиднички одред „Мирко Милески“ – Кичево Конституенти:  Граѓани од Југозападниот регион (Струга, Охрид, Вевчани, Дебар и Кичево); млади лица; жени; ученици и наставници; граѓански организации; локални власти и општински администрации; образовни институции; медиуми; локални заедници;…

  • Младински сојуз – Крушево

    Вкупен буџет: 2.999.227 денари Период на реализација: 01.01.2026 – 31.12.2026 (12 месеци) Специфична тема: Унапредување на дигиталната трансформација Партнери: Конституенти:  Млади лица од Крушево и целните општини; граѓани од локалните заедници; граѓански организации; локални власти и општински совети; јавни институции; образовни установи; медиуми. За проектот поддржан од Цивика мобилитас: Проектот „Мојот глас во…

  • Здружение Прва детска амбасада во светот Меѓаши

    Вкупен буџет: 2.833.977 денари Период на реализација: 01.01.2026 – 31.12.2026 (12 месеци) Специфична тема: Унапредување на дигитална трансформација Партнери: ИМПЕТУС Центар за интернет, развој и добро управување – Скопје Конституенти:  Деца, млади и нивните семејства, граѓански организации кои работат со деца, образовни и социјални институции, професионалци кои работат со деца и пошироката…

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор