Logoa za [ЦМ ПГ] i [ЦМ ГГА](2)

РЕСИС – Скопје

Вкупен буџет: 3.000.000 МКД

Период на реализација: 01.01.2026 – 31.12.2026 (12 месеци)

Специфична тема: ОВОЗМОЖУВАЧКА ОКОЛИНА ЗА РАЗВОЈ НА ГРАЃАНСКО ОПШТЕСТВО

Партнери:

Совет за етика во медиумите во Македонија – СЕММ

Конституенти: 

Граѓански организации и неформални групи кои работат на теми поврзани со општествен развој и јавни политики, активни граѓани, млади и професионалци од различни сектори, локални заедници, како и институции и други релевантни чинители вклучени во процеси на дијалог, застапување и креирање јавни политики.

За проектот поддржан од Цивика мобилитас: Медиумите на заедницата ги гледаме како клучни јазолни точки во кои на локално ниво е можен одржлив развој на овозможувачка средина за граѓанското општество – локалните новинари, граѓански активисти и организации низ соработката во рамки на медиумите на заедницата имаат рамка за соработка која има општествено значење.  

ОПИС НА АКЦИЈАТА

Акцијата е насочена кон развој и зајакнување на Медиумите на заедницата како простор за локално информирање, граѓанско учество и активизам. Преку консолидирање на постоечките редакции и создавање нови колаборативни мрежи на локални новинари и граѓански активисти, проектот придонесува кон поголема видливост на локалните теми и проблеми, како и кон вклучување на младите во процесите на информирање и општествено дејствување. Акцијата комбинира активности за јакнење на капацитети, вмрежување и регрутација на нови учесници, со цел долгорочен развој на локални, независни и одржливи медиуми на заедницата.

ЦЕЛИ И РЕЗУЛТАТИ

Општа цел: Да се конструираат и да се консолидираат локалните јавни сфери преку структурација на Медиумите на заедницата, во кои активистите од граѓанскиот сектор, граѓаните од локалните средини и локалните новинари ќе работат во синергија, функционирајќи како катализатор на демократски водените општествени промени.

Специфична цел:

  • Да се консолидираат постоечките онлајн Медиуми на заедницата во Вардарскиот, Источниот и Пелагонискиот регион преку зајакнување на капацитетите на нивните редакции во кои работат локални граѓански активисти и локални новинари.
  • Да се креираат и да се активираат колаборативни мрежи на локални новинари и локални граѓански активисти во Југоисточниот, Полошкиот, Југозападниот и Североисточниот регион, кои ќе бидат основа за креирање на идните редакции на Медиумите на заедницата во овие региони.
  • Да се регрутираат млади активисти во седум плански региони за да се вклучат во редакциите на Медиумите на заедницата во рамките на Локал Актив Иницијативата.

 РЕЗУЛТАТИ

  1. Консолидирани постоечки Медиуми на заедницата во три региони во земјата – Локал Актив Исток, Локал Актив Вардар и Локал Актив Пелагонија, преку зајакнување на нивните технички и организациски капацитети, подобрување на опсегот на покривање на проблемите на локалните заедници, појасно идентификување на локалните општествени барања и унапредување на квалитетот на нивната продукција.
  2. Зголемена видливост и зајакнат визуелен идентитет на Медиумите на заедницата во рамките на Локал Актив иницијативата, преку засилено присуство на социјалните мрежи и спроведување онлајн мини кампањи за промоција на локалните општествени барања.
  3. Поставени основи за долгорочна одржливост на Локал Актив иницијативата преку идентификување алтернативни извори на финансирање, вклучително локални донатори, јавни повици и crowdfunding, како и понатамошно развивање на моделот за финансирање на Медиумите на заедницата.
  4. Создадени и активирани колаборативни мрежи во четири плански региони во земјата во кои не се оперативни Медиуми на заедницата, преку воспоставување структурирана комуникација со локални новинари и граѓански активисти и развиена методологија за соработка која ќе биде основа за идните редакции на Медиумите на заедницата.
  5. Регрутирани и обучени млади активисти во четири плански региони, со вклучување на помеѓу 10 и 20 млади лица во редакциите на Медиумите на заедницата и спроведени обуки за функционирањето на медиумското саморегулаторно тело СЕММ, медиумски етички стандарди, граѓански ангажман и аналитичко новинарство.

 АКТИВНОСТИ

  1. Организација и спроведување на три еднодневни лице-в-лице работни состаноци на редакциите на постоечките медиуми на заедницата: Локал Актив Исток, Локал Актив Вардар и Локал Актив Пелагонија.
  2. Анализа на досегашната продукција, функционирањето на застапувачките активности, идентификување предизвици и договарање насоки за осамостојување на медиумите на заедницата.
  3. Изработка на документ за политики и план за развој и застапувачки фокус на медиумите на заедницата Локал Актив.
  4. Подготовка и објавување на шест истражувачки стории (по две во секој од медиумите Локал Актив Исток, Локал Актив Вардар и Локал Актив Пелагонија) на теми поврзани со корупција на локално ниво и екологија.
  5. Вклучување млади активисти како асистенти во истражувачкиот процес и уредување и објавување на истражувачките текстови на платформите на медиумите на заедницата.
  6. Дизајнирање и спроведување на шест мини онлајн кампањи за промоција на резултатите од истражувањата и локалните општествени барања.
  7. Подготовка и објавување инфо-графици и застапувачки пораки на социјалните мрежи на медиумите на заедницата.
  8. Мапирање и мобилизација на локални новинари, граѓански активисти и организации во Полошкиот, Југозападниот, Југоисточниот и Североисточниот регион.
  9. Организирање информативни средби и теренски посети за воспоставување колаборативни мрежи и анализа на потенцијалите за развој на медиуми на заедницата.
  10. Спроведување обуки за етички стандарди, саморегулација и ЕУ правна рамка поврзана со онлајн медиумите во четири плански региони.
  11. Спроведување обуки за функционирањето на медиумите на заедницата, уреднички процеси, колаборативна продукција и застапување.
  12. Регрутирање млади активисти (18–30 години) во седум плански региони преку универзитети, граѓански организации и младински совети.
  13. Организирање воведни средби меѓу младите активисти, локалните новинари и уредници за запознавање и дефинирање улоги.
  14. Спроведување обуки за млади за медиумска етика, саморегулација, граѓански ангажман и аналитичко новинарство во четири региони.

ВЕБ СТРАНИЦА

https://www.resis.mk

Продолжи со читање

  • Здружение на новинарите на Македонија (ЗНМ)

    Вкупен буџет: 3.240.057 МКД Период на реализација: 01.01.2026 – 31.10.2026 (10 месеци) Специфична тема: Борба против корупција и истражувачко новинарство Партнери: Македонски институт за медиуми (МИМ) Конституенти:  Новинари и уредници од локални, приватни и национални медиуми Новинари и уредници од Македонската радио телевизија (МРТ) Медиумски професионалци и медиумски организации Граѓани како корисници…

  • Зелен институт – Скопје

    Вкупен буџет: 2.999.983 денари Период на реализација: 01.01.2026 – 31.12.2026 (12 месеци) Специфична тема: Зелени иницијативи Партнери: Здружение на сопственици на приватни шуми – Берово Конституенти:  Граѓани; земјоделци; сопственици на приватни шуми; локални заедници; граѓански организации; локални власти и јавни институции; образовни институции; медиуми. За проектот поддржан од Цивика мобилитас: Избраниот проект од…

  • Отворете ги прозорците

    Вкупен буџет: 2.998.600 денари Период на реализација: 01.01.2026 – 31.12.2026 (12 месеци) Специфична тема: Дигитална инклузија и добро владеење Партнери: Здружение за унапредување на младинскиот активизам ЗЕТА Конституенти:  Млади лица; лица со попреченост; граѓани со ограничен пристап до дигитални услуги; граѓански организации; локални и централни институции; јавни службеници; образовни институции; медиуми. За…

  • Здружение на еколози „Натура“ – Струга

    Вкупен буџет: 2.848.300 денари Период на реализација: 01.01.2026 – 31.12.2026 (12 месеци) Специфична тема: Зелени иницијативи Партнери: Извиднички одред „Мирко Милески“ – Кичево Конституенти:  Граѓани од Југозападниот регион (Струга, Охрид, Вевчани, Дебар и Кичево); млади лица; жени; ученици и наставници; граѓански организации; локални власти и општински администрации; образовни институции; медиуми; локални заедници;…

  • Младински сојуз – Крушево

    Вкупен буџет: 2.999.227 денари Период на реализација: 01.01.2026 – 31.12.2026 (12 месеци) Специфична тема: Унапредување на дигиталната трансформација Партнери: Конституенти:  Млади лица од Крушево и целните општини; граѓани од локалните заедници; граѓански организации; локални власти и општински совети; јавни институции; образовни установи; медиуми. За проектот поддржан од Цивика мобилитас: Проектот „Мојот глас во…

  • Здружение Прва детска амбасада во светот Меѓаши

    Вкупен буџет: 2.833.977 денари Период на реализација: 01.01.2026 – 31.12.2026 (12 месеци) Специфична тема: Унапредување на дигитална трансформација Партнери: ИМПЕТУС Центар за интернет, развој и добро управување – Скопје Конституенти:  Деца, млади и нивните семејства, граѓански организации кои работат со деца, образовни и социјални институции, професионалци кои работат со деца и пошироката…

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор