Здружение на граѓани Центар за климатски промени, Гевгелија
Вкупен буџет: 13.999.791 денари
Период на реализација: 01.12.2023 – 30.09.2026 (34 месеци)
Специфична тема: Климатски промени/животна средина
Партнери:
- Здружение за еко животна средина-зелен раст и одржлив развој, ЕКО-ЗЕЛЕНО ДВИЖЕЊЕ, Берово
- Регионално географско друштво ГЕОСФЕРА, Битола
- Здружение за екологија и туризам ЕКОТУРИЗАМ 2016
- Здружение на млади КРЕАКТИВ, Скопје
- Фондација за локален развој и развој на информатички технологии, Гевгелија
- Здружение Национален ромски центар (НРЦ), Куманово
- Здружение Еколошко друштво ЕЦО АЦТИОН, Тетово
Конституенти: Единици на локална самоуправа, јавни претпријатија, центрите за развој во планските региони, Министерство за животна средина и просторно планирање и граѓаните.
За проектот поддржан од Цивика мобилитас: Регионално партнерство за подобро спроведување на зелена агенда на локално ниво
ОПИС НА АКЦИЈАТА
Овој предлог проект ќе придонесе кон овозможување на транзицијата на Македонија кон целите на ЕУ за јаглеродно неутрално општество преку инклузивно и транспарентно спроведување на Зелената агенда за Западен Балкан на локално ниво, со активна соработка на граѓанскиот сектор со сите засегнати страни и вклученост во креирањето на политиките.
ЦЕЛИ И РЕЗУЛТАТИ
Општа цел на проектот: Општата цел на проектот е да се овозможи транзицијата на Македонија кон целите на ЕУ за јаглеродно неутрално општество, преку инклузивно и транспарентно спроведување на Зелената агенда за Западен Балкан (ЗАЗБ) во РСМ.
Специфична цел:
- Зајакнување на капацитетите на ГО и ЕЛС за подобро вклучување во спроведувањето на Зелена агенда и стимулирање на соработка помеѓу ГО и ЕЛС
- ГО да ги поддржат ЕЛС во процесот на креирањето на локални политики за спроведување на Зелената агенда на локално ниво
- Да се подигне свеста на граѓаните од РСМ за придобивките од Зелена агенда
РЕЗУЛТАТИ
- Зајакнати капацитети на ГО за следење на спроведувањето на ЗАЗБ на локално ниво и поголема вклученост во процесот на донесување одлуки и воспоставување мониторинг за следење на спроведувањето на ЗАЗБ на локално ниво
- Развиени политики и стратегии за спроведување на ЗАЗБ на локално ниво
- Зголемена свест на пошироката јавност за придобивките од ЗАЗБ
АКТИВНОСТИ
- Мапирање на постоечки политики за ЗАЗБ на локално ниво, вклучително и капацитетите на ГО кои работат во оваа област
- Регионални обуки за градење на капацитетите за ЗАЗБ
- Регионални форуми за заедницата
- Развивање на методологија и ИТ алатка за следење на спроведувањето на ЗАЗБ на локално ниво
- Извештај за спроведувањето на ЗАЗБ
- Патоказ за спроведување на ЗАЗБ на локално ниво
- Регионално партнерство за ЗАЗБ
- Подигнување на јавна свест за значењето на ЗАЗБ
- Национален форум (НФ) за Зелена агенда (тематски форум)