2

Здружение на граѓани Центар за граѓански комуникации ЦГК Скопје

Вкупен буџет: 14.000.000 денари

Период на реализација: 01.12.2023 – 30.09.2026 (34 месеци)

Специфична тема: Антикорупција

Партнери:

  • Здружение Центар за активни граѓани АКТИВО Велес
  • Здружение на даночни советници на Република Македонија ЗДСРМ Скопје

Конституенти: Институциите за борба против корупцијата и органите на прогонот; другите државни институции; фирмите; граѓанските организации; медиумите и граѓаните.

За проектот поддржан од Цивика мобилитас: Користење на податоците за вистинските сопственици за намалување на корупцијата

ОПИС НА АКЦИЈАТА

Борбата против корупцијата прерасна во врвен национален приоритет во земјава од којшто зависи не само животот на граѓаните, туку функционирањето на земјата, воопшто, и остварувањето на европските аспирации. Граѓаните ја препознаваат корупцијата како генератор на сите други аномалии кои го оневозможуваат растот и развојот на земјата на сите полиња.

ЦЕЛИ И РЕЗУЛТАТИ

Општа цел: Унапредување на транспарентноста, отчетноста и ефикасноста во трошењето на јавните пари.

Специфична цел: Поттикнување и промовирање на користењето на информациите за вистинските сопственици во борбата против корупцијата.

РЕЗУЛТАТИ

  1. Детектирани се слабостите, недостатоците и просторот за подобрување на користењето на податоците за вистинските сопственици како еден од клучните инструменти за борба против корупцијата.
  2. Проверено е и откриено евентуалното постоење на судир на интереси и злоупотреба на моќта кај политички експонираните лица преку вкрстување на податоците од регистрите на вистински сопственици и на избрани и именувани лица, со податоците за договорите за јавни набавки.
  3. Подобрена е примената на податоците за вистинските сопственици како дел од севкупните антикорупциски напори на земјата преку изработка на препораки и застапување за нивна примена.
  4. Проширено е основното разбирање и влијанието за потребата и можноста за користење на податоците за вистинските сопственици преку вклучување на медиумите, граѓанските организации и јавноста.

АКТИВНОСТИ

  • Продлабочена анализа за утврдување на начинот на кој институциите ги користат информациите за вистинските сопственици во првите години од формирањето на соодветниот регистар.
  • Продлабочено истражување за откривање на евентуален судир на интереси и злоупотреба на моќ при јавните набавки кај политички експонираните лица.
  • Мониторинг на спроведувањето на заложбата од Националниот акциски план за Партнерство за отворена власт (2021-2023) во врска со објавувањето на вистинските сопственици.
  • Изработка на документ за јавни политики со препораки насочени кон подобрување на употребата на информациите за вистински сопственици за унапредување на антикорупциските напори во земјата.
  • Организирање јавен дијалог за политики.
  • Процес на застапување за спроведување на препораките насочени кон подобрување на употребата на информациите за вистинските сопственици во антикорупциските напори на земјата.
  • Организирање две работилници за граѓански организации и за новинари за унапредување на нивната способност за користење на информациите за вистинските сопственици (Р4).
  • Подигнување на јавната свест.
  • Мониторинг и евалуација на проектот.

ВЕБ СТРАНИЦА

https://www.ccc.org.mk/

Продолжи со читање

  • Женска граѓанска иницијатива АНТИКО, Скопје

    Вкупен буџет: 13.999.983 денари Период на реализација: 01.12.2023 – 30.09.2026 (34 месеци) Специфична тема: Родова еднаквост/Социјална инклузија Партнери: Конституенти: Граѓани од целните региони и општини, особено од помали урбани и рурални средини; млади лица, жени и мажи;граѓанските организации; централните и локалните власти и јавните институции; бизниси и индустрии; етнички и…

  • ХЕРА – Асоцијација за здравствена едукација и истражување

    Вкупен буџет: 13.905.023 денари Период на реализација: 01.12.2023 – 30.05.2026 (30 месеци) Специфична тема: Здравство Партнери: Конституенти: Министерството за здравство, јавно-здравствените институции и стручните тела и комисии, жените и девојките во репродуктивен период (15 – 49 години), мајките и децата;  луѓето кои живеат со ХИВ;  клучните популации засегнати од ХИВ:…

  • Про Локал, Битола

    Вкупен буџет: 13.998.851 денари Период на реализација: 01.12.2023 – 30.05.2026 (30 месеци) Специфична тема: Млади Партнери: Конституенти: Млади лица на возраст од 15 до 29 години; граѓански организации; локални самоуправи; локални секторски институции; регионални центри за развој; национални институции кои се надлежни за младински политики, пратеници и медиуми; За проектот…

  • Здружение на граѓани Центар за климатски промени, Гевгелија

    Вкупен буџет: 13.999.791 денари Период на реализација: 01.12.2023 – 30.09.2026 (34 месеци) Специфична тема: Климатски промени/животна средина Партнери: Конституенти: Единици на локална самоуправа, јавни претпријатија, центрите за развој во планските региони, Министерство за животна средина и просторно планирање и граѓаните. За проектот поддржан од Цивика мобилитас: Регионално партнерство за подобро…

  • Здружение Форум за разумни политики Скопје

    Вкупен буџет: 14.000.000 денари Период на реализација: 01.12.2023 – 30.09.2026 (34 месеци) Специфична тема: Образование Партнери: Конституенти: Граѓанскиот сектор посветен на прашањата на образование, иновација, економски развој и родова еднаквост; високообразовни установи; младински организации;  креатори на политики од областите на образованието (со фокус на високото, и напредното вокациско знаење од…

  • Центар за младински активизам (ЦМА) КРИК, Скопје

    Вкупен буџет: 13.994.784 денари Период на реализација: 01.12.2023 – 30.09.2026 (34 месеци) Специфична тема: Климатски промени/животна средина Партнери: Конституенти: Стручни работници од системот на социјална заштита, даватели на социјални услуги, корисници, младинските работници и млади. За проектот поддржан од Цивика мобилитас: ЗЗЗ – Заеднички за зелено застапување за заштита на…

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор