Здружение Форум за разумни политики Скопје
Вкупен буџет: 14.000.000 денари
Период на реализација: 01.12.2023 – 30.09.2026 (34 месеци)
Специфична тема: Образование
Партнери:
- Институт за општествени и хуманистички науки – Скопје (ИОХН)
- Здружение- Балкански институт за регионална соработка (БИРС)
Конституенти: Граѓанскиот сектор посветен на прашањата на образование, иновација, економски развој и родова еднаквост; високообразовни установи; младински организации; креатори на политики од областите на образованието (со фокус на високото, и напредното вокациско знаење од област на технологија и иновации) и креатори на политики од област на економскиот развој, како на пример: Министерство за економија, Министерство за финансии, Агенција за квалитет на високото образование, Министерство за образование и наука, СЕП и други релевантни сектори); сектори и организации релевантни за промоција на претприемништвото (економија, стопански комори и социјално-претприемнички мрежи на организации).
За проектот поддржан од Цивика мобилитас: Застапување за инклузивен развој
ОПИС НА АКЦИЈАТА
Во својот најголем дел, акцијата е посветена на застапување политики во областа на реформскиот Кластер 3 „Компетитивност и инклузивен развој“, кој подразбира спој на образованието, науката и иновацијата со економскиот раст (како и дигитализацијата и други области), обединети во една насока, Европа да остане компетитивна со големите глобални сили чиј економски натпревар во основа се сведува на натпревар на технолошки и научни иновации.
ЦЕЛИ И РЕЗУЛТАТИ
Општа цел: Подигната свест на стручната и пошироката јавност за важноста на Болоњскиот процес и неговата доследна примена, особено за неговата темелна вредност – мобилност, како предуслов за мерлива примена на интерсекторското планирање на високо-образовната и научна дејност со економската област, разбрана според принципот на „двојната транзиција на ЕУ“ – дигиталната и зелена.
Специфична цел: Подигната свест за интерсекторската методологија на пристапување помеѓу ГО, кај институциите, но и во пошироката граѓанска и медиумска јавност, со посебен фокус на темелните вредности како право на студирање, право на работа и право на добра администрација (Член 41 од Европската повелба на темелните права), кои се материјализираат во практично остварливата вредност на мобилност, вредност која е клучна за економско-образовната целост според Кластер 3.
РЕЗУЛТАТИ
- Креиран терен на соработка меѓу ГО и институциите за креирање нови политики во делот на Кластер 3 и сообразување на интер-секторската институционална структура и култура на креирање политики со онаа на Европската Унија
- Одржлив придонес кон креирање нова култура во граѓанскиот сектор и неговото разбирање на watchdog мониторирање на институциите која, наместо да се однесува како непријателска новинарска критика, ќе се базира на соработка врз база на компетенции за анализа и креирање политики, директно застапување и, низ заеднички напор со институциите на извршната и законодавната власт, отаде политичката поларизација и партиска поделба, да се постигнат конкретни резултати во промена на политиките.
- Создавање сојузи на чинители, во облик на граѓански иницијативи, кои се отворени за економскиот сектор, претприемачките иницијативи, особено во технолошко-научниот иновациски сектор, со цел да се креираат соодветни услови на дигитална и физичка мобилност и вклученост во европскиот пазар на економија базирана на знаења.
АКТИВНОСТИ
- Креирање форум за хоризонтален и конструктивен мониторинг на политики
- Застапување интерсекторски политики и препораки за реформи
- Вмрежување со чинители од економскиот сектор