ХЕРА – Асоцијација за здравствена едукација и истражување
Вкупен буџет: 13.905.023 денари
Период на реализација: 01.12.2023 – 30.05.2026 (30 месеци)
Специфична тема: Здравство
Партнери:
- Здружение за поддршка на луѓето што живеат со ХИВ – ЗАЕДНО ПОСИЛНИ, Скопје
- Здружение за еманципација, солидарност и еднаквост на жените (ЕСЕ)
- Здружение Иницијатива за правата на жените од Шуто Оризари, Скопје
Конституенти: Министерството за здравство, јавно-здравствените институции и стручните тела и комисии, жените и девојките во репродуктивен период (15 – 49 години), мајките и децата; луѓето кои живеат со ХИВ; клучните популации засегнати од ХИВ: геј мажите, лицата кои инјектираат дроги и сексуалните работници; Ромите.
За проектот поддржан од Цивика мобилитас: Унапредени здравствени права на девојките, жените и ранливите групи
ОПИС НА АКЦИЈАТА
На темата здравство во оваа иницијатива и се пристапува од перспектива на обврската на јавниот здравствен систем да им гарантира мерки на сите граѓани за заштита и унапредување на нивното здравје – а особено на ранливи групи. Инвестициите во здравствените програми ги намалуваат нееднаквостите меѓу населението и претставуваат влог во развојот на општеството. Пандемиската криза ја покажа важноста од инвестирањето во здравството, особено во здравствената превенција помеѓу ранливите групи кои ќе бидат први на удар и при секоја следна криза.
ЦЕЛИ И РЕЗУЛТАТИ
Општа цел: Здравствената заштита на ранливи популации во Северна Македонија е унапредена врз основа на интензивна соработка меѓу институциите и граѓанскиот сектор во идентификувањето на потребите, планирањето на мерките, како и во испорачувањето услуги.
Специфична цел: Да се унапредат избрани четири здравствени програми на Владата на Република Северна Македонија за ранливи популации преку зајакнато учество на граѓанскиот сектор во планирањето, буџетирање врз основа на докази и овозможувачка правна средина за вклученост на граѓанските организации како даватели на услуги.
РЕЗУЛТАТИ
- Зајакнато учество на граѓанскиот сектор во развивањето на здравствените политики и буџети на Владата на Северна Македонија
- Унапредена заложба на Владата за превентивната здравствена заштита преку зголемени буџети и воведени мерки во превентивни програми според потребите на ранливите групи
- Подобрена правна средина за граѓанските организации како национални даватели на здравствени услуги која придонесува кон поголема одржливост на услугите за ранливите групи
АКТИВНОСТИ
- Спроведување на анализа на четирите владини превентивни програми
- Консултативни работилници за креирањето на четири програми
- Локални јавни настани
- Форуми на заедниците
- Акции за креативен активизам
- Координативни состаноци
- Состаноци за застапување
- Економска анализа за идентификување на придобивките од инвестиции во превентивната заштита
- Мониторинг поврзан со планирањето и имплементација на мерките од превентивните програми
- Подготовка на документи за креирање на јавни политики
- Медиумска кампања за унапредување на здравствената заштита
- Национални конференции за здравствената заштита
- Тематски форум
- Подготовка на анализа за измени и дополнувања на Законот за здравствена заштита
- Средби со работна група за подготовка на законски и подзаконски измени
- Парламентарно застапување
- Јавна расправа во Собранието за усвојување на измените и дополнувањата во Законот за здравствена заштита