Центар за младински активизам (ЦМА) КРИК, Скопје
Вкупен буџет: 13.994.784 денари
Период на реализација: 01.12.2023 – 30.09.2026 (34 месеци)
Специфична тема: Климатски промени/животна средина
Партнери:
- Здружение центар за социјални иницијативи „Надеж“
- Здружение на социјални работници на Македонија – ЗСРМ, Скопје
Конституенти: Стручни работници од системот на социјална заштита, даватели на социјални услуги, корисници, младинските работници и млади.
За проектот поддржан од Цивика мобилитас: ЗЗЗ – Заеднички за зелено застапување за заштита на животната средина
ОПИС НА АКЦИЈАТА
Со овој проект се пилотира и воведува зелената социјална работа и социјалната трансформација како холистички перспективи што се стремат да ја поддржат благосостојбата на луѓето во надминувањето на постоечките климатски промени и одржување здрава животна средина. Активностите се засноваат на застапување и спроведување на концептот на право на здрава животна средина за сите, преку зелена социјална работа и потреба од социјална трансформација за справување и отпорност на овие промени.
ЦЕЛИ И РЕЗУЛТАТИ
Општа цел: Воведување еколошка т.н. „зелената“ перспектива во стручната социјална и младинска работа, како една од клучните перспективи за заштита на животната средина, но воедно и за градење инклузивно и демократско општество за сите.
Специфична цел:
- Воведување концепт на зелена (еко-) социјална работа и зајакнување на капацитетите на социјалните работници, давателите на социјални услуги и младинските работници во младинските центри за спроведување интегративни, зелени програми за своите корисници, за подигање на јавната свест и одговорност за заштита на животната средина.
- Креирање услови за зелена партнерска акција меѓу претставници од граѓанскиот сектор, локалната самоуправа и приватниот сектор за препораки и позитивни примери за заштита на животната средина преку инклузивен и демократски процес;
- Зголемување и зајакнување на социјалната инклузија на лицата со попреченост и младите со помалку можности во справувањето со заштита на животната средина.
РЕЗУЛТАТИ
- Изготвен национален извештај со резултати, заклучоци, препораки, но и мапирани потреби на локално ниво за заштита на животната средина.
- Подготвена функционална онлајн платформа за поддршка на заштитата на животна средина.
- Воведен концепт на зелена социјална работа како дел од програмата за лиценцирање на стручните работници во системот на социјална работа.
- Воведен концепт на зелена младинска работа како дел од работењето на младинските центри
- Обучени вкупно 60 стручни и младински работници од сите осум плански регион на национално ниво за спроведување локални иницијативи со цел мобилизирање на заедницата и заштита на животната средина.
- Реализирани 30 иницијативи на локално ниво во сите 8 плански региони со цел заштита на животната средина.
- Подобрена соработката преку партнерската акција меѓу 60 претставници од граѓанскиот сектор, локалната самоуправа и приватниот сектор од сите осум плански региони за препораки и позитивни примери во справување со климатските промени и животната средина преку инклузивен и демократски процес.
- Зголемена информираност на сите чинители, вклучително и носители на одлуки за формално вклучување на еко (зелената) перспектива во социјалната заштита и младинскиот активизам како важен фактор за одржливост на животната средина и справување со климатските промени.
- Зголемена социјалната инклузија на лицата со попреченост и младите лица со помалку можности преку вклучување во локалните работилници на тема заштита на животната средина
АКТИВНОСТИ
- Акциско истражување „Од различност до праведност – еднакви во правото на здрава одржлива животна средина за сите“ на ниво на 8 плански региони
- Платформа за зелено делување
- Обуки за заштита на животна средина
- Локални иницијативи
- Локални активности со цел подигнување на свеста кај пошироката популација за заштита на животната средина
- Обука за експерти од социјалниот систем на тема зелена социјална работа
- Тематски форум на тема заштита на животната средина
- Подготовка на стенд ап настап за заштита на животна средина
- Настани за вмрежување со засегнати страни – ЗЕЛЕН КАРАВАН ЗА ЗЕЛЕНО ВМРЕЖУВАЊЕ (GREEN NETWORKING)
- Кампања и видливост на зелената перспектива во стручната работа во системот на социјална заштита и во младинскиот активизам