Вести од граѓанските организации

Содржината на информациите презентирани во овој дел од веб странaта се единствена одговорност на грантистите и на ниту еден начин не може да се смета дека ги одразуваат гледиштата на Цивика мобилитас, Швајцарската агенција за развој и соработка (SDC) или организациите што ја спроведуваат. Информациите се презентирани како што се пристигнати и печатните или други грешки во нив се одговорност на самите автори.

  • Современи надворешни тоалети и тушеви во ИЦ “Голозинци“

    Инспирацијата за создавање на современи тоалети и тушеви дојде од подигање на квалитетот на живеење во извидничкиот центар Голозинци и зголемување на квалитетот на престој во него и создацвање на услови за подобар развој на извидништвото. Проектот “Надворешни тоалети и тушеви во ИЦ “Голозинци“ го финасираше Европската скаутска фондација и…

  • Работилници на тема „Техники за трансформација на биоотпадот“

    Во рамки на проектот „Граѓански активизам за остварување на циркуларна економија во управувањето со органски отпад“, што се спроведува од страна на Центарот за ресурси во животна средина (РЕЦ) – Северна Македонија, во партнерство со ЕкоЛогик и Флорозон Центар за еколошка демократија, на 6 декември 2024 година се одржа 3-та еднодневна работилници на тема „Техники за трансформација на биоотпадот”, овој пат со учество на основното училиште ООУ “Војдан Чернодрински” од Општина Карпош.

    Учениците учеа за циркуларна економија и нејзиното значење за поздрава животна средина. Учениците беа прашани дали знаат дека од лушпата од јаболкото се добива пектин и што може понатаму со него да се произведува? Откако ја завршија подготовка на пектинот,се пристапи кон подготовка на состојки за добивање на растителни масла. Низ работата, учениците се запознаа и со постапката за добивање на биодизел, што беше потполно ново искуство за нив.

    Добивме навистина интересни реакции од учениците во моментот кога успешно ќе ги завршеа експериментите, и со свои очи да го видат резултатот од тоа што го
    работеле. Тие се разновидни, некои се восхитуваат, некои се радуваат а пак некои фотографираат со телефоните.

    Поминавме уште еден убав работен ден со активности од кои никој не остана
    рамнодушен, ниту ние ниту учениците!

    Проектот е поддржан од Владата на Швајцарија и Амбасадата на Швајцарија во Македонија (Embassy of Switzerland in North Macedonia) преку Цивика мобилитас.

  • Учество на редовното изборно Собрание на СИМ

    Врз основа на одлуката на последниот одржан состанок на старешинство на ден 6.11.2024, на 15.12.2024 год. се одржа редовното годишно изборно собрание на Сојуз на извидници на Македонија. Собранието се одржа во Младински Центар МАТИЧНО во Скопје. Делегацијата на извиднички одред “Димитар Влахов“ од Велес беше во состав: Ангелче Гушев,…

  • Средба за вмрежување на Цивика мобилитас

    На 4 и 5 декември 2024 година во Скопје, се одржа средба за вмрежување на Цивика мобилитас, на која учествуваа над 90 претставници од 58 граѓански организации.
    Промо Идеа Струмица заедно со партнерите во спроведувањето на проектот „Младинска мрежа за финансиска писменост на Југоистокот“ финансиран преку програмата Цивика Мобилитас, учествуваа на средбата за вмрежување и се вклучија во дискусиите за унапредување и развој на граѓанскиот сектор.
    Паралелно со средбата за вмрежување учесниците поминаа низ процесот на политичко-економска анализа. Дел од работата започна уште пред самата сесија, кога граѓанските организации ја започнаа анализата на актерите кои се клучни за спроведувањето на нивните проекти.
    Проектните партнери дефинираа и нови актери кои се клучни за спроведувањето на проектот, што ќе бидат инкорпорирани во идните активности.

  • Дигиталната трансформација води кон поефективно и ефикасно функционирање на граѓанските организации

    Работилницата за дигитална трансформација на граѓанските организации организирана на 12-13 декември 2024 година, во Охрид, ја потврдува континуираната поддршка на проектот „ЕУ поддршка за Граѓански ресурсен центар – фаза 2” за јакнење на капацитетите на организациите на теми потребни за нивно поефективно делување.

  • Презентирано второто истражување на Индексот на транспарентност на политичките партии

    Помалите политички партии покажуваат поголема флексибилност и отвореност за подобрување на нивната работа, додека поголемите партии имаат тенденција да ги усвојуваат промените постепено. Охрабрувачки, постои растечко признавање меѓу партиите за потребата да се зголеми учеството на жените во политичките процеси, иако процесот кон целосна еднаквост останува долг. Овие сознанија се дел од наодите од второто […]

  • Мониторинг: Општините и поддршката за култура

    Поддршката за култура на локално ниво во Северна Македонија е регулирана преку законска рамка која ја дефинира улогата и надлежностите на општините во оваа област. Според Законот за локална самоуправа, општините имаат обврска да организираат културни манифестации, да поддржуваат и поттикнуваат различни форми на културно творештво, и да ги негуваат локалните традиции, како што се […]
    The post Мониторинг: Општините и поддршката за култура appeared first on АКТИВО.

  • Учество на Форум за Еко туризам

    На 9.11.2024 год. (сабота) во хотелот Александар Палас во Скопје трочлена делегација на извиднички одред “Димитар Влахов“ од Велес во состав м-р Ангелче Гушев, Владимир Ивановски и Жаклина Гушева учествуваа на Форумот за Еко Туризам преку регионални практики. На овој форум се разговараше во две панел дискусии и тоа: Зелени…

  • ЕКО ПАРТНЕРС : 5-ти Форум за екотуризам преку регионални практики

    Во организација на Здружение на граѓани за екологија,туризам,органско производство и истражувачка дејност Еко Партнерс се оддржа 5-ти „Форум за еко туризам преку регионални практики” во хотел Александар  Палас. На Форумот еминентни професори и експерти се осврнаа на екотуризмот кој е еден од најбрзорастечките сектори во туристичката индустрија, со годишна стапка…

Нема повеќе содржини

Нема повеќе содржини

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор