Вести од граѓанските организации

Содржината на информациите презентирани во овој дел од веб странaта се единствена одговорност на грантистите и на ниту еден начин не може да се смета дека ги одразуваат гледиштата на Цивика мобилитас, Швајцарската агенција за развој и соработка (SDC) или организациите што ја спроведуваат. Информациите се презентирани како што се пристигнати и печатните или други грешки во нив се одговорност на самите автори.

  • Прва обука од циклусот „Академија за национални политики за млади и животна средина“

    Во склопот на Еразмус+ КА3 проектот „Академија за младински политики – Вклучи се, поврзи се, поттикни (Youth Policy Academy – Engage, Connect, Empower)“ се одржа првата обука од циклусот „Академија за национални политики за млади и животна средина“ (National Environmental Youth Policy Academy Training).

    Обуката се одржа во Велес и на неа присуствуваа млади лица, младински работници, креатори на политики и други засегнати лица.

    Еразмус+ КА3 проектот “Youth Policy Academy – Engage, Connect, Empower”е спроведува од конзорциум од 7 организации, од 7 држави (Еко-Живот Македонија, GLOBAL 2000 Австрија, Zelena akcija Хрватска, Magyar Természetvédők Szövetsége Унгарија, Friends of the Earth Малта, Jordens Vänner Шведска), предводен од Friends of the Earth Europe.

    Галерија:

  • Пријава за учество на студиска посета во Босна и Херцеговина

    Почитувани,

    Во рамки на проектот „Иновативно антикорупциско застапување и младинско ангажирање во Северна Македонија“, организираме студиска посета во Босна и Херцеговина со цел да ги зајакнеме знаењата и вештините на младите во областа на антикорупцијата 💪🛡️.
    Преку оваа посета, учесниците ќе имаат можност да се запознаат со регионални најдобри практики 🌍 и успешни модели на антикорупциски иницијативи 🔍. Размената на искуства ќе овозможи продлабочување на разбирањето за ефективни стратегии во борбата против корупцијата ⚔️.
    ✨ Ако сакаш да го продлабочиш своето знаење 📚 и си подготвен да се ангажираш 💥 во антикорупциски иницијативи, ова е твојата шанса! ✨
    📢 Не ја пропуштај оваа можност – пополни ја формата 📝 и приклучи се! 🚀

    * Оваа активност е поддржана од проектот „Иновативно антикорупциско застапување и младинско ангажирање во Северна Македонија“, во рамки на SELDI програмата, финансирана од Европската Унија, а реализиран од Младински Совет Прилеп. Искажаните ставови, мислења и содржини не мора да ги отсликуваат ставовите на донаторот, проектот или имплементаторот.

  • Да се запре со говорот на омраза и замолчување на младите

    Во неделата на жалост по трагедијата со пожарот во Кочани, повторно сме сведоци на загрижувачки пораст на говорот на омраза, особено на социјалните мрежи, но и во некои медиуми. Барањето на одговорност од надлежните институции од страна на граѓаните и особено од страна на младите се поврзува со дејствување на политички партии и наместо достоинство и одговорност, гледаме навреди, обвинувања, говор на омраза и повикување на насилство. Сето ова добива размери на загрижувачки опасна онлајн хајка.
    Хелсиншкиот комитет за човекови права предупредува дека ваквите напади можат да имаат сериозни последици врз слободата на изразување и безбедноста на граѓаните. Истовремено потсетуваме дека говорот на омраза и повиците за насилство на социјалните мрежи претставуваат кривично дело.
    Од тие причини апелираме јавните личности, политичарите, како и сите корисници на социјалните мрежи да бидат одговорни во јавниот говор.
    Во врска со студентските мирни собири кои деновиве се мета на навреди и разни шпекулации дека дејствуваат под нечие влијание, потсетуваме дека правото на мирен собир во Северна Македонија е уставно загарантирано право и е основно човеково право загарантирано со најзначајните меѓународни документи за човековите права.
    Никого не треба да зачудува фактот што младите бараат одлучна борба против корупцијата и системските неправилности и неправди во општеството, чиишто жртви се трагично настараданите во Кочани. Од тие причини никој, а особено власта не треба од позиција на моќ да го узурпира гласот на младите.
    На институциите треба да им се дозволи да ја завршат својата работа и да ги пронајдат и санкционираат одговорните за трагедијата во Кочани, но тоа не се коси со потребата граѓаните да бараат системски промени и артикулирано да ги истакнат своите барања.
    Расчистувањето на причините за несреќата во Кочани е испит и за органите на правосудниот систем кои треба професионално да спроведат темелна и непристрасна истрага, не подлегнувајќи на можни партиски и други притисоци.
    Во овој случај судиите мора да испорачаат правда, постапувајќи согласно позитивните закони, а во служба на граѓаните и јавниот интерес.
    Хелсиншкиот комитет согласно својот мандат ќе ги мониторира протестите и ќе обезбедува бесплатна правна заштита при евентуални случаи на пречекорување на полициските овластувања.

  • Сеопфатна, темелна, непристрасна и натпартиска истрага за несреќата во Кочани бара Платформата на граѓански организации за борба против корупција

    Платформата на граѓански организации за борба против корупцијата изразува длабоко сочувство за трагично загинатите граѓани во пожарот во „дискотеката“ во Кочани и изразува искрени желби за побрзо закрепнување на повредените.
    Пожарот во Кочани е само последно во низата на случувања кои покажуваат дека корупцијата убива. За жал, по случајот во Ласкарци, случајот со „Беса транс“, пожарот во модуларната болница во Тетово, требаше да се случи и пожарот во „дискотеката“ во Кочани за одново да се потсетуваме  дека повеќедецениската системска корупцијата зема животи.
    Платформата будно ги следи постапките во случајот со пожарот во Кочани и укажува дека тоа што сега најмалку треба да се обезбеди е сеопфатна, темелна, непристрасна и натпартиска истрага. Бараме истрагата да се води отчетно и транспарентно и за неа да известуваат оние кои со закон се надлежни да го прават тоа.
    Во овој момент, одговорноста е клучна и никој не треба да биде изземен од неа, без разлика дали и од која партија е, од која верска или етничка припадност е и дали е поранешен или сегашен функционер. Додека не создадеме систем во кој вистинските луѓе со интегритет ќе бидат на вистинските позиции, не треба да се откажеме.
    Во досегашното еднодецениско постоење на платформата на граѓански организации за борба против корупцијата постојано реагираме и бараме промени во разни сегменти од системот што да се прифатеа, ќе оневозможија токму вакви случувања. Потребни се системски промени кои ќе покажат дека постои реална волја и заложба за бескомпромисна борба со корупцијата од сите чинители, а особено надлежните. За жал, праксата константно покажува дека желбата за лично богатење секогаш била над онаа за создавање на систем во кој правилата и процедурите ќе се почитуваат подеднакво од сите, на сите нивоа во општеството.
    Имајќи ги предвид прогласените денови на жалост, Платформата за сега ќе се воздржи од натамошни коментари за конкретниот случај, но најавуваме дека во текот на идната недела ќе организираме прес-конференција на којашто ќе ги објавиме нашите конкретни барања што очекуваме да се спроведат од надлежните органи и тоа ќе го следиме за да започне колективна бескомпромисна борба против корупцијата.

  • Сочувство за трагично загинатите во пожарот во „дискотеката“ во Кочани и барање за сеопфатна, темелна, непристрасна и натпартиска истрага на случајот

    Платформата на граѓански организации за борба против корупцијата изразува длабоко сочувство за трагично загинатите граѓани во пожарот во „дискотеката“ во Кочани и изразува искрени желби за побрзо закрепнување на повредените.

    Пожарот во Кочани е само последно во низата на случувања кои покажуваат дека корупцијата убива. За жал, по случајот во Ласкарци, случајот со „Беса транс“, пожарот во модуларната болница во Тетово, требаше да се случи и пожарот во „дискотеката“ во Кочани за одново да се потсетуваме  дека повеќедецениската системска корупцијата зема животи.
    Платформата будно ги следи постапките во случајот со пожарот во Кочани и укажува дека тоа што сега најмалку треба да се обезбеди е сеопфатна, темелна, непристрасна и натпартиска истрага. Бараме истрагата да се води отчетно и транспарентно и за неа да известуваат оние кои со закон се надлежни да го прават тоа.
    Во овој момент, одговорноста е клучна и никој не треба да биде изземен од неа, без разлика дали и од која партија е, од која верска или етничка припадност е и дали е поранешен или сегашен функционер. Додека не создадеме систем во кој вистинските луѓе со интегритет ќе бидат на вистинските позиции, не треба да се откажеме.
    Во досегашното еднодецениско постоење на платформата на граѓански организации за борба против корупцијата постојано реагираме и бараме промени во разни сегменти од системот што да се прифатеа, ќе оневозможија токму вакви случувања. Потребни се системски промени кои ќе покажат дека постои реална волја и заложба за бескомпромисна борба со корупцијата од сите чинители, а особено надлежните. За жал, праксата константно покажува дека желбата за лично богатење секогаш била над онаа за создавање на систем во кој правилата и процедурите ќе се почитуваат подеднакво од сите, на сите нивоа во општеството.
    Имајќи ги предвид прогласените денови на жалост, Платформата за сега ќе се воздржи од натамошни коментари за конкретниот случај, но најавуваме дека во текот на идната недела ќе организираме прес-конференција на којашто ќе ги објавиме нашите конкретни барања што очекуваме да се спроведат од надлежните органи и тоа ќе го следиме за да започне колективна бескомпромисна борба против корупцијата.
    Поддржано од:Здружение Естима, Битола

    Следно >

    Поврзани:

  • Изработена првата мапа со туристички локалитети во реонот на Илинска планина

    Кои се локалитетите кои што може да ги видите и посетите во Кичево и Кичевскиот регион? Што се може да видите во реонот на Илинска планина? Која е приказната на секое од местата и каде точно се наоѓаат? Како се стигнува до нив? Зошто се значајни за Кичевскиот регион? Рурална…

  • Граѓанска солидарност за Кочани

    Деновиве сме соочени со една од најголемите трагедии што го погодила нашето општество. Како луѓе и граѓански активисти, чувствуваме силна потреба и одговорност да понудиме поддршка и да се солидализираме со сите оние кои се директно погодени од трагичниот настан во Кочани.

    Дел од граѓанските организации и грантисти на Цивика мобилитас, веќе понудија или се вклучени во поддршката на жртвите, на семејствата и на сите останати. Со оваа објава, сакаме да ги направиме тие информации подостапни за сите оние кои имаат потреба.
    Подолу се информации за поддршката која ја нудат организациите:

    Ја споделуваме со Вас солидарноста што во овие мигови ја покажуваат и дел од граѓанските организации, поранешни корисници на грантови на Цивика мобилитас.
    Конект започна кампања за собирање средства за семејствата на настраданите и засегнатите од пожарот во Кочани. Средствата ќе се користат за итни потреби (лекување, правна помош, патување итн.), психо-социјална поддршка, како и справување со последиците. До сега, од поставената кампања на интернет платформата за групно донирање Оп-оп, се собрани 135.800 денари од граѓани. Се повикуваат сите заинтересирани граѓани, бизниси и субјекти да донираат преку Оп-оп или да се обратат на тел. 02/ 3224 198 или на
    Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите
    .
    Фондацијата ИКРАУД формира Донаторски фонд за финансиска помош на семејствата на починатите и повредените. Сите собрани средства ќе бидат распределени подеднакво на сите пријавени семејства. Кампањата е отворена до крајот на месецов, а веќе се собрани повеќе од 2.000.000 денари. Фондацијата ги става сите канали за собирање на донации на располагање на фондот, вклучувајќи ги и телефонските броеви.
    Првата детска амбасада во светот МЕЃАШИ и нејзиниот тим на психолози и стручни лица се на располагање за директни средби или телефонски консултации. За контакт: 070 390 632. Освен АЛОБУШАВКО (070 390 632), активни се шест телефони за психолошка прва помош во рамки на 24 часа.
    Колективната солидарност е клучна за помош и за ублажување на болката на семејствата погодени од трагедијата. Секој мал гест на поддршка има огромно значење, без разлика дали се работи за донирање, волонтирање или за психолошка и правна помош.

    Следно >

    Поврзани:

  • Анкетен прашалник за испитување на јавното мислење за проблемите на семејствата на лицата со попреченост и можните решенија при медицинскиот третман на лицата со попреченост

    Анкетaтa е анонимна и ќе биде користена исклучиво за испитување на јавното мислење со цел прибирање на податоци во однос на проблемите со кои се соочуваат лицата со попреченост и нивните семејствата во процесот на прифат и третман на лицата со попреченост во медицинските установи и други институционални установи во нашето општество.

    Овој Анкетен прашалник е овозможен во рамки на проектот со наслов “Соочување со предизвиците и стигматизацијата“, во рамки на проектот на Цивика мобилитас кој е финансиран од Владата на Швајцарија, кој го спроведуваат Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС), НИРАС од Данска и ФЦГ Шведска.

    Содржината на оваа Анкета е единствена одговорност на Центарот за помош на лица со ментален хендикеп Порака Неготино од Неготино, и на ниту еден начин не може да се смета дека ги одразува гледиштата на владата на Швајцарија, Цивика мобилитас или организациите што ја спроведуваат“.

    Линк до анкетата:

    https://docs.google.com/forms/d/e/1FAIpQLSeJUjeYr94DKhjgd42Cajbsqzt5B9Fd-HQPhs7vAco13WFkXA/viewform

  • УНАПРЕДУВАЊЕ НА ПРЕВЕНТИВНАТА ЗДРАВСТВЕНА ЗАШТИТА ЗА РАНЛИВИТЕ ГРУПИ

    УНАПРЕДУВАЊЕ НА ПРЕВЕНТИВНАТА ЗДРАВСТВЕНА ЗАШТИТА ЗА РАНЛИВИТЕ ГРУПИ
    НАОДИ И ПРЕПОРАКИ ОД МОНИТОРИНГОТ НА ЧЕТИРИ ЗДРАВСТВЕНО ПРЕВЕНТИВНИ ПРОГРАМИ НА МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ЗДРАВСТВО
    Целата анализа можете да ја преземете на следниот линк

  • Колку вреди студентското достоинство?

    Студентското организирање во Македонија отсекогаш било синоним за достоинство, револуционерност и автентична борба за правда. Платото на УКИМ, најголемиот универзитет во земјава, со децении претставува свет простор на студентската мисла и отпор. Тоа е местото каде што генерации студенти храбро се спротивставуваа на неправдите, го креваа својот глас и храбро се бореа за своите права, често плаќајќи висока цена за своите идеали.
    Денес, по повод трагедијата во Кочани, студентите повторно се собраа на ова плато да изразат болка, револт и солидарност. Но наместо да бидат чуени, нивните гласови беа замолчувани од оние кои треба да ги застапуваат. Студентите иссвиркуваа, одбивајќи да бидат пасивни слушатели на монолози, во моменти кога нивната болка е погласна од сè! Огромниот број на студенти кои се појавија на платото на УКИМ, не за еден поединец, туку за нивните пријатели, колеги и познаници. За тагата и гневот кои ги чувствуваат како млади луѓе кон системот, кон трулото секојдневие и кон сè што тоне.
    Да си студентски лидер значи многу повеќе од формална функција или титула. Тоа значи да бидеш гласот на илјадници млади луѓе кои ти ја дале својата доверба. Тоа значи да ја браниш нивната слобода, достоинство и глас.
    Ви се обраќаме на вас, на студентските претставници! Вие не сте таму заради популарноста, а ниту заради министрите, ниту заради ректорите или политичарите. Вашето место не е во нивна сенка, туку во првите редови на студентската борба! Никој од центрите на моќ – ниту ректоратот, ниту министерството, ниту политичарите – никогаш нема да го чуваат вашиот грб. А вие не сте таму заради нив. Вие сте таму само и единствено само, заради студентите. Тие се вашата сила, и вашата единствена вистинска поддршка!
    Историјата нè учи дека секогаш кога студентските движења биле независни од политиката, постигале значајни победи. Од моменти кога била газена студентската автономија, до моменти кога студентите требале да покажат каде им е навистина местото. Токму затоа платото на УКИМ е свето место. Сведок и симбол на сите битки кои студентите ги воделе за подобро општество.
    Денешниот собир не смееше и ниту еден нареден не смее да биде политизиран. Студентите не може и не смее да бидат предмет на калкулации или интереси.
    Студентскиот збор вреди онолку колку што ќе го браниме со страст, достоинство и непоколебливост. Затоа денес јавно прашуваме: Колку вреди студентското достоинство?
    Пред само еден месец одбележавме пет години откако го создадовме студентското организирање заедно со студентите. Движење кое произлезе од искрената желба за вистинско претставничко тело, што ќе ги застапува студентските интереси низ лавиринтите на факултетите, универзитетите и министерствата. Денес повеќе од кога било, е јасно дека ова тело мора повторно да биде она што беше замислено – независен глас кој ќе биде верен само на студентските идеали.

Нема повеќе содржини

Нема повеќе содржини

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор