Вести од граѓанските организации

Содржината на информациите презентирани во овој дел од веб странaта се единствена одговорност на грантистите и на ниту еден начин не може да се смета дека ги одразуваат гледиштата на Цивика мобилитас, Швајцарската агенција за развој и соработка (SDC) или организациите што ја спроведуваат. Информациите се презентирани како што се пристигнати и печатните или други грешки во нив се одговорност на самите автори.

  • Регионален билтен на СЕЛДИ бр.76: Мапирање на регионалниот напредок во борбата против корупцијата

    Најновото издание на Билтенот за анти-корупција на СЕЛДИ (број 76, јануари-февруари 2025) е достапно, фокусирајќи се на регионалниот напредок во борбата против корупцијата во Западен Балкан.

    Во ова издание, СЕЛДИ и неговите партнери продолжуваат да бидат во првите редови на регионалните напори за зајакнување на доброто владеење и борбата против корупцијата. Билтенот ги истакнува клучните активности низ регионот – од учество во политички дијалози за проверка на странски директни инвестиции во Албанија, до залагањето за изборни реформи во Босна и Херцеговина и Црна Гора.
    Дополнително, билтенот ги покрива клучните настани во областа на спроведувањето на законите, вклучувајќи започнати истраги за корупција поврзани со трагичниот колапс на железничката станица во Србија и заплени извршени од страна на царината на Северна Македонија. Издвоени се и напорите на повеќе од 30 граѓански иницијативи низ Западен Балкан кои продолжуваат да се залагаат за поголема транспарентност и отчетност.
    Ова издание ги истакнува како достигнувањата така и предизвиците што претстојат во заедничката работа кон отворени и демократски општества во регионот.
    Билтенот е подготвен во рамки на програмата „Граѓанско општество за добро владеење и антикорупција во Југоисточна Европа: Градење на капацитети за мониторинг застапување и подигање на јавната свест (СЕЛДИ)”, која се спроведува од Mрежата за лидерство и интегритет во Југоисточна Европа (СЕЛДИ), чиј координатор е МЦМС. Програмата е финансирана од Европската Унија.

    < Пред   Следно >

    Поврзани:

  • Застапеноста на жените е несразмерно помала во однос на мажите во телата на одлучување во спортските организаци

    Резултатите од спроведеното истражување „Родова еднаквост и инклузивност во спортот во Северна Македонија“ покажуваат дека жените се значително помалку застапени од мажите на раководните позиции во спортските организации во Северна Македонија.

    Застапеност на позиции на одлучување
    Според податоците од истражувањето, на позицијата претседател/ка во организациите доминираат мажите со 87%, додека жените се застапени само со 13%. Малку повисок е процентот на жени на позицијата генерален секретар/ка, 17%, иако мажите се далеку побројни со 83%. Иста е сликата и кај членовите на генералните собранија каде застапеноста на мажите е 83%, наспроти 17% жени. Овде да напоменеме дека лицата со попреченост се застапени со 10% кај мажите и 3% кај жените.
    Кога станува збор за членовите на извршното тело на спортската организација (извршен комитет, управен одбор или друг назив), родовата застапеност е повторно во корист на мажите кои се претставени со 77%, од кои 9% се мажи со попреченост, додека жените со застапени со 23%, од кои 2% се жени со попреченост.

    Ги проверувавме и ограничувањата на мандатите на членовите на овие тела и начинот на бирање. Податоците покажуваат дека во 11 (37%) организации има ограничувања на мандатот на членовите на извршното тело. Во најголем дел од случаите, ограничувањата се на најмногу два мандати, додека должината на еден мандат е најчесто четири години. Околу две третини (70%) од спортските организации одговориле дека имаат ограничувања на мандатот за позицијата претседател/ка, од кои во најголем дел максималниот број на мандати изнесува два, додека должината на еден мандат е најчесто четири години. Во ниту една од организациите нема старосна граница за обавување на позицијата претседател/ка или за членување во управните тела.
    Само во две организации членовите на извршното тело се бираат преку јавен повик врз основа на квалификации и надлежности наместо да бидат именувани, додека во шест, делумно се бираат на овој начин. Неколку спортски организации нагласија дека изборот се врши во рамките на собранието, на предлог на претседателот на федерацијата.
    Родовата дистрибуција кај лицата кои се вработени во спортските организации со полно работно време повторно укажува на доминација на мажите, но и на значајно ниска застапеност на лицата со попреченост. Оттука, само 1% од вработените лица се мажи со попреченост и ниту една жена, наспроти мажите без попреченост кои сочинуваат 61%, а жените 38%.

    Политики за еднаквост
    Родовата еднаквост како организациска политика е застапена во документите на спортските организации, и тоа: кај 77% таа е дел од стратегијата на организаицјата, кај 27% е застапена во статутите и во 20% е застапена и во деловниците на организациите. Кај 48% од организациите, во кои родовата еднаквост е интегрален дел од политиките на организацијата, таа е само делумно спроведена, а во 15% сѐ уште не е спроведена. Една од организаците навела дека има Правилник за родовата еднаквост.
    Што се однесува на политиките поврзани со попреченоста, во 53% е посочено дека тие се интегрален дел од политиките на организацијата, од кои во половина се само делумно спроведени, додека 31% од политиките сѐ уште не се спроведени. Четири организации (13%) одговорија дека имаат воспоставено родови квоти, во статутот наорганизацијата кои се однесуваат на извршниот одбор и/или другите позиции на одлучување. Три организации имаат квоти за  вклучување лица со попреченост.

    Препораки
    Препораките кои произлегоа од истражувањето се насочени кон креирање системски решенија кои ќе го подобрат статусот на родовата еднаквост и инклузивноста во спортот. Дел од нив се: воведување задолжителен услов за државно финансирање на националните спортски федерации, со минимум од 40% родова застапеност на одлучувачките позиции во структурите на федерациите; воспоставување систем за собирање, анализа и јавно објавување на интерсекциски разделени и пристапни податоци, со цел транспарентно следење на поддршката и развојот на спортот во женска категорија; формирање комисии за родова еднаквост и инклузија или назначување лица одговорни за овие прашања; итн.
    Позадина за инстражувањето
    Целта на истражувањето е да се анализира вклученоста на жените во спортските инсти-туции и организации во Северна Македонија, со специфичен фокус на структурните и културолошките бариери кои го ограничуваат пристапот и напредокот до раководни позиции во рамките на спортските организации. Истражувањето се реализираше во рамки на проектот „Фер игра: поддршка за родова еднаквост во спортските политики“, кој го спроведува Олимпискиот комитет на С. Македонија во соработка со Македонски центар за меѓународна соработка (МЦМС), Спорт Социал Солушн и Параолимписки комитет. Проектот е финансиски поддржан од Европската Унија.
    Податоците во истражувањето беа добиени помеѓу јули и септември 2024 година преку онлajн прашалник до националните спортски федерации и до Олимпискиот и Параолимпискиот комитет на Северна Македонија. Од вкупно 60 контактирани спортски организации, одговорија 30. Истражувачкиот тим наиде на одредени ограничувања при дефинирање на примерокот заради некореспондирање на податоците на институциите, некохернтна квалификација на субјектите како спортски федерации, но и непостоењето информации за контакт, ниту официјални веб-страници на дел од регистрираните федерации. Дополнително, беше организирана една фокус група со 12 учесници/чки и се спроведоа 10 интервјуа за да се истражат бариерите и факторите на ризик со кои се соочуваат жените во нивните спортски кариери.

    Следно >

    Поврзани:

  • ПОВИК ЗА АНГАЖИРАЊЕ ЕКСПЕРТ ЗА ОДРЖУВАЊЕ ЕДНОДНЕВНИ ОБУКИ ЗА ГОВОР НА ОМРАЗА

    Општи информации 
     Хелсиншкиот комитет за човекови права, во рамки на проектот „Зајакнување на националните заштитни механизми против говор на омраза во Република Северна Македонија” финансиран од страна на Европската Унија како дел од програмата EuropeAid/174503/DD/ACT/MK, согласно Договорот за грант потпишан меѓу Хелсиншкиот комитет за човекови права и Европската Унија бр. NDIZI-THE-NEAR/2022/441-698, oбјавува повик за ангажирање два експерти за одржување на 10 еднодневни обуки за зајакнување на капацитетите на полициски службеници за постапување во случаи на говор на омраза. 
     Главната цел на проектот е да се зајакнат ефективните механизми за заштита на правата на граѓаните во Република Северна Македонија при практикување на слободата на изразување и борба против говорот на омраза во согласност со меѓународните и европските стандарди. Влијанието на акцијата е специјално дизајнирано да овозможи синергија помеѓу работата на секторот на граѓански организации и релевантните институции како заштитни механизми од говор на омраза, врз основа на собирање податоци и директен ангажман со избраните целни групи. Ова ќе се постигне преку отворен политички дијалог со цел да се обезбеди посветеност на Владата за понатамошно подобрување на целокупната ситуација преку оперативно и институционално зајакнување на капацитетите за справување со говорот на омраза во согласност со најдобрите европски практики.  
     
    Позиција 
    Два експерти за одржување 10 еднодневни обуки за зајакнување на капацитетите на полициските службеници за постапување во случаи на говор на омраза 
     
    Тема на обуките 
    Избраните експерти ќе треба да одржат 10 еднодневни обуки за полициски службеници и останати службеници во Министерството за внатрешни работи за препознавање, спречување и борба против говорот на омраза, за постапување во случаи на говор на омраза и собирањето докази, со посебен фокус на најдобрите практики на Европската Унија, особено на судската пракса на Европскиот суд за човекови права.  
    Обуките ќе бидат наменети за Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика, за Тренинг центарот при Министерството за внатрешни работи и по една обука за секој Сектор за внатрешни работи (Скопје, Куманово, Битола, Штип, Велес, Охрид, Тетово и Струмица). 
     
    Избор на експерт 
    На овој повик имаат право да учествуваат сите физички лица што ги исполнуваат следниве критериуми: 

    Работно искуство од најмалку 7 (седум) години, особено релевантно во областа на говорот на омраза, дела од омраза, дискриминација и/или заштита на човекови права; 

    Минимум 5 (пет) обуки посетени во текот на работното искуство во областа на говорот на омраза, дела од омраза, дискриминација или заштита на човекови права; и 

    Минимум 3 (три) обуки во кои кандидатот бил обучувач. 

    Искуството се докажува по пат на приложена кратка биографија (CV) во кои се наведени обуките што се посетувани и обуките каде што кандидатот бил обучувач, којашто треба да содржи и краток опис на содржината на обуките. 
     
    Работни задачи 

    Подготвување на концепт и методологија за спроведување на обуките 

    Утврдување на целите на обуките 

    Подготовка на тестови за учесниците пред одржување на обуката за оценување на моменталните капацитети и тестови за евалуација 

    Подготовка на писмени материјали и вежби за проширување на знаењата 

    Постојана комуникација со проектниот тим на Хелсиншкиот комитет за човекови права за спроведување на сите задачи, вклучително и утврдување на роковите за нивно завршување 

    Спроведување на работните задачи 
    Времетраењето на ангажманот ќе започне на почетокот на мај по склучување на договорите со ангажираните лица и ќе трае до завршување на активностите, односно до 15 јули 2025. 
    Еднодневните обуки ќе бидат спроведени во периодот од мај-јуни 2025 година. 
    Хелсиншкиот комитет ќе потпише договор со надворешните соработници каде што ќе бидат дефинирани меѓусебните права и обврски.  

    Начин  на пријавување 
    За пријавување на овој повик кандидатите треба да достават: 

    професионална биографија (CV), вклучително со обуките што се посетувани и обуките каде што кандидатот бил обучувач, којашто треба да содржи и краток опис на содржината на обуките; и 

    финансиска понуда за спроведување на обуките 

    Документите за пријавување задолжително да се достават на имејл адресата natasha.petkovska@mhc.org.mk најдоцна до 27.04.2025 година со назнака „Избор на експерт за одржување еднодневни обуки за говор на омраза“. По доставување на пријавите, тимот на Хелсиншкиот комитет ќе ги оценува во неколку чекори: проверка дали се доставени потребните документи; евалуација на персоналните биографии и евалуација на финансиските понуди. 
    За дополнителни прашања, Хелсиншкиот комитет за човекови права ви стои на располагање на горенаведената имејл адреса.   
     
    Скопје, 23.04.2024 година. 
    Оваа активност се спроведува со финансиска поддршка на Европската Унија. Содржината на овој документ е единствена одговорност на Хелсиншкиот Комитет за човекови права, и под ниеден услов не ги рефлектира ставовите и позицијата на Европската унија. 

  • Мониторинг на заштита од дискриминација на жени од маргинализирани заедници – инфографик за период од 1 октомври до 31 декември, 2024

    Хелсиншкиот комитет за човекови права спроведува мониторинг на постапувањето на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација (КСЗД) при заштитата од дискриминација на жените од маргинализирани заедници.

    Овој мониторинг е во рамките на проектот „Еднаквост сега – Зајакнување на маргинализираните заедници за социјална инклузија и недискриминација“, финансиран од Цивика мобилитас, кој го имплементира во партнертство со ХОПС- Опции за здрав живот и Коалиција Маргини.

    Инфографикот го опфаќа периодот од 1 октомври до 31 декември 2024 година.

  • Граѓаните кои ја преземаат иницијативата во своите заедници, ја градат надежта оддолу

    Во овој број посветен на граѓанското учество, ги носиме приказните на оние кои не се помируваат со статус кво.
    Од Битола до Скопје, низ конференции, обуки, маршеви и локални анализи, граѓанскиот сектор ја води својата и битката на оние кои ги застапува за поинклузивно, одговорно и одржливо општество. Студентската конференција „Дигитална слобода и родова еднаквост“ ја отвори темата за дигиталното родово-базирано насилство, а младите беа охрабрени да ги скинат синџирите на онлајн вознемирувањето и злоупотребата. Паралелно, во рамки на програмата „Менторки на иднината“, девојките ја зајакнуваат својата емоционална интелигенција и лидерски капацитети, градејќи мрежи на поддршка и соработка.

    Најавено е и Европското дебатно првенство за средношколци, кое во 2026 ќе се одржи во Скопје, во организација на Младинскиот образовен форум (МОФ). Настан што се очекува да внесе свежа енергија во културата на аргументирана дебата и критичко размислување.
    Граѓаните на 8 Март маршираа со порака: „Нека јадат ружи“, инсистирајќи дека борбата за родова еднаквост не е симболика, туку итна потреба. Истовремено, организации како Кризниот центар „Надеж“ и ЕСЕ ги истакнаа реалните предизвици: семејно насилство, доцнење на лекови за пациентите со ретки болести, отежнат пристап до гинеколошки услуги и недоволна поддршка за ранливите групи.
    Зелените политики, пак, остануваат закочени на локално ниво – анализите покажуваат дека најголем дел од општините (72%) немаат воопшто или немаат ажурирани локални еколошки акциски планови. На глобалната агенда за климатска акција ѝ недостига локално спроведување.
    Во сета оваа динамика, граѓанскиот сектор останува гласен чувар на јавниот интерес. Барањата за неселективна правда по трагични несреќи, транспарентност при јавните набавки, подобар пристап до информации и ефикасни здравствени програми, се повторуваат, додека истражувањата откриваат и недоверба на граѓаните во медиумите, придружена со ниска медиумска писменост.
    Граѓанските организации организираа и обуки за одржлив туризам, а го одбележаа и Денот на извидништвото. Владата донесе решение за составот на новиот Совет за соработка меѓу Владата и граѓанското општество, а се одржа и првиот состанок на работната група за подготовка на новата Стратегија за соработка со граѓанскиот сектор. Се надеваме дека ова е чекор кон посистемска поддршка на граѓанското општество.
    Но клучната лекција е следнава: без активни граѓани нема одговорни институции. Без учество, нема промена. А промената се случува и ќе се случува таму каде што граѓаните не чекаат дозвола да се вклучат, туку го менуваат општеството со секој мал чекор, глас и иницијатива.
    Погледнете што нуди новиот број „Граѓаните за промена“ #20

    Следно >

    Поврзани:

  • Повик за учество на студиска сесија „Open your AIs“ во Стразбур

    Дали работите во младинска организација и сте заинтересирани за етичка употреба на алатките за вештачка интелигенција (ВИ)? Дали сакате да истражите како вештачката интелигенција влијае врз младинското учество, човековите права и демократијата?
    Придружете се на студиската сесија „Open your AIs“ и станете дел од заедницата на млади креатори на промени кои се подготвени да се соочат со иднината на вештачката интелигенција преку критички пристап заснован врз права.
    Студиската сесија е простор за учесниците да ги истражат клучните предизвици поврзани со вештачката интелигенција, да разменуваат идеи и да создаваат практични алатки, стратегии или препораки кои директно можат да ја поддржат нивната работа во младинските организации. Студиска сесија е организирана во рамките на програмата Youth for Democracy во соработка со Connect International со партнерот Curiosite Centre de Formation и експертизата на Фондација Метаморфозис.

    Бараме 20 учесници од сите земји членки на Советот на Европа.

    Со учеството:

    Ќе го зголемите дигиталниот капацитет на вашата организација – Научете како критички да оценувате и одговорно да ги интегрирате алатките за вештачка интелигенција во вашата секојдневна работа и проекти.
    Ќе ја истражите етичката страна на вештачката интелигенција – Размислете за придобивките и ризиците, како и за етичките дилеми што ги создава вештачката интелигенција и како тие влијаат врз младите луѓе и нашите општества.
    Ќе поттикнете значајни разговори – Добијте практични алатки и стратегии кои ќе помогнат да се припои етиката кон вештачката интелигенција во рамките на вашите програми и помогнете младите луѓе да се вклучат во обликувањето на нивната дигитална иднина.
    Ќе ги осознаете важните дигитални политики – Зголемете го вашето знаење за Законот за вештачка интелигенција на ЕУ, Конвенцијата за вештачка интелигенција на Советот на Европа и за тоа како младинските организации како вашата можат да бидат дел од обликувањето на инклузивно и правично управување со вештачката интелигенција.

    Кога?
    Ден на пристигнување: 22 јуни 2025 година
    Ден на заминување: 28 јуни 2025 година
    Каде?
    Во просториите на Европскиот младински центар Стразбур при Советот на Европа во Франција.
    Кој?

    Дали сте на возраст од 18 до 30 години?
    Член на младинска организација или младински работник?
    Дали сте жител на некоја од земјите членки на Советот на Европа?
    Дали со нетрпение очекувате да дознаете повеќе за дигиталните и младинските политики на Младинскиот центар на Советот на Европа?
    Дали сакате подобро да разберете како вештачката интелигенција ги обликува животите на младите луѓе?
    Дали сте заинтересирани за етички пристапи кон технологијата кои се засновани врз човекови права?

    Ако одговорот е да, аплицирајте на повикот за студиската сесија до 9 мај 2025 година преку овој формулар.
    Трошоци
    Сместувањето, оброците, трошоците за виза патните и дневните трошоци се покриени од Одделот за млади на Советот на Европа.
    Придонесот на учесниците ќе биде котизација од 50 евра. Учесниците ќе бидат замолени да ги префрлат преку банкарски трансфер на Connect International најмалку 3 недели пред почетокот на студиската сесија.
    Временска рамка на процесот на аплицирање:
    Краен рок за аплицирање: 9 мај 2025 година
    Информации за статусот на вашата апликација: 15 мај 2025 година
    Линк до оригиналниот повик: Call for participants to join our study session “Open your AIs” in Strasbourg | Connect INTERNATIONAL

  • Денот на Планетата Земја 22 Април

    На денот на Планетата Земја се потсетивме, зошто е важно постојано да делуваме за позитивни промени, да ги учиме младите да бидат подобри, поодговорни и активни. Се потсетивме, дека доколку делуваме сите заедно промените се можни и остварливи!

    Денот на Планетата Земја 22 Април, го одбележавме отпочнувајќи ги настаните на отворено со Караванот за демонстрирање на експерименти во училиштата, преку „Работилница за повторна употреба и пренамена на био-отпад за ученици” коишто ќе ги рализираме со ученици од 20 основни училишта од Скопскиот регион.

    Започнавме во ООУ “Св. Климент Охридски” кадешто триесетина ученици од основното училиште придружени од 4 волонтери соученици кои им асистираа на нашите Експерти имаа можност да се запознаат со опремата од Биотехнолошката Лабораторија и заедно да изведуваме експеримети за пренамена на органскиот отпад. На овој начин им покажавме на учениците како може да се намали количеството на био отпадот во Македонија кое завршува на депонија.

    Со овој настан Центар за ресурси во животната средина (РЕЦ) – Северна Македонија беше дел од глобалната прослава и акции што се спроведуваат со цел да се заштити планетата Земја.

    Овие настани на отворено со караванот за демонстрирање на експерименти во училиштата се реализираат во рамките на проектот „Граѓански активизам за остварување на циркуларна економија во управувањето со органски отпад“ спроведуван од Центар за ресурси во животна средина (РЕЦ) – Северна Македонија во партнерство со Eco – Logic и Center for Environmental Democracy – Florozon / Флорозон – Центар за еколошка демократија.

  • Платформата на граѓански организации за борба против корупцијата реагира на препораките на ДКСК дадени во Извештајот од спроведена антикорупциска проверка на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер

    Платформата на граѓански организации за борба против корупцијата реагира на препораките на Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК), презентирани на јавна седница на ДКСК, а пренесени преку медиумите, во рамки на антикорупциската проверка на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер.
    Наместо да придонесе за поголема транспарентност, отчетност и борба против корупцијата, ДКСК, преку своите наводни укажувања за „регулаторни ризици“, испраќа сериозно загрижувачки сигнали за затворање на институциите и креира можности за ограничување на правото на јавноста да знае. Ваквите препораки не само што ја поткопуваат улогата на ДКСК како клучна институција за спречување на корупцијата, туку и директно отвораат простор за нови коруптивни злоупотреби, особено во сферата на јавните набавки.

    Намалена транспарентност – зголемени ризици од коруптивни и штетни јавни набавки

    Прво, ДКСК препорачува да се „преиспита членот што ја регулира обврската за објавување на целокупната документација за јавните набавки. ДКСК смета дека поимот „целокупна документација“ во однос на јавните набавки не е прецизно дефиниран поради што може да се случи да се објават доверливи информации и повреда на правата на трети лица.“
    Платформата укажува дека примената на одредбата од Законот за слободен пристап за пристап до целокупната документација за јавните набавки, концесиите и за договорите за јавно-приватно партнерство (член 10 став 1 алинеја 18) до сега во примената овозможувала зголемена транспарентност и пристап до релевантни документи од страна на граѓанските организации и медиуми. На овој начин беа обелоденети сторени злоупотреби во голем број на тендерски постапки за кои се водат судски постапки, но и се спречени можни коруптивни и штетни јавни набавки.
    Исто така, ДКСК требала да земе предвид дека заштитата на доверливите податоци во јавните набавки веќе е регулирана во Законот за јавни набавки (член 30). Исто така, и укажуваме на ДКСК дека во Законот за слободен пристап уреден е делумниот пристап, како и предвидени се исклучоци во случаи кога е потребна заштита на информации со степен на тајност. Ја потсетуваме ДКСК и јавноста дека во јануари 20205г. веќе беше направено уназадување на заштитата од корупција во јавните набавки со измените на Законот за јавните набавки на тој начин што беше укината управната контрола на јавните набавки што ја спроведуваше Бирото за јавни набавки. Во услови кога според оценките на сите релевантни меѓународни и домашни чинители корупцијата во јавните набавки е широко распространета и при историски највисок државен буџет, нови задолжувања и секојдневни индиции за злоупотреба на јавните пари, ДКСК дава препораки за ограничување на транспарентноста со што ја поткопува улогата на клучна институција за спречување на корупцијата.

    Препораки со долгорочни негативни последици кои влијаат на независноста

    ДКСК дава насоки за пропишување и допрецизирање на постапка, како и утврдување на рок за Собранието на РСМ во случаите кога констатира престанок на функцијата и разрешувањето на директорот на Агенцијата за заштита на правото на слободен пристап до информации од јавен карактер и неговиот заменик, пред истекот на мандатот.
    За Платформата оваа препорака е политички мотивирана затоа што е дадена непосредно по обид на пратеници во Собранието на РСМ да се усвојат измени на Законот за слободен пристап во кои беше предвидено предвремено разрешување на Директорот на Агенцијата во случај кога парламентарното мнозинство нема да го усвои годишниот извештај за работа. И укажуваме на ДКСК дека независните регулаторни тела, како што е Агенцијата за заштита на правото на слободен пристап, па и самата ДКСК имаат мандат подолг од мандатот на избраните функционери во извршната власт, со цел да бидат партиски и политички независни. За дадената препорака веќе е регулирано во Законот за слободен пристап дека во случај на престанок на функцијата или разрешување на директорот на Агенцијата, до изборот на нов директор на Агенцијата, функцијата на директор на Агенцијата, ја врши заменикот на директорот, со сите овластувања кои ги имал директорот. Така што не може единствен аргумент за оваа препорака на ДКСК да биде „евентуално одолговлекување, селективност и неизвесност во управувањето со институцијата“.

    Препроаки за воведување критериуми со кои ќе се намали постојната транспарентност

    ДКСК се осврнува на обврската на имателите на информации редовно да ажурираат листа на информации со кои располагаат и јавно да ја објавуваат. ДКСК смета дека оваа одредба „нема прецизни критериуми за тоа кои информации треба задолжително да бидат објавени, ниту на кој начин и во кој формат, што остава широк дискрециски простор на имателите на информации да одлучуваат што ќе објават и како. ДКСК смета дека тоа е „ризик од ограничена транспарентност со можност за селективно објавување или прикривање на информации од јавен интерес““.
    Платформата е загрижена што ДКСК нашла ризик од ограничена транспарентност во услови кога во Законот за слободен пристап е утврдена формата за објавување на информациите и документите и тоа: (а) се објавува информација во која било форма што ја создал или со која располага имателот на информацијата согласно со неговите надлежности и (б) се обезбедува пристап до документ без оглед на неговата физичка форма или карактеристики, пишан или печатен текст, карти, шеми, фотографии, слики, цртежи, скици, работни материјали, како и звучни, гласовни, магнетски или електронски, оптички или видео снимки во која било форма, како и пренослива опрема за автоматска обработка на податоци со вградени или преносливи мемории за складирање на податоците во дигитална форма (член 3). Дополнително, загрижува непознавањето на проблематиката од страна на ДКСК кога вели дека „нема прецизни критериуми за тоа кои информации треба задолжително да бидат објавени“. Законот за слободен пристап уредил дека сите информации кои ги создаваат и со кои располагаат институциите, освен исклучоците (член 6) се информации од јавен карактер. Дури има предвидено и институт на „активна транспарентност“, а тоа значи утврдени се информации кои задолжително треба да објавени без да бидат побарани. Какви критериуми препорачува ДКСК е нејасно, а уште повеќе загрижува што зборуваат за формат не земајќи го предвид најавениот почеток на процесот за подготовка на Законот за отворени податоци и повторна употреба на податоците од јавниот сектор.

    Задоцнети препораки во тек на активен процес за измени на Законот

    ДКСК за прекршочните одредби утврдила постоење несразмера одговорност. Предвидени се само 500 евра глоба за раководното лице ако не назначи службено лице за посредување со информации и не обезбеди информирање на јавноста за тоа лице, но предвидени се и 250 евра казна за службеното лице за повеќе прекршоци – ажурирање на листата на информации, помагање на барателите, почитување рокови за одговор на барањата. ДКСК препорачала јасно да се разграничи и прекршочната одговорност меѓу раководното и службеното лице за информации во Агенцијата, согласно нивните реални надлежности.
    За Платформата индикативно е што ДКСК посочува на наводни „регулаторни ризици“ во Законот за слободен пристап, за кој е најавен почеток за изменување на Законот пред 5 месеци, односно на 21 ноември 2024г., а во моментот се одвиваат јавни консултации преку ЕНЕР за предложените измени. ДКСК посочила на несразмерност во одговорноста на одговорните и службените лица, но отсуствуваат предлози што конкретно препорачува. Укажуваме дека граѓанското општество со години наназад се залага за постоење одредби за прекршочна одговорност на одговорните лица кои неосновано не овозможат пристап до информацииите или го попречуваат службеното лице да го спроведе второстепеното решени за обезбедување пристап до информациите.
    Оттука, Платформата смета дека предлог решенија кои може да влијаат негативно врз борбата против корупцијата, се неприфатливи и спротивни на европските заложби за демократско, инклузивно и стручно креирање на јавните политики.
    Дополнително, Платформата е загрижена што при проверката на Законот за слободен пристап од страна на ДКСК отсуствуваат клучните аспекти на антикорупциската проверка, како што е вклучувањето на повеќе актери, односно при подготовка на Извештајот немаат обезбедено соработка со граѓанското општество што би обезбедило независност и објективност при анализата.
    Потсетуваме дека антикорупциската проверка на (предлог) законите превентивен механизам со цел детектирање, спречување и минимизирање на ризиците во однос на можноста за корупција и судир на интереси кои може да резултираат при спроведување на законите. Со вакви насоки, ДКСК не само што не го унапредува системот за спречување на корупција, туку ризикува да даде легитимитет за политики и практики што водат кон заробување на институциите и недостапност на информациите од јавен интерес, кои во моментов се информации од јавен карактер.
    Ги повикуваме надлежните институции, особено Министерството за правда и Собранието, да ги земат предвид постојните законски механизми и да не подлегнуваат на насоки што ја ограничуваат транспарентноста, која е клучна алатка во борбата против корупцијата.

  • Платформа за борба против корупција: Препораките на Антиорупциската комисија отвораат простор за нови злоупотреби, особено кај јавните набавки

Нема повеќе содржини

Нема повеќе содржини

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор