Вести од граѓанските организации

Содржината на информациите презентирани во овој дел од веб странaта се единствена одговорност на грантистите и на ниту еден начин не може да се смета дека ги одразуваат гледиштата на Цивика мобилитас, Швајцарската агенција за развој и соработка (SDC) или организациите што ја спроведуваат. Информациите се презентирани како што се пристигнати и печатните или други грешки во нив се одговорност на самите автори.

  • Регионален настан: „Условен отпуст, електронски надзор и третманот во функција на успешна ресоцијализација и реинтеграција на осудените лица“

    На ден 29.11.2024 година во Прилеп се одржа регионален настан на тема „Условен отпуст, електронски надзор и третманот во функција на успешна ресоцијализација и реинтеграција на осудените лица“, во организација на Македонско здружение на млади правници и СТАНИЦА ПЕТ. На настанот се дискутираше за моменталната состојба со примената на институтот условен отпуст и се споделија…

  • Повик за програмски координатор на програмата Младински активизам во Младински образовен форум (МОФ)

    Младински образовен форум (MOФ) објавува Повик за програмски координатор на програмата Младински активизам во Младински образовен форум Координаторот на програмата Младински активизам работи со мандат од 18 месеци и има право […]
    The post Повик за програмски координатор на програмата Младински активизам во Младински образовен форум (МОФ) appeared first on МОФ.

  • ЗГОЛЕМУВАЊЕ НА СВЕСТА ЗА ОПАСНОСТА ОД ПОЖАРИ НА ОТВОРЕН ПРОСТОР

    На 3.12.2024 година, ја имавме честа да присуствуваме на настанот за свечено потпишување на договори во рамки на проектот Управување со пожари на ниво на предел во земјите од Западен Балкан (LFMWB). РЕЦ, како добитник на грант преку нивниот Компетитивен фонд за заедници, ќе го реализира проектот ,,Земјоделство безбедно од…

  • Секој разговор, секоја акција и пријава не води поблиску до целта, а тоа е општество без корупција! Антикорупцискиот караван започна од Битола

    Програмата „Граѓаните против корупцијата“ денес (3 декември) го започна „Антикорупцискиот караван“ од плоштадот „Магнолија“ во Битола, каде преку директни разговори ги информираа граѓаните за значењето на борбата против корупцијата.

    Настанот го отвори координаторката на програмата Снежана Камиловска Трповска, која кажа дека овој караван претставува отворен форум и можност за приближување на институциите до граѓаните каде истите ќе можат да слушнат за реалните состојби со кои се соочуваат граѓаните секојдневно. Заменик претседателот на Владата за добро владеење г. Арбен Фетаи  истакна дека граѓанската активност и заедничкиот напор можат да доведат до значителни промени во културата и структурите на управување и дека граѓаните мораат активно да се вклучат и да се залагаат за антикорупциските реформи и за транспарентност во управувањето.

    Поздравни обраќања имаше и претседателката на Државната комисија за спречување на корупцијата, Татјана Димитровска, која ја поздрави иницијатива за организирање на Антикорупциски караван и изјави дека правдата и чесноста не се само зборови, туку се принципи по кои треба да делуваме сите заеднички.
    Директорот на Управата за финансиска полиција, Слободан Ивановски, во неговото обраќање ја најави новата реформа за внатрешна контрола во системот на работење на управата со цел да се избегнат субјективните влијанија. Тој истакна дека корупцијата  за жал е рак рана на секое општество и дека согласно дадената доверба од страна на граѓаните потребно е да се испорачаат конкретни резултати.
    Додека генералниот секретар на Општина Битола, Борче Димитровски, истакна дека најзначајно e граѓаните да бидат слушнати бидејќи се еден од коректорите во функционирањето на самата општина и дека се отворени за соработка со сите чинители и институции во борбата против корупцијата.

    „Ние сме тука да ве подржиме Вас граѓаните во борбата против корупцијата бидејќи разочарувачки е да се види дека има неисполнети ветувања кон децата и вас граѓаните“ заклучи Џери Дајбл, директорката на УСАИД во Република Северна Македонија.
    Над 100 граѓани на Антикорупцискиот караван  имаа прилика да се информираат  за можностите за пријавување корупција и да разговараат директно со претставниците на Државната комисија за спречување на корупцијата, Управата за финансиска полиција и претставниците на Општина Битола. Целта на овие неформални разговори беше да се доближи работата и надлежностите на институциите кон граѓаните во врска со нивните потреби и предизвиците со кои се соочуваат. Воедно, на неколкучасовната неформална дружба со граѓаните, беше презентирана алатката „Реагирај“ подготвена од Институтот за демократија „Социетас Цивилис“ (ИДСЦС), како и беа поттикнати да реагираат за двата тековни акции/случаи за РЕК Битола и Затворениот базен.

    Центарот за Граѓански комуникации (ЦГК) преку Граѓанскиот надзор над јавните набавки ги презентираше студиите на случаи за Општина Битола кои вклучуваат: изградбата на затворениот  базен во градот, кружниот тек кај „Ветеринарното“ и хоризонталната сигнализација на улиците. Со овие случаи тимот на ЦГК ги истакна проблемите на граѓаните на Битола со цел нивно ефикасно решение и подобро управување во иднина.
    Медиумите исто така обезбедија простор за разговори со граѓаните за нивните искуства и сведочења на коруптивни случаи.
    Дополнително на овој настан претставниците од институциите на централно ниво имаа можност да прошетаат низ неколку локации од градот со цел одблиску да се запознаат со некои од сомнителните случаи со корупција со кои битолчани секојдневно се соочуваат. 
    Антикорупцискиот караван утре продолжува пред „Саат кулата“ во Прилеп со почеток од 11:00ч.
    Оваа активност се организира во рамки на програмата „Граѓаните против корупцијата“ спроведувана од Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) во партнерство со Центарот за граѓански комуникации (ЦГК), Институтот за демократија „Социетас Цивилис“, Скопје (ИДСЦС), Стопанската комора на Северна Македонија (СКСМ), 360 Степени, Истражувачка репортерска лабораторија Македонија (ИРЛ) и Балканска истражувачка репортерска мрежа Македонија (БИРН). Програмата е финансирана од Американската агенција за меѓународен развој – УСАИД/Северна Македонија.

  • Сите поединци да придонесат за спречувањето на говорот на омраза и меѓуетничката нетрпеливост

      Случувањата на прославата на Денот на албанското знаме, вечерта на 28 ноември, предизвикаа  видлива поларизација, зголемен говор на омраза  и етничка нетрпеливост.  Имено, беше забележано дивеење со автомобили низ улиците на Скопје и се  слушаа рафали од огнено оружје што предизвика вознемиренист кај граѓаните, кое што понатаму се преточи во искажување на нетрпеливост со […]
    Read More… from Сите поединци да придонесат за спречувањето на говорот на омраза и меѓуетничката нетрпеливост
    The post Сите поединци да придонесат за спречувањето на говорот на омраза и меѓуетничката нетрпеливост appeared first on Хелсиншки комитет за човекови права.

  • Годишна средба на Коалицијата за клима

    Објавено на 02.12.2024 година. Изминатиот викенд бевме дел од годишната средба на Коалицијата за клима на која што сме членки од нејзиното основање и сме дел од Секретаријатот на истатаЦелта на Коалицијата за клима е преку своето делување базирано врз основа на партнерство да овозможи креирање на ставови, застапување, едукација, имплементирање на локални климатски акции, … Годишна средба на Коалицијата за клима Read More »

  • Eco Logic на ECON 2024: Ново поглавје на соработка и иновации

    Со големо возбудување, Eco Logic објавува дека ќе учествува на ECON 2024, настан кој собира организации и експерти од цела Европа со цел да поттикне соработка, размена на знаења и истражување на нови можности во светот на ЕУ проектите. Оваа година, настанот ќе се одржи во Порто, Португалија, на 5 и 6 декември. Што е […]

  • Започнување со еднодневни работилници со ученици во Биотехнолошката лабораторија

    Во рамките на проектот „Граѓански активизам за остварување на циркуларна економија во управувањето со органски отпад“ спроведуван од Центар за ресурси во животна средина (РЕЦ) – Северна Македонија во партнерство со Еко Логик и Флорозон Центар за еколошка демократија започнавме со одржување на еднодневните Работилници на тема „ Техники за трансформација на биоотпадот ” со основните училишта од Скопје. На 26 ноември и 28 ноември се одржаа 2 работилници со основните училишта ООУ “Димо Хаџи Димов” од Општина Карпош и ООУ “Св. Климент Охридски” од Кисела Вода.
    Главната цел на овие работилници е да се подигне свеста на младите дека сите ние придонесуваме за заштита на животната средина и да ги научиме што значи циркуларна економија преку реупотребата на био отпад. Преку нив сакаме да го доближиме концептот на циркуларна економија како начин за остварување на одржлив развој, преку едноставни техники на учење и примена на знаења во пракса, со што ќе придонесат за создавање на идни активни граѓани, образувани во областа на одржливиот развој и циркуларната економија, со цел да остварат придобивки во средината во којашто живеат, творат и се развиваат.
    Општата цел на проектот „Граѓански активизам за остварување на циркуларна економија во управувањето со органски отпад“ спроведуван од Центар за ресурси во животна средина (РЕЦ) – Северна Македонија во партнерство со Еко Логик и Флорозон Центар за еколошка демократија е стекнување на практични знаења за одржливо управување со органски отпад од страна на ученици од училиштата во Општина Карпош, Кисела Вода и Ѓорче Петров, како и од страна на пошироката јавност од Скопскиот плански регион, со цел постигнување на циркуларна економија и остварување на придобивки за одржлив развој.  Проектот е поддржан од Владата на Швајцарија и Амбасадата на Швајцарија во Македонија Embassy of Switzerland in North Macedonia преку Цивика мобилитас Civica Mobilitas.

    На почетокот на развивање на проектната идеа пристапивме кон 3 Општини Карпош,
    Ѓорче Петров и Кисела Вода за да добиеме поддршка за реализација на активностите од проектот. Сите три Општини се согласија да ни бидат партнери и ни ја дадоа нивната подршка, затоа учениците доаѓаат од основните училишта во овие Општини.

    Работиме со групи со ученици мешани од различни одделенија, а со тоа и различна возраст и предзнаења, првичните реакции беа многу разновидни. Голем дел од учениците за прв пат се среќаваа со ваков тип на настава па нормално е на почеток да беа малку срамежливи и по малку скептични. Меѓутоа, како се одвиваа активностите за време на работилниците, најголемиот дел од нив се вклопуваат во работната атмосфера и им беше интересно да бидат „мали научници“.Интересни им беа споредбите на она што се работи во лабораториски услови со тоа што знаат дека се случува во природата или пак она што го гледаат во секојдневниот живот. Со тоа, не само што учат нови работи, туку и ги поврзуваат нивните знаења и согледувања со она што е тема на работилниците, односно, преработката на биоотпад и заштедата на природни суровини.
    Особено се интересни реакциите на учениците во моментот кога успешно ќе го завршат експериментот и ќе можат со сопствени очи да го видат резултатот од она што го работеле. Тие реакции се разновидни, некои се восхитуваат, некои се радуваат а пак некои фотографираат со телефоните.

    Веројатно најголемиот предизвик за време на работилниците за учениците е недостатокот на предзнаења кај некои од нив. Тоа пред сѐ се должи на тоа што голем дел од учениците кои учествуват на нашите работилници се од 7-мо одделение, па сеуште на училиште немаат учено за одреден дел од работите како основа на она што го работиме. Секако, овој предизвик нашите едукатори го решаваат така што нивото на материјата која се работи се прилагодува на присутните ученици.
     
    На работилниците не учат само учениците туку и ние и едукаторите! Стекнатите знаења  од овие работилници ќе  ги искористиме за да се подобри процесот на едукација. Кога се работи со деца, свежи идеи и нови моменти никогаш не недостигаат. Дури и со релативно мал број на работилници одржани во однос на вкупниот планиран број, може да се забележи дека постигнуваме сѐ подобри резултати во експериментите, повеќе ангажирани ученици но и подобрување од наша страна. Тоа значи дека учиме и напредуваме. Овие стекнати знаења ќе ни помогнат да станеме уште подобри во ова поле, да организираме уште повеќе вакви настани и да опфатиме што е можно повеќе деца со вон-училишна едукација која ќе придонесе до создавање на генерации кои ќе имаат висока свест за потребата од зачувувањето и заштитувањето на животната средина.
    #CivicaMobilitas, #CHinMK,  Цивика мобилитас   (civicamobilitas.mk)

  • НАСТАН ЗА ПОДИГАЊЕ НА СВЕСТА ЗА НАСИЛСТВОТО: НАЧИНИ ЗА ИДЕНТИФИКАЦИЈА И ПРЕВЕНЦИЈА

    „ПРЕКИНИ ГО МОЛЧЕЊЕТО, ЗАПРИ ГО НАСИЛСТВОТО“

    На 30 ноември 2024 година, во општина Могила се одржа едукативна работилница со предавања на теми за подигнување на свеста за насилството: Начини за идентификација и превенција. Настанот беше дел од Меѓународната кампања „16 дена активизам за елиминација на насилството врз жените и семејното насилство“.

    Работилницата ја водеа Каролина Димеска, самостојна инспекторка од Отсекот за превенција при СВР Битола, и Мелек Ј. Текешаноска, помошник-инспекторка од ОВР Прилеп – НККР – ОК. Тие ги запознаа присутните со методи за препознавање на различните форми на насилство, како и со мерките за превенција и заштита што се на располагање на жртвите.

    Настанот нагласи дека едукацијата е клучен фактор во борбата против насилството. Се испрати јасна порака дека секој има право на живот без страв и насилство и дека борбата против насилството е заедничка одговорност.

    Настанот ја потврди важноста на едукацијата како средство за подигнување на свеста за личната безбедност и зајакнување на колективната одговорност во борбата против насилството. Учесниците беа поттикнати да бидат активни носители на промени, со цел да се создаде општество ослободено од насилство.

    Искрена благодарност упатуваме до СВР Битола и ОВР Прилеп, предавачите и сите присутни .

    Овој значаен настан е дел од заедничкиот проект „Гласот и учеството на жените и младите во: Креирање јавни политики и овозможувачка средина за граѓанско учество.“ се спроведува од „Женска граѓанска иницијатива АНТИКО“, Скопје и проектните партнери Здружението „СЕКОГАШ СОЖИВОТ“– с. Канатларци – Прилеп и „ЗОК АДРИОН“, Желино. 

    Поддржан од Владата на Швајцарија преку Civica Mobilitas.

    Цивика мобилитас е проект на Владата на Швајцарија, кој го спроведуваат МЦМС,НИРАС и ФЦГ. Мислењата кои се изразени овде се на Здружението “Секогаш Соживот„ не нужно ги одразуваат ставовите на Швајцарската Влада, Цивика мобилитас или организациите што ја спроведуваат.

  • Условен отпуст и електронски надзор во функција на успешна ресоцијализација и реинтеграција на осудените лица

    На 29 ноември, во Прилеп се одржа регионален настан на тема „Условен отпуст, електронски надзор и третманот во функција на успешна ресоцијализација и реинтеграција на осудените лица“, во организација на Македонско здружение на млади правници и СТАНИЦА ПЕТ. На настанот се дискутираше за состојбата со примената на институтот условен отпуст и претставниците на институциите кои се […]
    Read More… from Условен отпуст и електронски надзор во функција на успешна ресоцијализација и реинтеграција на осудените лица
    The post Условен отпуст и електронски надзор во функција на успешна ресоцијализација и реинтеграција на осудените лица appeared first on Хелсиншки комитет за човекови права.

Нема повеќе содржини

Нема повеќе содржини

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор