Вести од граѓанските организации

Содржината на информациите презентирани во овој дел од веб странaта се единствена одговорност на грантистите и на ниту еден начин не може да се смета дека ги одразуваат гледиштата на Цивика мобилитас, Швајцарската агенција за развој и соработка (SDC) или организациите што ја спроведуваат. Информациите се презентирани како што се пристигнати и печатните или други грешки во нив се одговорност на самите автори.

  • Хелсиншки комитет за човекови права одбележува 30 години постоење

    Хелсиншкиот комитет за човекови права оваа година го прославува својот 30 – годишен јубилеј, одбележувајќи го симболично на Денот на потпишувањето на Универзалната декларација за човекови права, 10 декември. Хелсиншкиот комитет во изминативе 30 години ја следи и работи на унапредувањето на состојбата со човековите права, обезбедува правна помош на сите маргинализирани и ранливи категории […]
    Read More… from Хелсиншки комитет за човекови права одбележува 30 години постоење
    The post Хелсиншки комитет за човекови права одбележува 30 години постоење appeared first on Хелсиншки комитет за човекови права.

  • Меѓународен ден на волонтери!

    По повод 5 декември, Меѓународниот ден на волонтерството, организиравме настан „Инспиративни разговори за волонтерството“ во соработка со Коалиција на младински организации СЕГА.

  • НАСТАН ЗА ПОДИГНУВАЊЕ НА СВЕТСА, ДОСТАПНИ МЕХАНИЗМИ ЗА ЗАШТИТА И ПОСТАПКИ ЗА ПРИЈАВУВАЊЕ НА НАСИЛСТВО

    „ПРЕКИНИ ГО МОЛЧЕЊЕТО, ЗАПРИ ГО НАСИЛСТВОТО“

    На 07 декември 2024 година, во општина Кочани се одржа едукативна работилница со предавања на теми подигнување свеста, достапни механизми за заштита и постапки за пријавување на насилство.Настанот беше дел од Меѓународната кампања „16 дена активизам за елиминација на насилството врз жените и семејното насилство“.

    Работилницата ја водеше Мартина Гагоски, Правник. Ги запознаа присутните со методи за препознавање на различните форми на насилство, како и со мерките за превенција и заштита што се на располагање на жртвите.

    Овој настан имаше за цел да ја подигне свеста за овие сериозни прашања и да ги поддржи жртвите на насилство.

    Присутните, поголем дел од времето, дебатираа за психолошкото насилство, дискутирајќи за неговите влијанија и начини за справување со него. Учесниците вклучуваа примероци (хипотетички) кои изразија голема посветеност во борбата против насилството и создавањето на безбедна средина за сите жртви. 

    Настанот ја потврди важноста на едукацијата како средство за подигнување на свеста за личната безбедност и зајакнување на колективната одговорност во борбата против насилството. Учесниците беа поттикнати да бидат активни носители на промени, со цел да се создаде општество ослободено од насилство.

    Искрена благодарност до присутните.

    Овој значаен настан е  дел од партнерскиот проект „Гласот и учеството на жените и младите во: Креирање јавни политики и овозможувачка средина за граѓанско учество.“ се спроведува од „Женска граѓанска иницијатива АНТИКО“, Скопје и проектните партнери Здружението „СЕКОГАШ СОЖИВОТ“– с. Канатларци – Прилеп и „ЗОК АДРИОН“, Желино.  Поддржан од Владата на Швајцарија преку Civica Mobilitas. Цивика мобилитас е проект на Владата на Швајцарија, кој го спроведуваат МЦМС, НИРАС и ФЦГ.

    Мислењата кои се изразени овде се на Здружението “Секогаш Соживот„ не нужно ги одразуваат ставовите на Швајцарската Влада, Цивика мобилитас или организациите што ја спроведуваат.

  • Отворен повик за наградата КВИР МАКЕДОНИУМ

    Награда за творештво во областа на квир уметноста   Хелсиншкиот комитет за човекови права – Скопје, во соработка со Коалиција Маргини, ХЕРА и Еквалис, објавува за првпат отворен повик за наградата КВИР МАКЕДОНИУМ, Награда за творештво во областа на квир уметноста. Во рамки на овој повик за наградата, на квир уметноста не и’ пристапуваме исклучиво […]
    Read More… from Отворен повик за наградата КВИР МАКЕДОНИУМ
    The post Отворен повик за наградата КВИР МАКЕДОНИУМ appeared first on Хелсиншки комитет за човекови права.

  • Унапредување на превентивната здравствена заштита за ранливите групи – Наоди и препораки од мониторингот на четири здравствено превентивни програми на министерството за здравство

    Превентивните програмите на Министерството за здравство на Република Северна Македонија играат значајна улога во обезбедување здравствена заштита на ранливите групи и намалување на здравствените нееднаквости. Партнерските граѓански организации ХЕРА – Асоцијација за здравствена едукација и истражување, Здружение за еманципација, солидарност и еднаквост на жените – ЕСЕ, Здружение за поддршка на…

  • Обука за елиминација на насилството врз жените

    Компанијата „Вабтек МЗТ“ го одбележа 25 ноември, Меѓународниот ден за елиминација на насилството врз жените, со презентација за препознавање и заштита од семејно и родово базирано насилство, подготвена од Славица Анастасовска Анастовска и Наташа Петковска, правни советнички во  Хелсиншкиот комитет за човекови права. Во презентацијата беше нагласено дека од особена важност  е да се заземе […]
    Read More… from Обука за елиминација на насилството врз жените
    The post Обука за елиминација на насилството врз жените appeared first on Хелсиншки комитет за човекови права.

Нема повеќе содржини

Нема повеќе содржини

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор