Вести од граѓанските организации

Содржината на информациите презентирани во овој дел од веб странaта се единствена одговорност на грантистите и на ниту еден начин не може да се смета дека ги одразуваат гледиштата на Цивика мобилитас, Швајцарската агенција за развој и соработка (SDC) или организациите што ја спроведуваат. Информациите се презентирани како што се пристигнати и печатните или други грешки во нив се одговорност на самите автори.

  • Реакција на Платформата на граѓански организации за борба против корупцијата на изнесените ставови на пратеникот Бојан Стојаноски

    Платформата на граѓански организации за борба против корупцијата остро реагира на обидите на пратеникот Бојан Стојаноски да ги поврзува реакциите на Платформата со влијанија на политички партии.

    Во услови кога сериозни аргументи против предложените измени на Законот за јавните набавки беа добиени и од Државата комисија за спречување на корупцијата, како и од Европската Унија, пратеникот Стојаноски изнесе лични ставови и информации против Платформата. Поради тоа, Платформата најостро реагира и бара Собранието да го осуди ваквото однесување на пратеникот.
    Платформата, која постои веќе 10 години, секогаш се води од принципи и начела кои произлегуваат од најдобрата пракса во борбата против корупцијата, како и од стручноста, искуството и истражувањата на нејзините членки. Во Платформата членуваат 14 организации како постојани членки кои со својата работа се докажале како искусни и стручни во дејноста и биле вклучени во многу консултативни процеси кои имале за цел да се унапредат одредени системски прашања за борба против корупција кои биле во согласност со меѓународните барања и пракса. Дополнително, сакаме да напоменеме, дека во рамки на Платформата сите одлуки се носат врз база на мнозинство, за кои постапки постојат децидно утврдени правила и процедури усвоени од страна на самите членки.
    Платформата го осудува овој обид да се наруши угледот на нејзините членки, кои исклучиво работат во корист на граѓаните, а тој е јавните институции да го штитат јавниот интерес, да ја спречат корупцијата и да испорачаат услуги во нивна корист.
    Дополнително, Собранието пропушти можност да овозможи експертска консултации, што е спротивно на искажаните заложби за креирање политики со вклучување на сите капацитети со кои располага македонското општество. Оваа пракса не треба да продолжи и во иднина доколку сакаме да носиме закони во интерес на граѓаните
    Во однос на соработката, Платформата останува посветена на своите принципи за креирање на политики преку транспарентен и консултативен процес, со активно вклучување на сите засегнати страни. Сметаме дека само преку отворен дијалог и партнерство меѓу граѓанското општество и институциите може да се создаде систем кој ќе одговара на потребите и барањата на сите граѓани. Граѓанското општество, претставено преку Платформата, ќе биде партнер на властите во процесите на креирање јавни политики и јавен интерес засновани на взаемна почит и професионален однос.

    Следно >

    Поврзани:

  • Јавен повик за избор на 14 членови и заменици членови на Советот за соработка меѓу Владата и граѓанското општество од редот на здруженијата и фондациите

    Информативни сесии
    На 20 јануари 2025 година, Генералниот секретаријат на Владата на Република Северна Македонија објави јавен повик за избор на 14 членови и заменици членови на Советот за соработка меѓу Владата и граѓанското општество од редот на здруженија и фондации. Советот се формира со Одлука на Владата на Република Северна Македонија, како советодавно тело на Владата за унапредување на соработката, дијалогот и поттикнување на развојот на граѓанското општество во Македонија.

    Одделението за соработка со невладините организации на Генералниот секретаријат на Владата во партнерство со Граѓанскиот ресурсен центар ги поканува претставниците на граѓанските организации на информативни сесии за презентирање на јавниот повик за избор на членови и заменици членови на Советот за соработка меѓу Владата и граѓанското општество.
    Информативните средби ќе се одржат со следниот распоред:

    Целта на овие информативни сесии е да се информираат граѓанските организации за клучните надлежности и улогата на Советот со фокус на процесот на избор, условите и критериумите за подобност, роковите и начинот на гласање за пријавените кандидати за членови на Советот од редот на здруженија и фондации. На овие информативни сесии, претставникот од Генералниот секретаријат на Владата детално ќе го презентира повикот и формуларот за аплицирање на повикот за избор на членови и заменици членови на Советот за соработка меѓу Владата и граѓанското општество од редот на здруженијата и фондациите. Организациите ќе имаат можност да поставуваат прашања и да добијат дополнителни појаснувања за повикот, изборот и гласањето.
    Дополнително, настанот ќе послужи за информирање на организациите за претстојните промени во правната рамка за подобрување на овозможувачката средина за развој на граѓанското општество во земјата како и за процесот на изготвувување на новата Стратегија за соработка со и развој на граѓанското општество со Акциски план за 2025-2028.
    Граѓанскиот ресурсен центар ги покрива патните трошоци во висина на автобуски билет за учесниците што не се од местото каде што се спроведува настанот.
    Пријавете го вашето учество преку пополнување на формуларот.

    Поврзани:

  • MOФ ќе биде домаќин на Европското дебатно првенство во 2026 година!

    Младинскиот образовен форум (МОФ) ќе бидедомаќин на Европското дебатно првенство за средношколци, кое ќе се одржи во Скопје, во февруари 2026 година. Овој настан претставува признание за долгогодишните напори и посветеност на дебатерите, тренерите и координаторите кои се дел од дебатната програма на МОФ.
    Пред 20 години, во 2005 година, Македонија беше домаќин и на Светското дебатно првенство коесе одржа во Струга, а тоа беше можност за создавање нови пријателства и размена на идеи што инспирираа идни генерации. Оттогаш па до денес, дебатната програма на МОФ постојано расте и напредува, од зацврстување на локалните клубови до остварување меѓународни успеси.Дополнително, МОФ има организирано три меѓународни дебатни првенства.
    Што носи 2026 година?
    Во 2026 година, Младинскиот образовен форум, повторно ќе ги отвори вратите за тимови од цела Европа, нудејќи им ја уникатната прилика да го искусат македонското гостопримство и енергијата на Скопје. Подготовките за овој голем настан веќе се во тек, а нашата цел е да организираме првенство кое ќе постави нови стандарди, ќе се памети долго и ќе придонесе кон уште поголемомеѓународно етаблирање на нашата дебатна заедница. Дополнително, целта ни е да ги инспирираме младите дебатери и да ја промовираме дебатата како алатка за критичко размислување, аргументирано изразување и градење позитивни промени во општеството.
    Дебатната програма на МОФ нуди бесплатна годишна програма за средношколци, со неделни предавања во Дебатни клубови, водени од обучени предавачи врз основа на стандардизиран курикулум. Средношколците учат за основите на дебатата, аргументирањето, критичкото размислување, тимската работа и јавното говорење преку Средношколски дебатен формат.На годишно ниво се одржуваат турнири на кои најдобрите тимови и говорници добиваат можност за учество на меѓународни натпревари. Во рамките на програмата е вклучена и универзитетска дебата, со акцент на студентските формати и Британската парламентарна дебата. Целта е да се поттикне култура на дијалог, критичко анализирање на општествените прашања и развивање наораторските способности кај младите.

  • Зошто е важно да ги заштитиме програмите за намалување на штети?

    Програмите за намалување на штети од дроги се клучни за здравјето и заштита на најранливите групи во Република Северна Македонија. Програмите за намалување на штети од дроги овозможуваат пристап до тестирање, стерилен прибор и друга поддршка, со што се спасуваат човечки животи и се намалуваат трошоците за здравствена заштита.
    Со заеднички напори, Владата на Република Северна Македонија, ХОПС и други организации покажаа дека можат да направат многу – нашата земја денес е лидер во регионот во спречувањето на ширењето на ХИВ. Ова партнерство има потенцијал да постигне уште поголеми успеси, но за тоа е потребно континуирано вложување во програмите кои спасуваат животи и градат здрава иднина за сите нас. Затворањето на овие програми би довело до сериозни последици, како пораст на ХИВ инфекции.

    ХОПС апелира за континуирано финансирање преку државниот буџет за да ја продолжиме успешната соработка за добро на сите граѓани и здрава иднина.
    Download document: Policy brief (PDF)
    Овој документ е подготвен во рамките на БООСТ проектот кофинансиран од Европската Унија.

  • Новости од првиот состанок на партнерите за 2025 година во рамките на проектот Intergreen Erasmus+

    Новости од првиот состанок на партнерите за 2025 година во рамките на проектот Intergreen Erasmus+Како што се приближуваме кон завршувањето на нашиот проект Intergreen Erasmus+, со задоволство ги споделуваме најновите достигнувања. Еве што постигнавме до сега:Општинските тренинг сесии скоро завршениНашите партнери успешно ги завршија општинските тренинг сесии или се во финалната фаза. Ова е значаен успех и важен чекор кон пренос на вештини и знаења на локалните заедници.
    Сесии со друштвени игриОрганизирани се неколку сесии со друштвени игри кои се не само забавни, туку и многу интерактивни. Овие сесии придонесоа за активно учество на учесниците и промоција на концептите за одржливост на едукативен начин.
    Превод на онлајн играта GreenUPПреводот на нашата онлајн игра GreenUP е во финална фаза и наскоро ќе биде достапен. Ова ќе ја направи играта достапна за поширока публика и ќе им овозможи на учесниците од различни региони да се вклучат во активностите за промоција на одржливи практики.
    Преговори за официјално признание на тренинг програматаВо тек се преговори со националните институции за добивање на официјално признание на нашата тренинг програма. Ова е важен чекор за осигурување на долгорочен ефект и признавање на програмата.Овие постигнувања се важни за напредокот на проектот Intergreen Erasmus+, и продолжуваме да работиме со нашите партнери за да ја постигнеме целта. Следете не за повеќе информации.За повеќе детали, посетете ја платформата Intergreen.

  • ГЕА: Водич за Одржливи Навики и Подобра Иднина

    Date:
    16/01/2025

    Во рамки на ГЕА проектот, беше подготвен краток водич кој има за цел да ги поттикне возрасните на создавање и практикување одржливи навики. Овој водич содржи практични совети кои преку едноставни промени можат да придонесат за поодржлива иднина за сите нас. Што содржи водичот? Водичот ги опфаќа следниве теми: Достапност и јазици Водичот е достапен […]

    Во рамки на ГЕА проектот, беше подготвен краток водич кој има за цел да ги поттикне возрасните на создавање и практикување одржливи навики. Овој водич содржи практични совети кои преку едноставни промени можат да придонесат за поодржлива иднина за сите нас.Што содржи водичот?Водичот ги опфаќа следниве теми:Намалување на отпадот – Како да се минимизира користењето пластика и да се рециклира правилно.
    Штедење енергија и вода – Совети за ефикасно користење на ресурси во секојдневниот живот.
    Користење обновливи извори на енергија – Придобивки од соларната енергија и другите обновливи извори.
    Одржлив транспорт – Препораки за користење на велосипед, јавен превоз или споделување возење.Достапност и јазициВодичот е достапен на повеќе јазици, вклучувајќи германски, француски, италијански, грчки и литвански. Можете да го најдете на веб-страницата на проектот на следниов линк:➡️ Како до поодржлива иднина: Водич за возрасниДополнително, водичот е достапен во две верзии:Дигитална верзија – Лесно достапна за сите корисници.
    Еко верзија за печатење – Подготвена со почит кон животната средина.Други ресурси и бесплатни обукиНа веб-страницата на проектот, исто така, можете да најдете и други интересни едукативни материјали кои ја поддржуваат едукацијата за одржливост. Еден од најзначајните ресурси е бесплатната онлајн обука за граѓанска наука, еко активизам и одржливост:➡️ Growing into Eco-Conscious AdultsПовеќе ресурси можете да истражите тука:➡️ Други едукативни ресурсиОвој водич и останатите ресурси се изработени со поддршка на Европската Унија преку Еразмус+ програмата и претставуваат значаен чекор кон создавање на поодржливи заедници.Придружете ни се во оваа иницијатива и направете промена денес за подобро утре!

    OTHER News Publications Publications for adults

    Е-курсот претставува адаптибилен образовен формат што ги опфаќа вештините потребни за спроведување на принципите на одржливост и добро управување во спортските организации. Курсот вклучува интерактивни модули со теоретски и специфични знаења за еколошката, социјалната и економската одржливост, како и позитивните и негативните влијанија врз локалните заедници. Достапен е на сите јазици претставени во конзорциумот и […]
    Read more

    Во рамки на ЦЕ Академијата одржана од Арно имавме можност да се запознаеме со основите на циркуларната економија. Преку воведна презентација од проф. д-р Наташа Данилоска, беа претставени концептите на 8R и нивната примена во создавање одржливи бизнис модели. Дискусиите ја нагласија важноста на интегрирањето на циркуларните принципи во секојдневните проекти и организации. Што научивме […]
    Read more

    Од 17 декември, Еко Логик официјално е дел од коалицијата посветена на борбата против злоупотребата на урбаното зеленило. Оваа иницијатива обединува граѓански организации, активисти и граѓани, со цел да се обезбеди достапно зеленило во секое соседство и општина, како и да се создадат услови за транспарентност и одговорност во неговото управување. Коалицијата ќе работи на […]
    Read more

    Придонесот на Living Labs во Поттикнувањето на Одржливост, Инклузивност и Естетика: Искуства од Проектот UP2NEB Living Labs претставуваат иновативен пристап кој ги вклучува локалните заедници во заедничко креирање решенија за актуелните општествени и еколошки предизвици. Во рамките на проектот UP2NEB, овие лаборатории беа дизајнирани да ги истражат и зајакнат трите клучни принципи на иницијативата Нова […]
    Read more

    Игра за Циркуларна Хемија: Нов Начин за Учење и Едукација Зошто Циркуларната Економија е Важна? Циркуларната економија се фокусира на создавање решенија за одржлив развој преку минимизирање на отпадот и максимизирање на искористеноста на ресурсите. За да се доближи оваа концепција до младите генерации, проектот “Циркуларна хемија во дигиталната ера”, поддржан од Еразмус+, ја претставува […]
    Read more

    Со големо возбудување, Eco Logic објавува дека ќе учествува на ECON 2024, настан кој собира организации и експерти од цела Европа со цел да поттикне соработка, размена на знаења и истражување на нови можности во светот на ЕУ проектите. Оваа година, настанот ќе се одржи во Порто, Португалија, на 5 и 6 декември. Што е […]
    Read more

  • Е-Курс: Одржливост и Добро Управување во Спортските Организации GAIA

    Date:
    16/01/2025

    Е-курсот претставува адаптибилен образовен формат што ги опфаќа вештините потребни за спроведување на принципите на одржливост и добро управување во спортските организации. Курсот вклучува интерактивни модули со теоретски и специфични знаења за еколошката, социјалната и економската одржливост, како и позитивните и негативните влијанија врз локалните заедници. Достапен е на сите јазици претставени во конзорциумот и […]

    Е-курсот претставува адаптибилен образовен формат што ги опфаќа вештините потребни за спроведување на принципите на одржливост и добро управување во спортските организации. Курсот вклучува интерактивни модули со теоретски и специфични знаења за еколошката, социјалната и економската одржливост, како и позитивните и негативните влијанија врз локалните заедници. Достапен е на сите јазици претставени во конзорциумот и содржи видеа, фотографии и инфографици.Што ќе научите на овој курс?Модул 1: Основен модул – Спорт и одржливостМодул 2: Добро управување и етички аспектиМодул 3: Партнерства, односи со засегнати страни и надворешна комуникацијаМодул 4: Идни трендови и предизвициСите видеа се достапни на: https://www.youtube.com/@gaiaprojecterasmus
    [embedded content]

    OTHER Activities News Projects

    Новости од првиот состанок на партнерите за 2025 година во рамките на проектот Intergreen Erasmus+ Како што се приближуваме кон завршувањето на нашиот проект Intergreen Erasmus+, со задоволство ги споделуваме најновите достигнувања. Еве што постигнавме до сега: Овие постигнувања се важни за напредокот на проектот Intergreen Erasmus+, и продолжуваме да работиме со нашите партнери за […]
    Read more

    Во декември 2024 година, беше успешно реализирано тестирање на активности во 10 училишта во Македонија како дел од проектот INNO KIDS – Innovative Approaches for Development of Sustainable Communities by Kids. Овој проект е финансиран од програмата Erasmus+ на Европската Унија и е заедничка иницијатива помеѓу Македонија, Словачка, Романија, Португалија и Италија. Проектот има за […]
    Read more

    Во рамки на ЦЕ Академијата одржана од Арно имавме можност да се запознаеме со основите на циркуларната економија. Преку воведна презентација од проф. д-р Наташа Данилоска, беа претставени концептите на 8R и нивната примена во создавање одржливи бизнис модели. Дискусиите ја нагласија важноста на интегрирањето на циркуларните принципи во секојдневните проекти и организации. Што научивме […]
    Read more

    Со големо возбудување, Eco Logic објавува дека ќе учествува на ECON 2024, настан кој собира организации и експерти од цела Европа со цел да поттикне соработка, размена на знаења и истражување на нови можности во светот на ЕУ проектите. Оваа година, настанот ќе се одржи во Порто, Португалија, на 5 и 6 декември. Што е […]
    Read more

    Да се потсетиме на фантастичниот настан што го организиравме – отворениот ден за искуствено учење. Овој настан беше пример за тоа како учењето може да биде забавно, иновативно и инспиративно. Во текот на денот, имавме можност да покажеме како искуственото учење, преку практични активности и интерактивни работилници, може да ја трансформира традиционалната образовна практика и […]
    Read more

    Центар за ресурси во животна средина (РЕЦ) – Северна Македонија, Флорозон – Центар за еколошкадемократија и Еко Логик во јули 2024 год. започнаa со спроведување на проектот „Граѓанскиактивизам за остварување на циркуларна економија во управувањето со органски отпад“.Општата цел на проектот е постигнување на циркуларна економија преку одржливо управување сооргански отпад со стекнување на практични […]
    Read more

  • Тестирање на активности во рамки на проектот INNO KIDS: Поддршка на зелени вештини и одржливи заедници

    Во декември 2024 година, беше успешно реализирано тестирање на активности во 10 училишта во Македонија како дел од проектот INNO KIDS – Innovative Approaches for Development of Sustainable Communities by Kids. Овој проект е финансиран од програмата Erasmus+ на Европската Унија и е заедничка иницијатива помеѓу Македонија, Словачка, Романија, Португалија и Италија.Проектот има за цел да ги развие зелени вештини кај младите, да создаде нови, иновативни и заеднички наставни програми, како и да ги поттикне креативноста, уметноста и културата меѓу учениците. Проектот се фокусира на целта за одржливи градови и заедници (Цел 11 од Агендата за одржлив развој на ООН), која ќе биде сериозно разгледана во текот на активностите. Преку оваа иницијатива, учениците ќе научат како да допринесат за создавање на пософистицирани и одржливи градски средини, истовремено развивајќи ги своите еколошки свест и иновативни способности.Тестирањето на активностите беше важен чекор за проверка на ефективноста на наставните материјали и методологиите кои ќе бидат понудени на учениците. Овие активности, кои ќе се применуваат и во иднина, се засновани на принципите на зелените вештини, а учениците ќе се запознаат со решенија кои ја намалуваат еколошката штета и промовираат циркуларни модели на одржливост.Проектот INNO KIDS не само што ги поддржува младите во развојот на овие вештини, туку ги вклучува и наставниците во процесот на создавање на нови наставни програми. Партнерските земји ќе имаат можност да споделат искуства и да создадат заеднички решенија кои ќе ја подобрат едукативната понуда и ќе ги оснажат идните генерации да се справат со предизвиците на глобалните климатски промени.Проектот е финансиран од програмата Erasmus+, која ја поддржува соработката помеѓу образовни институции низ Европа. Европската Комисија не е одговорна за содржината на оваа публикација, која одразува единствено ставовите на авторите.

  • Мерките за ограничување на цените и маржите ја смируваат инфлацијата само во првиот месец, потоа таа се враќа

    Во периодот од 2021 до 2024 година, Македонија беше соочена со значителен раст на инфлацијата, предизвикан од повеќе фактори. Нарушувањата во синџирите на снабдување и притисоците на одделни пазари (како тој на масло за јадење), предизвикаа ценовни притисоци уште во втората половина од 2021. Но, главниот удар врз цените дојде по почетокот на Руската инвазија врз Украина кон крајот на февруари 2022, настан кој предизвика тектонски геополитички и економски поместувања, што имаше силен одраз врз растот на цените на енергенсите и основните суровини. Споредено со ценовното ниво од почетокот на 2021 година, на крајот од 2024 година општото ниво на цени во Македонија е повисоко за 35%, додека нивото на цените на храната за 46.8%.
    Во одговор на овој инфлациски притисок, Владата воведе низа мерки за ублажување на негативните последици по потрошувачката и животниот стандард на населението. Преземените мерки во периодот 2021-2024 година се однесуваат на замрзнување на цените на одредени основни производи и/или ограничување на трговските маржи, со цел да се спречи натамошно покачување на цените. Донесени беа вкупно девет основни одлуки до декември 2024, од кои три се однесуваат на ограничување на маржите, а останатите на ограничување на цените. Дел од нив се однесуваат на одредени производи од групата храна, а дел покриваат поширока палета производи од храна.
    Наодите од анализата покажуваат дека мерките за ограничување на цените на храната извршиле благ агрегатен ефект и силен непосреден ефект. Просечната инфлација кај храната во периодите без примена на мерки изнесувала 0.5%, месец-за-месец. Со мерките, во просек инфлацијата кај храната била негативна најмногу до -1%, односно со мерките цените на храната се намалувале. Оттука, оценетиот ефект е релативно голем. Меѓутоа, тој ефект се разводнува по првиот месец од примената на мерката (кога таа траела подолго од еден месец). Ова означува дека додека мерките извршуваат најсилен очекуван ефект на намалување на цените на храната во првиот месец, тој ефект брзо се намалува веројатно заради прилагодувања на пазарната динамика (на пример, кај цени на алтернативни производи кои не се предмет на мерката).
    Следниот наод укажува дека мерките за ограничување на цените на храната ја смируваат инфлацијата само привремено, бидејќи штом мерката престане да важи, цените повторно се зголемуваат. Инфлацијата се враќа на динамиката од пред мерката, скоро во целост, но не е проценето натфрлување.
    Finance Think препорачува мерките за ограничување на цените на храната да се користат само во случаи на особено висока инфлација, а во сите останати случаи да се заменат со структурни мерки или мерки засновани врз пазарни принципи, и тоа: доследна и непристрастна примена на Законот за нефер трговски практики, зајакнување на капацитетот и алатките на Комисијата за заштита на конкуренцијата, ремонт на системот на земјоделски субвенции за поголемо домашно производство, и таргетирана буџетска поддршка на најранливите сегменти од населението.

Нема повеќе содржини

Нема повеќе содржини

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор