Вести

  • Трет повик за институционални грантови ЦМ-ИНС-03

    Цивика мобилитас објавува повик за доделување институционални грантови [ЦМ-ИНС-03].

    Институционалните грантови на Цивика мобилитас ќе го поддржат процесот на институционален развој / организациско јакнење на избраните грантисти, засновани на самооценка на апликантите и од нив предложени „патокази“ за сопствената организациска трансформација.

  • Потпишани договорите за првите специфични акциски грантови

    Potpisuvanje dogovori SAKМакедонскиот институт за медиуми (МИМ) во партнерство со Центарот за истражувачко новинарство СКУП Македонија и Асоцијацијата за истражување, комуникации и развој „Паблик“ денес (12.2.2016 година), во просториите на МЦМС ги потпишаа првите два договори за специфични акциски грантови на Цивика Мобилитас.

  • Во март ќе бидат познати новите институционални грантисти на Цивика мобилитас

    Civica mobilitas CM INS 02МЦМС ја заврши проверката на административниот квалитет и на подобноста на пријавите за вториот циклус на институционални грантови од програмата Цивика мобилитас. На повикот што беше отворен од 27 ноември 2015 година до 15 јануари 2016 година беа поднесени вкупно 126 пријави.

  • КРАЕН РОК ЗА ПОДНЕСУВАЊЕ ПРИЈАВИ ЗА ВТОРИОТ ПОВИК ЗА ИНСТИТУЦИОНАЛНИ ГРАНТОВИ

    Крајниот рок за поднесување пријави за повикот за институционални грантови на Цивика мобилитас, реф. бр. ЦМ-ИНС-02 е петок, 15 јануари 2016 г. до 16 часот. Канцеларијата на МЦМС ќе биде отворена за прием на пријавите од 9 до 16 часот на 15 јануари 2016 г.

  • ИЗВЕСТУВАЊЕ

    Цивика мобилитас ве известува дека линијата за поддршка (канцеларија) на Цивика мобилитас ќе биде отворена во рамки на работното време на 4, 5 и 6 јануари, додека на 7 и 8 јануари 2016 г. линијата за поддршка ќе биде затворена. Прв следен работен ден за линијата за поддршка е 11…

  • Безбедноста и слободата на новинарите во Македонија

    ZNM bezbednost na novinarite 1Здружението на новинарите на Македонија, светскиот ден за човекови права 10-ти декември го одбележа со тематски форум на тема: „Безбедноста и слободата на новинарите во Македонија“. На настанот учествуваа министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, министерката за информатичко општество Марта Арсовска Томовска, Народниот правобранител Иџет Мемети, а во работниот дел свои излагања имаа новинарот Томислав Кежаровски, претседателката на новинарскиот синдикат Тамара Чаусидис, директорката на Советот за етика Марина Тунева, раководителката на програми на МИМ Весна Никодиноска и првиот човек на ЗНМ, Насер Селмани.

  • Граѓанските организации имаа обврска да го поттикнат волонтерството

    CM forum volonterstvo2Дебатата „Hands on matters“ што се одржа во рамките на програмата на Националниот форум на Цивика мобилитас беше посветена на Граѓанскиот ангажман и влонтерството. На дебатата зборуваа Александра Ристовски, Никица Кусеникова, Ивона Крстевска, Габриела Андреевска, Даниела Стојанова, Ѓоко Вукановски и Логин Кочишки.

  • Промовирани првите мали акциски и ад хок грантисти на Цивика мобилитас

     MG 1658Цивика мобилитас, промовираше девет мали и пет ад хок грантисти, како дел од програмата на Националниот форум што се одржа на 4 декември 2015 година. Сертификатите на грантистите им ги додели вршителот на должност Амбасадор на Швајцарија во Македонија, г-ѓа Катерина Штокер. „Целта е да се создаде критична маса на граѓански организации кои ќе бидат подготвени навремено да ги адресираат проблемите во општеството и со активно учество да ги решат“, рече Штокер.

  • Доделени наградите за волонтерство

    Во рамки на Националниот форум „Граѓански ангажман и волонтерството“ организиран од Цивика Мобилитас и партнерите, Националниот совет за развој на волонтерство и Министерството за труд и социјална политика ги доделија националните награди за волонтерство за 2015 година.

Нема повеќе содржини

Нема повеќе содржини

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор