Вести

  • Работилница за социјален маркетинг

    Social Marketing 1Користењето на социјалниот маркетинг за целите на граѓанските организации беше главната идеа на воведната работилница на оваа тема што се одржа на 20 и 21 април 2016 година во Скопје. На работилницата учествуваа дваесетина претставници на грантистите на Цивика мобилитас, а ја водеше Сајмон Форестер, меѓународен експерт на програмата.

  • Се комплетираа специфичните грантисти

    SAK 02 grantisti 2Новите четири специфични акциски грантисти на Цивика мобилитас, се состанаа на 11 април 2016 година и разменија информации за истражувачко-развојните акции. Од страна на тимот на Цивика мобилитас беа презентирани намената, приоритетите и очекувањата од овие и од трите претходно одобрени грантови, како и договорните права и обврски и процесот на склучување договор.

  • Планирање на организацискиот развој

    Rabotilnica INS1Третата работилница за организациско јакнење на првите 16 институционални грантисти на Цивика мобилитас се одржа на 25 февруари 2016 година во просториите на МЦМС. Целта на работилницата беше учесниците бидат воведени во процесот на подготовка на План за организациски развој.

  • Информативна сесија за вториот повик за специфични акциски грантови

    Info sesija CM SAK 02Денес (23.2.2016 г.) во просториите на МЦМС се одржа информативна сесија за вториот повик за специфични акциски грантови со референтен број ЦМ-САК-02. На инфо-сесијата учествуваа 15 претставници на 11 граѓански организации и медиуми кои имаа можност да им постават прашања и да добијат одговори од тимот на Цивика мобилитас во однос на овој повик.

  • Инфо сесија за повикот за Специфични грантови

    Цивика мобилитас ќе одржи информативна сесија за повикот за Специфични грантови кој беше објавен на 15 февруари 2016 година. Информативната сесија ќе се одржи на 23 февруари 2016 година со почеток во 12 часот во просториите на МЦМС.

  • Трет повик за институционални грантови ЦМ-ИНС-03

    Цивика мобилитас објавува повик за доделување институционални грантови [ЦМ-ИНС-03].

    Институционалните грантови на Цивика мобилитас ќе го поддржат процесот на институционален развој / организациско јакнење на избраните грантисти, засновани на самооценка на апликантите и од нив предложени „патокази“ за сопствената организациска трансформација.

  • Потпишани договорите за првите специфични акциски грантови

    Potpisuvanje dogovori SAKМакедонскиот институт за медиуми (МИМ) во партнерство со Центарот за истражувачко новинарство СКУП Македонија и Асоцијацијата за истражување, комуникации и развој „Паблик“ денес (12.2.2016 година), во просториите на МЦМС ги потпишаа првите два договори за специфични акциски грантови на Цивика Мобилитас.

Нема повеќе содржини

Нема повеќе содржини

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор