Author: Гласен текстилец

  • Покана за учество на Националната конференција за родова еднаквост и дискриминација на работното место

    Почитувани,

    Здружението Гласен Текстилец со задоволство ве поканува да учествувате на Националната конференцијаза родова еднаквост и дискриминација на работното место, која ќе се одржи на 7 март 2025 година (петок) со почеток во 16:00 часот во Хотел Оаза – Штип.На конференцијата ќе бидат разгледувани важни теми поврзани со родовата еднаквост, дискриминацијата и предизвиците на работното место. Со цел да поттикнеме соработка и конструктивен дијалог, ќе се организираат излагања и дискусии со експерти, работодавачи, претставници на Национални институции и граѓански организации, кои ќе дадат конкретни препораки за создавање на безбедни и инклузивни работни средини за жените.

    Ве молиме да потврдите учество најдоцна до 5 март 2025 година на електронската адреса: antonela.miteva@glasentekstilec.mk или телефонски на 075 316 109.

    Со почит,Гласен Текстилец.

  • Врснички едукации 2024

    Во рамките на проектот „Организирани граѓани за организирана иднина“, финансиски поддржан од Меѓународниот центар Олоф Палме и Шведска, во периодот на месец декември ги реализиравме врсничките едукации за теми поврзани со Законот за работните односи, вознемирување на работното место и меѓуврсничко насилство.

    Работилниците беа предводени од 6 врснички едукатори, кои претходно беа едуцирани во Штип.

    Следните училишта беа опфатени со едукациите #ГиЗнамСвоитеРаботилниПраваЈаЗнамСвојатаМоќ 1. ПСУ САБА Штип;2. СОУ „Јане Сандански“ – Штип;3. СОУ „Коле Нехтенин“ – Штип;4. СОУ „Љупчо Сантов“ – Кочани;5. ДМУЦ „Сергеј Михајлов“ – Штип;6. СОУ „Димитар Мирасчиев“ – Штип

    Вкупно беа опфатени околу 150 средношколци.

  • Потпишан Меморандум за соработка помеѓу Здружението ИНИ и Општина Виница

    Денес нашите партнери, Здружението Иницијатива на невработени интелектуалци „ИНИ“ од Виница, претставувано од претседателот Тодор Цонев и Миле Петков, градоначалник на Општина Виница, потпишаа Меморандум за соработка во рамките на проектот „Преку женски активизам и иницијативи до родово-инклузивни и одговорни општини“. Овој проект го спроведуваме заедно со Здружението ЕХО Едукативно хуманитарна организација и Здружението Иницијатива на невработени интелектуалци. Со ова партнерство започнуваме важен чекор кон реализација на проектот, кој нуди практични решенија за трансформативни промени во заедницата.

    Меморандумот има за цел:

    1. Проценка на актуелните приоритети и потреби на жените и девојките во локалната заедница; 

    2. Мобилизација на жени и девојки во креирање на родово сензитивни политики и програми во заедницата; 

    3. Поддршка во организацијата на 1 локален Форум на заедницата, како и учество на претставници/чки од општинската администрација во реализација на останатите активности поврзани со презентација и одредување на приоритети за подготовка на родово буџетски иницијативи;

    4. Учество на регионална конференција;

    5. Поддршка при мобилизација и создавање на јадро на женски активистки – лидерки, меѓу кои и жени активистки од партиите и раководителки од општинската администрација;

    6. Активно вклучување на вработените во општината во активности/работилници за родово одговорно буџетирање;

    7. Вклучување на жените и девојките од заедницата во креирање на општинските програми и проекти;

    8. Поддршка во мобилизација на жените и девојките од заедницата за учество на отворените денови за промоција на активностите на проектот и родово одговорното буџетирање;

    9. Залагање и застапување за реализација на родово – буџетски иницијативи, предложени од проектниот тим.

    Заеднички градиме поправедна и инклузивна заедница! 

    Проектот „Преку женски активизам и иницијативи до родово-инклузивни и одговорни општини“ е финансиски поддржан од  Владата на Швајцарија преку Цивика мобилитас. Цивика мобилитас е проект на Владата на Швајцарија за поддршка на граѓанското општество во Северна Македонија, која ја спроведуваат Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС), НИРАС од Данска и ФЦГ од Шведска. Целта на програмата е општествените промени во Северна Македонија кои се водени од силен граѓански сектор, од активни граѓани и добра соработка со властите што резултира со проширен граѓански простор, поодржливи граѓански организации и потранспарентно, отчетно и општествено инклузивно владеење на централно и локално ниво. Мислењата кои се изразени овде не нужно ги одразуваат ставовите на Швајцарската Влада, Цивика мобилитас или организациите што ја спроведуваат.

    www.glasentekstilec.mk | www.eho-org.mk | www.ini.org.mk

  • Потпишан Меморандум за соработка помеѓу Здружението ЕХО едукативно-хуманитарна организација и Општина Штип, во рамките на проектот „Преку женски активизам и иницијативи до родово-инклузивни и одговорни општини“

    Денес нашите партнери од Здружението ЕХО едукативно-хуманитарна организација во рамките на проектот „Преку женски активизам и иницијативи до родово-инклузивни и одговорни општини“, […]

  • Работилница „Добри практики за одржливост на граѓанските организации“, организирана од Цивика мобилитас

    На 24 и 25 октомври, во Берово, тимот на ГласенТекстилец и претставникот на Здружението Иницијатива на невработени интелектуалци од Виница, учествуваа на […]

  • „Партнерства за донирање“, 2024

    Fashion with a Cause Гласен Текстилец беше таму! Со гордост објавуваме дека нашите модели се донираа на аукцијата, а собраните […]

Нема повеќе содржини

Нема повеќе содржини

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор