Author: Гласен текстилец

  • Отворен ден за информирање, економско зајакнување и женски права

    Во Штип на 08.03.2025 година од 12:00 до 13:00 часот, Гласен текстилец организира „Отворен ден“. Настанот имаше за цел да ја подигне свеста за родовата еднаквост и да ги зајакне жените преку истакнување на клучните прашања за работничките права, како што се дискриминацијата на работното место, мобингот и прекршувањето на правата. Настанот обедини околу 200 луѓе и работници/чки, со едукативни материјали за еднаквост и зајакнување на жените. Над 200 печатени материјали, вклучувајќи флаери беа дистрибуирани за време на настанот.

    Настанот е дел од проектот „Институционално и економско зајакнување на жените и девојките од источниот регион 2“, којшто го имплементира здружението за заштита на работничките права Гласен текстилец од Штип. Проектот е финансиски поддржан од The Kvinna till Kvinna Foundation и Шведска. Содржината на оваа објава е единствена одговорност на Гласен текстилец Штип.

  • Национална конференција за родова еднаквост и дискриминација на работното место

    На 7 март 2025 година, во Штип одржа Националната конференција за родова еднаквост и дискриминација на работното место, организирана од Гласен Текстилец.

    Говорници на конференцијата ни беа:

    Кристина Ампева, претседателка на Гласен Текстилец;

    Миле Бошков, извршен претседател на БКМ;

    Винка Мирчевска Правулович, работничка;

    проф. д-р Лазар Јовевски, советник на премиерот за труд и социјална политика;

    Миле Стојановски, Министерство за економија и труд;

    Лимко Бејзароски, претседател на КСЗД;

    Маја Цветановска, Државен трудов инспекторат.

    На конференцијата се отвори конструктивна дискусија за предизвиците со кои се соочуваат работничките, механизмите за заштита од дискриминација и потребата од системски промени. Претставниците од различни сектори ги споделија досегашните искуства, успешните примери, но и прашањата кои остануваат нерешени во рамките на постојната законска регулатива.

    -Ќе се сетиме пред година дена дека имавме случај, каде што на бремена работничка не и беше продолжен договорот за работа, подоцна тие истите работодавачи да објават нов оглас за истото работно место и конечно имавме еден случај да докажеме по 30 години дека ете заедно со Комисијата за заштита и спречување од дискриминација ете тие договори на определено се користат токму заради тоа. Доколку жена работничка користи боледување за нега на дете, доколку е бремена или слично, ете тие договори се користат за тоа да не им биде продолжен договор за вработување, рече Ампева.

    Националната конференција е дел од проектот „Институционално и економско зајакнување на жените и девојките од источниот регион 2“, којшто го имплементира здружението за заштита на работничките права Гласен текстилец од Штип. Проектот е финансиски поддржан од The Kvinna till Kvinna Foundation и Шведска. Содржината на оваа објава е единствена одговорност на Гласен текстилец Штип.

    #РодоваЕднаквост#ДискриминацијаНаРаботнотоМесто#НационалнаКонференција #ГласенТекстилец

  • ЈАВЕН ПОВИК изнајмување на техничка и аудио опрема за Националната конференција за родова еднаквост и дискриминација на работното место

    Здружението Гласен Текстилец од Штип во рамките на проектот „Институционално и економско зајакнување на девојките и жените од Источен регион“ ја организира Националната конференција за родова еднаквост и дискриминација на работното место, која ќе се одржи на 7 март 2025 година (петок) со почеток во 16:00 часот во Хотел Оаза – Штип. На конференцијата ќе бидат разгледувани важни теми поврзани со родова еднаквост, дискриминацијата и предизвиците на работното место. Со цел да поттикнеме соработка и конструктивен дијалог, ќе се организираат излагања и дискусии со експерти, работодавачи, Национални институции играѓански организации, кои ќе дадат конкретни препораки за создавање на безбедни и инклузивни работни средини за жените.

    НАРАЧАТЕЛ: Здружение за заштита на работничките права „Гласен Текстилец“ од Штип, со седиште на ул.Сутјеска бр.59 во Штип.

    ЦЕЛ НА ПОВИКОТ:

    Изнајмување на техничка/аудио опрема за Национална конференција. Опремата треба да биде комплетна и да биде наменета за околу 50 присутни.

    ВРЕМЕНСКА РАМКА:

    Рок за доставување на понудите 28.02.2025 година;

    Рок за избор на најповолен понудувач и известување 03.03.2025 година;

    Реализација: 7 март 2025 со почеток во 16:00 часот, хотел Оаза Штип.

    ДОСТАВУВАЊЕ НА ПОНУДИТЕ

    Понудите се доставуваат во електронска форма на blagojche.dishoski@glasentekstilec.mk или на ул.Сутјеска бр. 59, 2000 Штип.

    Понудите што ќе пристигнат по наведениот рок, нема да бидат земени предвид.

    ДОПОЛНИТЕЛНИ ИНФОРМАЦИИ:

    Благојче Дишоски: 075316108, секој работен ден во периодот од 09 до 16 часот.

    Проектот е финансиски поддржан од The Kvinna till Kvinna Foundation и Шведска.

  • Гласен текстилец пристапи кон Кодекс за граѓански организации

    Денес Здружението за заштита на работничките права „Гласен текстилец“ пристапи кон Кодекс за граѓански организации, изготвен од Македонски центар за меѓународна соработка (МЦМС).

    Кодексот за граѓански организации има за цел да го зајакне системот на саморегулација и да придонесе до поголема професионалност и отчетност. Еден од најголемите предизвици со кои се соочуваме денес е градењето на доверба со граѓаните и пошироката јавност. Како граѓански организации кои делуваме на локално и национално ниво треба да обезбедиме поширока отчетност за својата работа и со тоа да го потврдиме својот јавен интерес во процесите на креирање на политиките кои се од интерес за граѓаните, а за кои добиваме ресурси.

  • Јавен повик за ревизорски услуги

    Здружение за заштита на работничките права Гласен Текстилец Штип, во рамките проектот „Преку женски активизам и граѓански иницијативи до родово инклузивни и одговорни општини“, финансиран од владата на Швајцарија преку Цивика мобилитас, a спроведуван во партнерство со Здружение ЕХО едукативно-хуманитарна организација од Штип  и  Здружение Иницијатива на невработени интелектуалци од…

  • Покана за учество на Националната конференција за родова еднаквост и дискриминација на работното место

    Почитувани,

    Здружението Гласен Текстилец со задоволство ве поканува да учествувате на Националната конференцијаза родова еднаквост и дискриминација на работното место, која ќе се одржи на 7 март 2025 година (петок) со почеток во 16:00 часот во Хотел Оаза – Штип.На конференцијата ќе бидат разгледувани важни теми поврзани со родовата еднаквост, дискриминацијата и предизвиците на работното место. Со цел да поттикнеме соработка и конструктивен дијалог, ќе се организираат излагања и дискусии со експерти, работодавачи, претставници на Национални институции и граѓански организации, кои ќе дадат конкретни препораки за создавање на безбедни и инклузивни работни средини за жените.

    Ве молиме да потврдите учество најдоцна до 5 март 2025 година на електронската адреса: antonela.miteva@glasentekstilec.mk или телефонски на 075 316 109.

    Со почит,Гласен Текстилец.

  • Врснички едукации 2024

    Во рамките на проектот „Организирани граѓани за организирана иднина“, финансиски поддржан од Меѓународниот центар Олоф Палме и Шведска, во периодот на месец декември ги реализиравме врсничките едукации за теми поврзани со Законот за работните односи, вознемирување на работното место и меѓуврсничко насилство.

    Работилниците беа предводени од 6 врснички едукатори, кои претходно беа едуцирани во Штип.

    Следните училишта беа опфатени со едукациите #ГиЗнамСвоитеРаботилниПраваЈаЗнамСвојатаМоќ 1. ПСУ САБА Штип;2. СОУ „Јане Сандански“ – Штип;3. СОУ „Коле Нехтенин“ – Штип;4. СОУ „Љупчо Сантов“ – Кочани;5. ДМУЦ „Сергеј Михајлов“ – Штип;6. СОУ „Димитар Мирасчиев“ – Штип

    Вкупно беа опфатени околу 150 средношколци.

  • Потпишан Меморандум за соработка помеѓу Здружението ИНИ и Општина Виница

    Денес нашите партнери, Здружението Иницијатива на невработени интелектуалци „ИНИ“ од Виница, претставувано од претседателот Тодор Цонев и Миле Петков, градоначалник на Општина Виница, потпишаа Меморандум за соработка во рамките на проектот „Преку женски активизам и иницијативи до родово-инклузивни и одговорни општини“. Овој проект го спроведуваме заедно со Здружението ЕХО Едукативно хуманитарна организација и Здружението Иницијатива на невработени интелектуалци. Со ова партнерство започнуваме важен чекор кон реализација на проектот, кој нуди практични решенија за трансформативни промени во заедницата.

    Меморандумот има за цел:

    1. Проценка на актуелните приоритети и потреби на жените и девојките во локалната заедница; 

    2. Мобилизација на жени и девојки во креирање на родово сензитивни политики и програми во заедницата; 

    3. Поддршка во организацијата на 1 локален Форум на заедницата, како и учество на претставници/чки од општинската администрација во реализација на останатите активности поврзани со презентација и одредување на приоритети за подготовка на родово буџетски иницијативи;

    4. Учество на регионална конференција;

    5. Поддршка при мобилизација и создавање на јадро на женски активистки – лидерки, меѓу кои и жени активистки од партиите и раководителки од општинската администрација;

    6. Активно вклучување на вработените во општината во активности/работилници за родово одговорно буџетирање;

    7. Вклучување на жените и девојките од заедницата во креирање на општинските програми и проекти;

    8. Поддршка во мобилизација на жените и девојките од заедницата за учество на отворените денови за промоција на активностите на проектот и родово одговорното буџетирање;

    9. Залагање и застапување за реализација на родово – буџетски иницијативи, предложени од проектниот тим.

    Заеднички градиме поправедна и инклузивна заедница! 

    Проектот „Преку женски активизам и иницијативи до родово-инклузивни и одговорни општини“ е финансиски поддржан од  Владата на Швајцарија преку Цивика мобилитас. Цивика мобилитас е проект на Владата на Швајцарија за поддршка на граѓанското општество во Северна Македонија, која ја спроведуваат Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС), НИРАС од Данска и ФЦГ од Шведска. Целта на програмата е општествените промени во Северна Македонија кои се водени од силен граѓански сектор, од активни граѓани и добра соработка со властите што резултира со проширен граѓански простор, поодржливи граѓански организации и потранспарентно, отчетно и општествено инклузивно владеење на централно и локално ниво. Мислењата кои се изразени овде не нужно ги одразуваат ставовите на Швајцарската Влада, Цивика мобилитас или организациите што ја спроведуваат.

    www.glasentekstilec.mk | www.eho-org.mk | www.ini.org.mk

  • Потпишан Меморандум за соработка помеѓу Здружението ЕХО едукативно-хуманитарна организација и Општина Штип, во рамките на проектот „Преку женски активизам и иницијативи до родово-инклузивни и одговорни општини“

    Денес нашите партнери од Здружението ЕХО едукативно-хуманитарна организација во рамките на проектот „Преку женски активизам и иницијативи до родово-инклузивни и одговорни општини“, […]

Нема повеќе содржини

Нема повеќе содржини

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор