Author: Здружение Центар на активни граѓани АКТИВО Велес

01 Gender Mkd.jpg

Мониторинг: Општините и родовата еднаквост

Во Република Северна Македонија постои широка национална стратешка и законска рамка за воспоставување и промовирање на родовата еднаквост во општеството: Закон за еднакви можности на жените и мажите, Стратегија за родова еднаквост 2022 – 2027, Национален план за родова еднаквост 2022 – 2024, Национална стратегија за еднаквост и недискриминација 2022 – 2026  и др. Сите овие документи ги артикулираат прашањата за родовата еднаквост, преку низа институционални заложби, мерки и активности. Покрај институциите на национално ниво и општините имаат обврска да реализираат активности за унапредување на родовата еднаквост на локално ниво.
Според Законот за еднакви можности на жените и мажите, единиците на локалната самоуправа се обврзани, во рамките на своите надлежности, да го почитуваат и применуваат принципот на еднакви можности. Ова подразбира промовирање и унапредување на еднаквите можности меѓу жените и мажите преку преземање основни и посебни мерки, како и изготвување на годишен план за нивна реализација. Дополнително, општините се должни да го инкорпорираат принципот на еднакви можности во своите стратешки планови и буџети, да ги следат ефектите и влијанието на своите програми врз жените и мажите, и редовно да известуваат преку годишните извештаи. Тие, исто така, треба активно да учествуваат во подготовката на стратегијата за родова еднаквост, особено во делот што се однесува на единиците на локалната самоуправа. Покрај тоа, општините се обврзани да формираат комисии за еднакви можности и да назначат координатори за оваа област.
Во последните две години, под влијание на анти-родовите здруженија и активисти, дел од општините направија измени и дополнувања во своите годишни програми за еднакви можности и интервенираа во родовата терминологија. Притоа, родовите концепти и терминологија се сведени исклучиво на половата димензија, што значително го ограничува поширокото значење и примената на концептот на родова еднаквост.
Имајќи го предвид ова, НВО Инфоцентарот, со партнерските организации (Спектар од Крива Паланка, Организација на жените од Струмица, Граѓанската иницијатива на жени од Свети Николе и Активо од Велес) спроведе мониторинг за да провери дали општините имаат годишни програми и стратешка рамка за родова еднаквост, како и дали се направени измени во програмите од аспект на родовите концепти и терминологија. Мониторингот го опфати периодот од 2022 до 2024 година (заклучно со септември), а се реализираше во осум општини – Крива Паланка, Куманово, Велес, Струмица, Свети Николе, Лозово, Босилово и Ново Село. До сите општини беа доставени барања за пристап до информации од јавен карактер, а дополнително беа истражени и интернет-страниците на општините, како и објавите во медиумите кои се однесуваат на темите поврзани со мониторингот и мониторираните општини.
Оваа активност е реализирана во рамки на проектот „Активни граѓани и партиципативна демократија на локално ниво“, поддржана од меѓународниот центар Улоф Палме од Шведска.

Клучни наоди
Иако, сите општини имаат обврска да ја интегрираат родовата еднаквост, во согласност со законот за еднакви можности и релевантните стратешки документи, мониторингот покажа дека реализацијата на локално ниво е нерамномерна и со значителни разлики меѓу општините.
Повеќето од мониторираните општини немаат сопствена стратешка рамка за унапредување на родовата еднаквост, но речиси сите имаат годишни програми за еднакви можности. Во исто време, иако во општините постојат комисии за еднакви можности, тие не се ниту многу активни, ниту доволно транспарентни. Ретко се состануваат, а ниту една општина не достави записници од нивните состаноци во изминатите три години.
Дури пет општини (Струмица, Куманово, Свети Николе, Босилово, Ново Село) во текот на 2023 година направиле измени и дополнувања во своите годишни програми и терминот „род“ го замениле со „пол“.  Овие измени не се само јазични, туку се концептуални. Ваквата промена на родовата терминологија претставува суштинска трансформација на пристапот кон политиките за еднакви можности на локално ниво. Замената на „род“ со „пол“ ја намалува и ограничува способноста на општините да се справат со комплексните родови прашања, а сето ова сериозно ја поткопува родовата еднаквост како стратешка цел. Промените го ограничуваат опфатот на мерките и ги исклучуваат пошироките аспекти на родовата еднаквост, како што се родовите улоги, родовите стереотипи и родово базираното насилство. Ова доведува до маргинализација на ранливите групи, како ЛГБТИ+ заедницата, но и ја намалува одговорноста на институциите за интеграција на родовата перспектива во јавните политики.
Прочитајте го целосниот извештај од мониторингот Општините и родовата еднаквост.

Maxresdefault 750x375 1.jpg

Вештачката интелигенција како поддршка за граѓаните и заедницата

Програмата „Здружени за активно граѓанство“ на НВО Инфоцентар, поддржана од Европската Унија, континуирано соработува и ги охрабрува локалните граѓански организации (ГО) да ги развиваат нивните капацитети за мобилизација, застапување и одржлив развој. Едновремено ги поддржува нивните напори да го прошират и зајакнат своето влијание.
Користењето на алатките на вештачката интелигенција (ВИ) може да е од голема помош за граѓанските организации. Едновремено, користењето на ВИ алатките може да ја направи секојдневната работа на граѓанските организации полесна, побрза и поефикасна.
Истражете ги можностите што ви ги нуди ВИ и почнете да ги користите веднаш!
Кампања #ВИзаГО
Вештачката интелигенција – или скратено, ВИ – веќе не е само технологија на иднината, туку алатка која може да донесе големи придобивки за граѓанските организации. Со вклучувањето на ВИ во секојдневната работа, организациите може да го зголемат своето влијание во заедницата.

[embedded content]

Вештачката интелигенција му дава многу можности на граѓанскиот сектор, но исто така, носи, и голема одговорност и серозни предизвици. Како што се зголемува употребата на ВИ, така се зголемува и потребата од етички стандарди и регулација. Многу аспекти на ВИ се сѐ уште нејасни и се наоѓаат во таканаречената „сива зона“.

[embedded content]

Во време кога граѓанските организации во својата работа сè повеќе се потпираат на вештачката интелигенција, сајбер-безбедноста станува сè поважна. Кога користите ВИ алатки, треба да внимавате што внесувате како податоци и како ги користите.

[embedded content]

Вештачката интелигенција е интегрирана во многу алатки кои можат да бидат корисни за граѓанските организации. Во видеото се опфатени бесплатни и достапни алатки, но и некои платени, кои можат да ја зголемат ефикасноста во работењето.

[embedded content]

Социјалните мрежи се одлично место граѓанските организации да ја пренесат својата порака до поголема и разновидна публика. Адаптирањето на вашите објави за секоја платформа со помош на најразлични ВИ алатки може значително да ја зголеми видливоста и влијанието на вашите пораки.

[embedded content]

Дали знаете дека можете да ја „научите“ ВИ-алатката како да биде поефикасна за вашата организација? Ова е познато како промпт-инженерство – начин на кој ја наведувате ВИ алатката да ви даде токму тоа што ви е потребно.

[embedded content]

Кампањата #ВИзаГО е поддржана од Европската Унија. Содржината на видеата е единствена одговорност на НВО Инфоцентарот и на никаков начин не може да се смета дека ги одразува гледиштата на Европската Унија.

02 Ilustracija Kul 1024x405 1.jpg

Мониторинг: Општините и поддршката за култура

Поддршката за култура на локално ниво во Северна Македонија е регулирана преку законска рамка која ја дефинира улогата и надлежностите на општините во оваа област. Според Законот за локална самоуправа, општините имаат обврска да организираат културни манифестации, да поддржуваат и поттикнуваат различни форми на културно творештво, и да ги негуваат локалните традиции, како што се […]
The post Мониторинг: Општините и поддршката за култура appeared first on АКТИВО.

Slika Vistinski 750x493

Податоците од Регистарот на вистински сопственици во земјава не се користат за борба против корупцијата

Центарот за граѓански комуникации, Здружението на даночни советници и Активо ја објавија Анализата на користењето на податоците за вистинските сопственици во борбата против корупцијата во Северна Македонија.

Анализата покажа дека:

Надлежните институции во земјава малку ги користат податоците за вистинските сопственици во насока на спречување, откривање и санкционирање на перењето пари и во борбата против тероризмот, а се чини, воопшто не ги користат за други цели и за спречување корупција, криминал и злоупотреби во другите области.
Институциите и надлежната Управа за финансиско разузнавање имаат различни податоци за бројот на случаи против перењето пари и финансирањето тероризам.
Од 2022 до април 2024 година, Управата примила 194 иницијативи од надлежните органи од кои, натаму, изработила и поднела 21 извештај до Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција. Дополнително, Управата во истиот период поднела до ова обвинителство и 50 извештаи за сомнителни трансакции, по сопствена иницијатива.
Од вкупно 71 извештај што Управата го има поднесено до Обвинителството, 70 % се по сопствена иницијатива, а останатите 30 % по претходно примена иницијатива од некоја од надлежните институции.
Од 17 институции во земјава со коишто Управата треба да соработува, од кои осум се директно наведени во законот дека треба да се борат против перењето пари и финансирањето тероризам, само две имаат конкретни бројки за случаите за коишто користеле податоци од Регистарот на вистински сопственици.
Северна Македонија не ја презеде обврската што ја препорача ММФ за време за кризата со КОВИД-19 – да ги објави имињата на вистинските сопственици на фирмите што склучиле договор за јавни набавки поврзани со корона-кризата.
Земјата не ја спроведе ниту заложбата од Националниот акциски план за Партнерството за отворена власт 2021 – 2023 да ги објавува јавно вистинските сопственици на фирмите понудувачи и на оние што добиле договор за јавна набавка.
И Европската Унија и ОЕЦД имаат забелешки за недоволното користење на податоците од регистарот на вистински сопственици.
За унапредување на користењето на податоците за вистинските сопственици во земјава се препорачува: проширување на опфатот на вистинските сопственици, олеснување на пристапот до податоците до поширок круг на заинтересирани страни, поврзување со други бази и податоци, поголема интероперативност меѓу институциите и унапредување на проверката на податоците.

За повеќе информации, ве молиме, контактирајте го Центарот за граѓански комуникации на (02) 3213-513 или на center@ccc.org.mk.
Линк до анализата на албански јазик.
Линк до резиме на анализата на англиски јазик.
Проектот „Користење на податоците за вистинските сопственици за намалување на корупцијата“ е поддржан од Владата на Швајцарија преку Цивика мобилитас. Мислењата кои се изразени овде не нужно ги одразуваат ставовите на Швајцарската влада, Цивика мобилитас или организациите што ја спроведуваат.

01 Lp Mk Opst 1024x717 1.jpg

Мониторинг: Општините и заштитата на личните податоци

Законот за заштита на личните податоци се применува во секоја ситуација која подразбира обработка на личните податоци на граѓаните, без разлика дали физичкото односно правното лице што ја врши обработката е од приватниот, државниот или граѓанскиот сектор, притоа водејќи се од концептот на гарантирање на приватноста и личниот интегритет на поединецот. Државните и јавни институции потребно […]
The post Мониторинг: Општините и заштитата на личните податоци appeared first on АКТИВО.

Lms Caska 2.jpg

Усвоена Локална младинска стратегија 2025-2029 во Општина Чашка

Советот на Општина Чашка, на седницата одржана на 15 ноември 2024 година, донесе Одлука за усвојување на Локалната младинска стратегија 2025-2029 година на Општина Чашка. Одлуката беше донесена едногласно, со 11 гласови ЗА и ниту еден против. Повеќегодишната соработка на Општина Чашка со АКТИВО од Велес, во партнерство со НВО Инфоцентар преку проектот „Здружени за […]
The post Усвоена Локална младинска стратегија 2025-2029 во Општина Чашка appeared first on АКТИВО.

Opst 1024x576 1.jpg

Мониторинг: Општините и социјалните услуги во заедницата

Усвојувањето на Националната стратегија за деинституционализација 2018-2027 „Тимјаник“ во 2018 година, во Република Северна Македонија го зацрта преминот од институционална грижа кон систем за социјална грижа во семејството и заедницата со поддршка од социјалните служби. Во 2019 година стапи во сила новиот Закон за социјална заштита, чија цел е да се воведат системски промени кои овозможуваат непречено реализирање […]
The post Мониторинг: Општините и социјалните услуги во заедницата appeared first on АКТИВО.

Lms Caska 09.10.24 1 1024x768.jpg

Започна подготовката на Локална младинска стратегија 2025-2029 во Општина Чашка

АКТИВО од Велес, во партнерство со НВО Инфоцентар преку проектот „Здружени за активно граѓанство“поддржан од Европската Унија во соработка со Оштина Чашка организираше работна средба за изработка на новата Младинска стратегија 2025-2029 година во општина Чашка. Во отворен и партиципативен процес младите од Општина Чашка имаа можност да ги идентификуваат стратешките приоритети, цели и активности […]
The post Започна подготовката на Локална младинска стратегија 2025-2029 во Општина Чашка appeared first on АКТИВО.

Нема повеќе содржини

Нема повеќе содржини

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор