Author: Здружение на граѓани „Младински образовен форум Скопје“.

МОФ е младинска заедница која ги остварува своите цели преку информирање, едукација, дискусија, соработка и преку мотивирање и поддршка на младите.
  • Обука за едукатори во рамки на проектот „DEAL – Дебатна едукација за локална активна партиципација“ одржана во Струга

    Во периодот од 19 до 24 септември 2025 година во хотел „Фреја“ во Струга се одржа обука за едукатори во рамки на проектот „DEAL – Дебатна едукација за локална активна […]
    The post Обука за едукатори во рамки на проектот „DEAL – Дебатна едукација за локална активна партиципација“ одржана во Струга appeared first on МОФ.

  • ПОВИК ЗА ИСТРАЖУВАЧКА АКАДЕМИЈА ЗА МЛАДИ

    Младински образовен форум (МОФ) објавува отворен повик за млади истражувачи во рамки на Истражувачка академија за млади. Програмата има за цел да поттикне активно вклучување на младите од сите региони […]
    The post ПОВИК ЗА ИСТРАЖУВАЧКА АКАДЕМИЈА ЗА МЛАДИ appeared first on МОФ.

  • ПОВИК ЗА НОВИ ЧЛЕНОВИ НА МОФ!

    Младински образовен форум (МОФ) отвора повик за нови членови во младинските клубови! Пријави се и биди дел од младинските клубови за: Дебата, Учиме право, Артивизам и Новинарство. Прашалникот за пријавување […]
    The post ПОВИК ЗА НОВИ ЧЛЕНОВИ НА МОФ! appeared first on МОФ.

  • Повик за изработка на медиумски производи

    Фондот за население на Обединетите нации – УНФПА во партнерство со Младински образовен форум (МОФ), во рамки на регионалниот младински проект „Млади за инклузија, еднаквост и доверба“, објавува повик за […]
    The post Повик за изработка на медиумски производи | Thirrje për prodhimin e produkteve mediatike appeared first on МОФ.

  • Млади во Западен Балкан – Повик за национална МЛАДИ награда 2025

    Младински образовен форум распишува конкурс за МЛАДИ награда во рамки на проектот „Младите во Западен Балкан – Виртуелна разгледница“. Тема на годинешниот конкурс е: „Различноста како сила: Младите и нивната […]
    The post Млади во Западен Балкан – Повик за национална МЛАДИ награда 2025 appeared first on МОФ.

  • Регионален летен камп за медиумска писменост и интеркултурен дијалог во Мојковац

    Вредни и креативни млади од Македонија, Црна Гора, Србија и Босна и Херцеговина, во тандем со искусни новинари и медиумски едукатори, работеа заедно на летниот камп за медиумска писменост кој се одржа во Мојковац, Црна Гора, од 19 до 22 јуни 2025 година.

    Кампот им понуди на учесниците интензивна обука во препознавање дезинформации, медиумски стереотипи и говор на омраза, како и развој на позитивни наративи преку мултимедијални формати – видеа, подкасти, текстови и креативни објави за социјални медиуми.

    Работата се одвиваше во интеркултурни тимови, каде младите заеднички развиваа идеи инспирирани од нивната реалност и регионалниот контекст. Под менторство на Огнен Јанески од Македонија, Николина Павичевиќ од Црна Гора и Тахир Жустра од Босна и Херцеговина, тимовите започнаа продукција на медиумска содржина што ќе биде објавена оваа есен.

    Продолжуваме со менторскиот процес и со нетрпение го очекуваме финалниот производ!

  • Студиска посета и партнерска средба во Загреб во рамки на проектот DEAL

    Во периодот од 2 до 4 јуни 2025 година во Загреб се одржа студиска посета и партнерски состанок во рамки на проектот „DEAL – Дебатна едукација за локална активна партиципација“. На средбата учествуваа претставници од сите партнерски организации: Хрватско дебатно друштво (ХДД), Младински образовен форуми и Џуниор Ачивмент Албанија (JAA).
    Првите два дена беа посветени на заедничко планирање и дефинирање на клучните чекори во имплементацијата на проектот. Договорени се термините за сите активности, вклучително и првата обука за наставници и предавачи во дебатните клубови, која ќе се одржи оваа есен во нашата држава. Посебно внимание беше посветено на начинот на спроведување на активностите, следење на резултатите и усогласување на методологијата помеѓу сите три партнерски контексти.

    Вториот ден беше збогатен со сесиите на Мартина Батур, долгогодишен предавач по дебата, која сподели искуства за водење на клубови, мотивација на ученици и вклучување наставници и волонтери во дебатни програми. Се отвори конструктивна дискусија за системот на дебатна едукација во Хрватска – од финансирање на програмите, преку менторската поддршка, до значењето на дебатата како алатка за младинско зајакнување.
    Студиската посета заврши со посета на новоотворениот мултимедијален центар „Доживеј ја Европа“, каде што добивме претстава за понудените содржини и можностите за нивна употреба во едукативни цели.

    Студиската посета се реализираше во рамки на проектот „DEAL – Дебатна едукација за локална активна партиципација“, имплементиран од Хрватското дебатно друштво (ХДД) во партнерство со Џуниор Ачивмент Албанија (JAA) и Младински образовен форум (МОФ), со финансиска поддршка од Министерството за надворешни и европски работи на Хрватска.

  • ЈАВЕН ПОВИК за избор на младински претставник во Управен одбор на Регионална канцеларија за младинска соработка (РИКО)

    МОФ е младинска организација која создава простор за дебата, слободно изразување и младинско организирање, поттикнување активизам, заштита и унапредување на младинските права и политики.

  • Магдалена Илиевска е добитничка на „МОФ награда за медиумска извонредност кај младите“

    Магдалена Илиевска со својот труд именуван „Културен мозаик на вредности“ е победничка на јавниот повик на Младински образовен форум за „МОФ награда за медиумска извонредност кај младите“.
    Повикот беше дел од проектот „Младите во Западен Балкан – Виртуелна разгледница“, на кој можеа да учествуваат млади од 15 до 30 години од Македонија кои активно се занимаваат со медиуми, новинарство или медиумска писменост.
    Учесниците на повикот можеа да изберат тема за улогата на младите на Западен Балкан, за иновативен приста кон медиумската писменост и дигиталниот активизам, или тема за интеркултурен дијалог. Трудовите можеа да бидат во било кој мулдимедијален формат – подкаст, есеј, напис, мим, видео, фотографија или кој било друг форма.

    Во продолжение, прочитајте го победничкиот труд на Магдалена Илиевска:
    Културен мозаик на вредностиЕден од главните предизвици со кои се соочуваат сите земји од светот, а посебно земјите од Западен Балкан е мултикултурализмот. Мултикултурализмот претставува постоење на повеќе култури на еден простор, при што ниедна од нив не е доминантна, туку сите од нив се прифатени и се потпираат една на друга со цел да си овозможат заедничка егзистенција. Поимот мултикултурализам се поистоветува со поимот демократија, бидејќи идејата за демократија потекнува од два клучни принципи: индивидуална автономија и еднаквост (рамноправност). Мултикултурализмот во себе вклучува и меѓукултурен дијалог. Меѓукултурен дијалог означува отворена размена на мислења помеѓу поедницни и групи со различно етничко, културно, јазично или верско потекло, врз основа на заемно почитување. Меѓукултурниот дијалог претставува моќно средство за надминување на конфликтите, стереотипите и поттикнување за водење на дијалог и ислушување на другите, кои се од различни култури, верски заедници и сл. Со постоењето на мултикултирализам и меѓукултурен дијалог се негуваат човековите права и владеење на правото. Ричардсон и Фоуерс мултикултурализмот го дефинирале како социјално-интелектуално движење, кое сфаќајќи ја различноста како основна карактеристика и основен принцип за изразување на сопствениот идентитет, поставува барање за рамноправност меѓу сите културни групи.
    Република Северна Македонија од секогаш била мултикултурно општество. На нејзина територија живееле и живеат: Македонци, Срби, Албанци, Бошњаци, Власи и др. Тоа претставува потенцијал, предизвик и мозаик за развој на нашата држава и општеството, кој може да претставува пример за соживот на соседните држави. Иако Уставот на Република Северна Македонија им гарантира права и слободи на сите граѓани, како и заштита на националните малцинства, еден од клучните правни акти за внатрешното уредување на малцинските права во Република Северна Македонија е Охридскиот рамковен договор, склучен на 13 август 2001 година, во текот на ескалацијата на насилствата помеѓу етнички албанската ОНА и македонските вооружени сили во Конфликтот од 2001. Истиот бил потпишан од најголемите политички претставници од тоа време и специјални претставници на ЕУ и САД.  Со него се гарантира дека мултиетничкиот карактер на македонското општество мора да се сочува и да најде свој одраз во јавниот живот. Овој договор го промовира мирот и хармоничниот развој на едно современо општество, почитувајќи го етничниот идентитет на сите граѓани. И покрај тоа што со склучувањето на Охридскиот рамковен договор, Република Северна Македонија стана мултикултурна држава, најголем дел од истражувањата покажуваат меѓуетничка поделеност и предрасуди.
    Најголеми етнички стереотипи се присутни кај младите од сите националности. Следстено на тоа може да се каже дека иако Република Северна Македонија се промовира како мултикултурна држава, далеку сме од тоа. Се’ уште го немаме искористено и достигнато  целукопниот потенцијал за градење на едно општество за сите. Општество каде што ќе владее толеранцијата, како главен предуслов и каде што ќе се изгради културен мозаик на вредности, орнамент од различни култури. Толеранцијата значи почитување на различностите и водење на интеркултурен дијалог на повиско ниво. За постикнување на тоа потребен е придонес на секој еден од нас, а најголема улога во градење на мултикултурно општество ја имаат токму медиумите. Потребно е промовирање на успешни и позитивни приказни за градење на соживот во мултикултурно општество, за да можеме мултикултурата да ја сфатиме како вредност и да стане наше најголемо национално богатство. Потребно е градење на регинален мултикултурен центар, каде што би можеле да учиме едни за други преку заеднички проекти. Организирање на мултикултурни кујни, каде што би можеле да се запознаеме со традиционални јадења од различни култури и националности, бидејќи култура во себе носи свои вредности и карактеристики.
    Само преку запознавањето на различностите на другите, истите би можеле да ги почитуваме и прифатиме како предности и да ги изградиме мостови на разбирање едни со други.
    „Две нешта ја исполнуваат душата секогаш со понов и со поголем восхит – тоа се ѕвезденото небо над мене и моралниот закон во мене“.

  • Отворен е повик за Летен камп за медиумска и информациска писменост и интеркултурен дијалог во Мојковац

    Имаш идеја како да обработиш одредена тема од областа на медиумите, медиумската писменост и интеркултурниот дијалог? Покрај тоа, имаш искуство во креирање медиумски содржини и кампањи од оваа област или те интересира како да научиш? Имаме вистинска вест за тебе!
    Во рамки на проектот „Youth in Western Balkans – A Virtual Postcard“ заедно со партнери од Босна и Херцеговина, Србија и Црна Гора, распишуваме заеднички повик за Летен камп во Мојковац (Црна Гора), кој има за цел продукција на мултимедијални содржини. Летниот камп ќе се одржи од 19 до 22 јуни 2025 година во Хотел и Резорт Гачка, а трошоците за патување и сместување се покриени од страна на организаторите. Работниот јазик на кампот е англиски.
    Што се очекува од тебе?

    Да имаш помеѓу 18 и 30 години
    Да учествуваш активно на кампот во Мојковац
    Потенцијално да имаш идеја/тема на која би сакал/а да работиш со ментор/ка
    Да знаеш или да сакаш да научиш како да ги препознаваш стереотипите во медиумите и на социјалните мрежи, штетниот говор, говорот на омраза и како да се спротивставиш на штетни медиумски наративи

    За време на трите активни денови од тренингот, ќе имаш можност да работиш во група со уште две млади лица на изработка на мултимедијална содржина (текст, видео, подкаст, објава за социјални мрежи и слично). Дополнително, ќе добиеш поддршка од одлични тренери кои ќе ти бидат ментори/ки.
    Во Мојковац со нас ќе бидат: креаторката на содржини за социјални мрежи Нина Павиќевиќ (Критички), новинарот од Северна Македонија Огнен Јанески и новинарот на Нова С од Босна и Херцеговина Тахир Жустра.
    По завршувањето на тридневниот камп во Мојковац, заедно со менторот/ката и твојата група ќе продолжиш со развој и изработка на мултимедијална содржина, во согласност со договореното на кампот. За финализација на содржината ќе имаш рок од еден месец по тренингот.
    Процес на пријавување и селекција
    Доколку сакаш да се пријавиш, пополни ја Google формата која се наоѓа овде. Рокот за пријавување е 11 мај до 23:59 часот. Известување за резултатите од селекцијата очекувај до 16 мај 2025 година.
    Максималниот број лица по група е три, а вкупниот број на групи ќе биде девет. Почетната идеја на летниот камп е заедно со твоите врсници да поминеш низ процес на учење за медиумска и информациска писменост, интеркултурен дијалог и деконструкција на стереотипи и спротивставување на штетни медиумски наративи. Како резултат на тоа, ќе имаш можност да се пријавиш за вредни награди. Кои?
    Создадените трудови на летниот камп во Мојковац ќе можат да влезат во конкуренција за вредни парични национални и регионални награди, за кои повик ќе биде објавен во септември и октомври оваа година.
    Доколку те интересира како изгледаше победничкото видео за регионалната награда, кое беше создадено во рамки на интеркултурна размена во живо, можеш да го погледнеш овде.
    За сите прашања поврзани со повикот, можеш да пишеш на е-пошта: aleksandar@media-diversity.org.

Нема повеќе содржини

Нема повеќе содржини

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор