Ins4

Избрани 15 институционални грантисти на Цивика мобилитас

Комисијата за избор на грантови ги оцени апликациите на организациите кои поднесоа пријава на првиот повик за институционални грантови во новата фаза на Цивика мобилитас (ПЦМ-ИНС-04).

Добитници на институционален грант се 15 организации и тоа:

  • Асоцијација Иницијатива за социјална промена – ИНСОК, Скопје
  • Полио Плус – пост полио група за поддршка
  • Здружение на граѓани Центар за граѓански комуникации ЦГК Скопје
  • „Здружение на лезбејки, геј, бисексуалци/ки и трансексуалци/ки ЛГБТ Јунајтед Тетово“
  • Здружение Форум – Центар за стратешки истражувања и документација Скопје
  • Коалиција на здруженија на граѓани „Сите за правично судење“ Скопје
  • Еколошко друштво Вила Зора Велес
  • Институт за европска политика Скопје
  • Институт за истражување на општествениот развој РЕСИС Скопје
  • Здружение на граѓани ЦИВИЛ – Центар за слобода Скопје
  • Здружение Совет за етика во медиумите на Македонија ЕТИКА ПРЕС Скопје
  • Здружение за развој на медиуми Онлимит- Скопје
  • Здружение Прва детска амбасада во светот МЕЃАШИ – Република Македонија Скопје
  • Здружение за развој „Центар за управување со промени“ Скопје
  • Здружение на граѓани за помош на бездомници, социјално загрозени семејства и поединци ЉУБЕЗНОСТ Скопје

Новите грантисти дејствуваат во 10 различни сектори и тоа најмногу во секторот на информации, комуникации и медиуми; но и во секторите за човекови права; развој на граѓанското општество; владеење на правото; антикорупција; ЛГБТИ; добро владеење; животна средина; и деца, млади и студенти.

Најголем дел од грантистите (12) дејствуваат на национално ниво, две регионално во земјата, а една дејствува регионално на Балканот.

На повикот што беше отворен до 3 јуни 2019 г. беа поднесени 144 пријави за институционални грантови. Најголем дел од апликантите делуваат на полињата деца, млади и студенти (18%) и човекови права (10%), а најмалку, односно по еден апликант, се занимава со толеранцијата, транспарентноста, миграцијата и децентрализацијата.

Продолжи со читање

  • Практична поддршка за полесно финансиско известување

    На 30 април 2026 година, во просториите на Граѓанскиот ресурсен центар (ГРЦ) во Скопје, тимот на Цивика мобилитас одржа работилница за финансиско известување. Работилницата беше наменета за добитниците на партнерските грантови од повикот ЦМ-ПГ-2. Вкупно 19 учесници од сите 11 грантисти, вклучително координатори на проекти и лица задолжени за финансии,…

  • Придонесот на граѓанските организации во медиумската слобода

    „Обликување иднина во мир“ е глобалната порака под која оваа година се одбележува 3 Мај – Светскиот ден на слободата на медиумите, посветен на улогата на новинарството во заштитата на човековите права, демократските процеси и јавниот интерес. Денот се одбележува од 1993 година, по одлука на Обединетите нации и препорака…

  • Седма едукативна работилница во Куманово за унапредување на здравјето на мајките и децата со фокус на мајчиното ментално здравје

    На 23.04.2026 година во Куманово се одржа седмата по ред едукативна работилница посветена на здравјето на мајките и децата, со посебен фокус на мајчиното ментално здравје. На работилницата учествуваа 18 жени, бремени или во период до 12 месеци по породувањето. Работилницата им овозможи на учесничките да добијат важни информации за…

  • Наша моќ, наша планета: Граѓанскиот сектор предводник на промените

    Секоја година, 22 април нè потсетува дека планетата не се заштитува само со големи ветувања, туку со секојдневни работа, одлуки, практични решенија и заедници кои знаат дека имаат моќ да направат промена. Овогодинешното мото на Денот на планетата Земја, „Нашата моќ, нашата планета“, особено силно се поврзува со работата на…

  • Меѓународниот ден на Ромите низ призмата на граѓанското општество

    Меѓународниот ден на Ромите е уште една можност за проверка на напредокот на општеството за предизвиците со кои се соочуваат нашите сограѓани, но исто така и е и можност да го препознаеме придонесот на сите оние што секојдневно работат на нивно надминување. Во тој процес, граѓанските организации имаат клучна улога….

  • Средба со раководителката на секторот за Источна Европа на СДЦ

    Тимот на Цивика мобилитас на 5 март се сретна со Северин Доне-Декарт (Séverine Donnet-Descartes), раководителката на секторот за Источна Европа во Швајцарската агенција за развој и соработка (СДЦ). Таа се интересираше за предизвиците во граѓанското општество, како и за можностите што програмата ги нуди за граѓанските организации во земјата. Александар…

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор