Logo mreza protiv nasilstvo

Презентација на Водич во терминологијата за родово базирано насилство за новинари и медиумски работници

Logo mreza protiv nasilstvoНационалната мрежа против насилство врз жени и семeјно насилство со задоволство ги поканува сите заинтересирани на презентација на Водичот во терминологијата за родово базирано насилство за новинари и медиумски работници, која ќе се одржи на 30.05.2016 година, понеделник од 10:00 часот во Хотел Порта, Скопје.

Logo mreza protiv nasilstvo

Настанот е дел од активностите во рамки на проектот „Насилството врз жените и медиумите: Унапредување на техниките за известување и медиумска покриеност на случаи на насилство врз жени“ чија општа цел е унапредување на соработката на граѓанските организации и медиумите во насока на подигнување на свеста кај пошироката јавност за постоење на различни форми на насилство врз жени, како и заеднички настап во процесот на застапување за ратификација на Конвенцијата на Советот на Европа за спречување и заштита од насилство врз жени и домашно насилство. Националната мрежа го спроведува проектот во соработка со Здружението на новинари за човекови права.

Проектот е финансиран од програмата Цивика мобилитас, проект на Швајцарската агенција за развој и соработка (СДЦ) за поддршка на граѓанското општество во Македонија, кој го спроведуваат НИРАС од Данска, Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) од Македонија и Шведскиот институт за јавна администрација (СИПУ).

Ве молиме да го пријавите Вашето присуство најдоцна до 27.05.2016 (петок) на следниот е-маил zurija@glasporivnasilstvo.org.mk .

Продолжи со читање

  • Видео: Младите жени против онлајн насилство (Young Women Counter)

    Во рамки на проектот Младите жени против онлајн насилство (Young Women Counter), заедно со експерти, зборуваме за препознавање и спречување на родово базирано онлајн насилство. 🌐💪 Ова видео е дел од нашите напори да ги поттикнеме младите жени да се чувствуваат посилни, информирани и безбедни на интернет. 🔎 Научете:✔️ што…

  • Платформата на граѓански организации за борба против корупцијата и Блупринт групата за реформи во правосудството реагираат на Измените на КЗ кои создаваат правна несигурност и ризик од институционална конфузија во преоден период

    Иако ја поздравуваме иницијативата за интервенирање во Кривичниот законик, сметаме дека предложените измени, во сегашната форма, не претставуваат вистинско враќање на состојбата пред 2023 година, туку воведуваат нови решенија со сериозни последици по правната сигурност и борбата против корупцијата. Затоа, упатуваме неколку јасни барања: Тековните измени на Кривичниот законик да се ограничат исклучиво на враќање […]
    The post Платформата на граѓански организации за борба против корупцијата и Блупринт групата за реформи во правосудството реагираат на Измените на КЗ кои создаваат правна несигурност и ризик од институционална конфузија во преоден период first appeared on Metamorphosis.

  • Мрежен состанок „За танго се потребни двајца“ – поттикнување дијалог и соработка

    Локалното застапување добива сѐ поголема видливост и значење, а во таа насока се одржа и овогодинешниот состанок за вмрежување „За танго се потребни двајца“. На настанот учествуваа жени од осум заедници, претставници на невладини организации и советници од Општина Куманово. Овој чекор претставува важен напредок, бидејќи беше воспоставена директна комуникација со советниците како избрани претставници […]

  • Годишен извештај за состојбата со човековите права во 2024 година

    Годината 2024 во светот беше исполнета со промени што го редефинираа глобалниот политички, економски и општествен пејзаж. Од продолжувањето на руската воена инвазија врз Украина, преку хуманитарната катастрофа во Газа, подемот на крајната десница во европските држави, победата на Доналд Трамп на претседателските избори во САД, па сè до бројните политички потреси во САД и […]
    Read More… from Годишен извештај за состојбата со човековите права во 2024 година
    The post Годишен извештај за состојбата со човековите права во 2024 година appeared first on Хелсиншки комитет за човекови права.

  • Реакција на Блупринт групата и Платформата за борба против корупција: Измените на КЗ создаваат правна несигурност и ризик од институционална конфузија

    Иако ја поздравуваме иницијативата за интервенирање во Кривичниот законик, сметаме дека предложените измени, во сегашната форма, не претставуваат вистинско враќање на состојбата пред 2023 година, туку воведуваат нови решенија со сериозни последици по правната сигурност и борбата против корупцијата. Затоа, упатуваме неколку јасни барања: Тековните измени на Кривичниот законик да се ограничат исклучиво на враќање […]
    Read More… from Реакција на Блупринт групата и Платформата за борба против корупција: Измените на КЗ создаваат правна несигурност и ризик од институционална конфузија
    The post Реакција на Блупринт групата и Платформата за борба против корупција: Измените на КЗ создаваат правна несигурност и ризик од институционална конфузија appeared first on Хелсиншки комитет за човекови права.

  • Едукативни работилници за справување со родово базирано насилство

    Со цел подигнување на свеста и зајакнување на знаењата за родово базираното насилство, во изминатиов период успешно спроведовме три едукативни и интерактивни работилници во Прилеп, Кривогаштани и Долнени, каде се вклучија педесетина млади и жени од овие средини. Периодот на одржување на работилниците се поклопи со глобалната кампања „16 дена активизам против родово базирано насилство“, со…

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор