20170605 Mirovna akcija vesti

„Десет дена Мировна република“ – Тренинг за соочување со минатото и изградба на мир

Во периодот од 29. јуни до 9. јули 2017 година, Мировна акција – Прилеп & Тетово, го организира осмиот по ред „Tренинг за соочување со минатото и изградба на мир“.

Ако…

  • сакаш да промислуваш и растеш интелектуално и емотивно,
  • ти е важно да слушнеш што имаат да кажат другите околу тебе за теми, кои обично ги прескокнуваме, за кои шепотиме или ги споделуваме само меѓу „своите“,
  • ти треба сигурен простор за отворен дијалог, во кој ќе можеш да кажеш што те боли, што ти тежи и што ти треба за понатаму, сакаш да се чуеме најпрвин како луѓе, но и како носител(к)и на една, понекогаш тешка, лична и колективна историја,
  • си подготвен/а да влезеш во процес на преиспитување на сопственото делување и важна ти е личната одговорност,
  • си незадоволен/а од реалноста во која живееш и сакаш да ја менуваш,
  • бараш простор, инспирација и сојузници за општествена промена,

ТОГАШ ОВОЈ ТРЕНИНГ Е ЗА ТЕБЕ!

На тренингот нудиме простор за размена на различни погледи и приказни. Ја раслојуваме реалноста за да можеме да ја разбереме и критички да ги согледаме постојните општествени односи. Преиспитуваме и реконструираме. Ги отвораме болните теми од минатото, (особено оние поврзани со 2001г.) со намера да ги направиме поподносливи за во иднина.

Некои од темите што ги разработуваме се: насилство, разбирање на конфликти, соочување со минатото, изградба на мир, ненасилна акција, родни улоги, дискриминација, како и идентитет и национален идентитет. Програмата е отворена и флексибилна, направена е да ги следи потребите, можностите и мотивацијата на учесниците/чките и се менува по потреба.

Тренерскиот тим го фацилитира процесот и тренерите лично учествуваат барајќи заедно со учесниците/чките разбирање и охрабрување за делување.

Тренингот е отворен за сите полнолетни граѓани и граѓанки на Република Македонија (нема горна старосна граница). За учество на тренингот не е потребно да си член/ка на здруженија на граѓан(к)и или да си активен/на во некоја неформална граѓанска иницијатива.

Сите трошоци за учество на тренингот (патни трошоци, сместување и храна) ги покрива Мировна акција.

Најчесто, на тренингот работиме на македонски јазик, но секој/а учесник или учесничка, кој/а има потреба да зборува на албански јазик, тоа ќе може да го стори. Се обидуваме јазикот да го третираме првенствено како алатка за меѓусебно разбирање, а користењето на еден јазик овозможува полесно течење на процесот.

[WPSM_AC id=5512]

Продолжи со читање

  • Насилството врз децата не почнува кога ќе стане вест, а превенцијата не треба да започне откако насилството ќе стане вест

    Зад секоја вест за насилство врз дете, стојат дете со нарушено чувство на сигурност, семејство кое живее во страв и неизвесност; и заедница што треба да се запраша дали можела да стори нешто порано. Но, не секое насилство станува вест. Некои деца молчат од страв […]
    The post Насилството врз децата не почнува кога ќе стане вест, а превенцијата не треба да започне откако насилството ќе стане вест appeared first on Myla.

  • Eco Social Voices претставен на YCDF Skopje Local Point: Младите како двигатели на климатските промени

    Климатската акција започнува со младите, нивните идеи и можноста активно да учествуваат во создавањето промени. Во Europe House во Скопје, Еко Логик, во партнерство со Youth Climate Diplomacy Forum (YCDF), го претстави проектот Eco Social Voices на презентацискиот настан посветен на YCDF Skopje Local Point. Настанот беше можност за запознавање со целите, визијата и активностите […]

  • Новинарите ги декодираат институциите на ЕУ, acquis и политиките за проширување

    На 16 и 17 октомври 2026 година, Институтот за европска политика (ЕПИ) го организираше првиот модул за обука во рамките на проектот „Decode the EU – Communicating EU policies together“ во Струмица. Дводневната работилница собра 10 новинари од различни медиуми, со цел да се зајакне аналитичкото известување засновано на докази за процесот на пристапување на […]
    The post Новинарите ги декодираат институциите на ЕУ, acquis и политиките за проширување appeared first on EPI.

  • Извидниците од Велес волонтерски работеа на санирање на конференциската сала во ИЦО – Охрид

    Членовите на извидничкиот одред “Димитар Влахов“ – Велес, Валентин Јанкуловски, Благој Јорданов и Владимир Ивановски-Вуцо во периодот од 16 до 18 октомври 2026 год. во извидничкиот центар “Охрид“ во Охрид работена на санирање на Конференциската сала на ИЦО – Охрид. Со превземените активности од страна на нашите одредски членови ја…

  • Меморандум за разбирање со Британската бизнис-асоцијација

    Силните економии се градат врз силни партнерства. Finance Think и British Business Association in North Macedonia – Британската бизнис-асоцијација во Северна Македонија вчера потпишаа Меморандум за разбирање, поставувајќи основа за поблиска соработка за прашања важни за бизнис-секторот, носителите на политики и општеството. Партнерството ја поврзува широката деловна мрежа на Британската бизнис-асоцијација со економските истражувања и […]
    The post Меморандум за разбирање со Британската бизнис-асоцијација first appeared on Finance Think.
    The post Меморандум за разбирање со Британската бизнис-асоцијација appeared first on Finance Think.

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор