Blue and White Minimalist Event Announcement Poster 2 scaled

Отворен повик за практикант во ИМКА

Вклучи се Отворен повик за практикант во ИМКА преку WUS Заинтересиран/а си за медиуми, новинарство или комуникологија? Сакаш да стекнеш практично искуство, да ги развиеш своите вештини и да ги направиш првите професионални чекори во полето на комуникациите? ИМКА те поканува да се вклучиш како практикант/ка и да стекнеш практично искуство преку работа на реални проекти, креирање содржини и раскажување приказни за младите луѓе и активностите во заедницата.

Практикантството се реализира во рамки на Career Transition Support Programme 2026, програма на World University Service (WUS) Germany, која им помага на студентите и неодамна дипломираните млади луѓе да го направат преминот од образование кон професионална кариера. Покрај практичното искуство, програмата нуди и: Месечен надоместок од 250 евра за период од 3 до 6 месеци; Менторство, кариерно советување и обуки за професионален развој; Можности за професионално поврзување и истражување на идни кариерни насоки.   Период на практикантство: 3 до 6 месеци Локација: ИМКА, ул. Крушево, бр. 5 (Младински центар Битола) Поле на работа: Медиуми и комуникации   Што ќе работиш?  – Подготовка и пишување текстови, статии и приказни за активностите и проектите на ИМКА;– Креирање содржини за веб-страницата и социјалните медиуми;– Фотографирање и видео-документирање на настани и активности;– Учество во подготовка на комуникациски материјали и промотивни содржини;– Следење на активностите на организацијата и претставување на приказните и искуствата на младите луѓе.

Кој може да аплицира? Повикот е наменет за студенти од државните универзитети во Македонија кои:– Се апсолвенти на студии по новинарство, комуникологија, медиуми или сродни студиски области;– Дипломирале во последните 12 месеци во една од овие области;– Се на магистерски студии во некоја од овие области;– Се мотивирани да стекнат практично искуство и да ги развиваат своите професионални вештини;– Имаат интерес за новинарство, медиуми, комуникации и раскажување приказни.   Испратете го вашето CV на contact@ymca.mk со назнака ПРИЈАВА ЗА ПРАКТИКАНТСТВО најдоцна до 30.11. За дополнителни информации за програмата и условите за учество, можете да се обратите и директно до WUS Germany на northmacedonia@wusgermany.de. Кандидатите кои ќе бидат селектирани за интервју ќе бидат контактирани.

Оваа вест изворно е објавена на веб-страната на ИМКА YMCA

Продолжи со читање

  • Јавен повик за учество на креативен натпревар

    Општински креативен натпревар
    „Младите за ЕУ – ЕУ вредности низ наши очи“
    Младински Совет Прилеп (МСП), во рамки на проектот „Младите за ЕУ – Зајакнување на младинското учество и комуникацијата на патот кон ЕУ интеграција″ спроведуван со финансиска поддршка од Шведска преку проектот „Поддршка за европската интеграција на Северна Македонија“, имплементиран од Канцеларијата на Обединетите нации за проектни услуги (УНОПС), објавува отворен повик за учество во Oпштински креативен натпревар.

  • Јавен повик за експерт за документ за јавни политики за бучавата

    Центарот за правни истражувања и анализи објавува повик за ангажирање експерт кој ќе подготви документ за јавни политики за последиците од бучавата, правната и институционалната рамка во Северна Македонија и практиката на Европскиот суд за човекови права. Заинтересираните кандидати може да испратат биографија на contact@cpia.mk, со назнака „Документ за јавни политики за бучавата“, до 30.10.2026 во […]

  • JАВЕН ПОВИК За избор на локални граѓански организации – партнери во спроведувањето на проектот „Креатори на иднината: Од идеи до локално влијание“

    The post JАВЕН ПОВИК За избор на локални граѓански организации – партнери во спроведувањето на проектот „Креатори на иднината: Од идеи до локално влијание“ appeared first on IDSCS.

  • ПРИЈАВИ СЕ: „Не ме ставај во рамка!“ – Девојки против стереотипите

    Дали сакаш да ги преиспиташ стереотипите, да го изразиш своето мислење и да придонесеш за општество во кое секоја девојка може слободно да биде тоа што е? Те покануваме да се пријавиш за учество во проектот „Не ме ставај во рамка!“ – Девојки против стереотипите, кој го спроведува Здружението за заштита и унапредување на животната средина Еко […]

  • БАРАЊЕ ЗА ДОСТАВУВАЊЕ НA ПОНУДИ ЗА ОРГАНИЗИРАЊЕ НА ЈАВЕН ФОРУМ

    Хелсиншкиот комитет за човекови права, во рамки на проектот „Equitable Governance: Enhancing Gender Responsive Budgeting in North Macedonia“, поддржан од UN Women, објавува барање за доставување на понуди за изнајмување на конференциска сала и угостителски услуги за одржување на јавен форум на 17 ноември 2026 година во Штип за 35 лица. Опис на бараната набавка: […]
    Read More… from БАРАЊЕ ЗА ДОСТАВУВАЊЕ НA ПОНУДИ ЗА ОРГАНИЗИРАЊЕ НА ЈАВЕН ФОРУМ
    The post БАРАЊЕ ЗА ДОСТАВУВАЊЕ НA ПОНУДИ ЗА ОРГАНИЗИРАЊЕ НА ЈАВЕН ФОРУМ appeared first on Хелсиншки комитет за човекови права.

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор