[Aggregator] Downloaded image for imported item #53058

Обука на Гласен текстилец: „ВИ во дизајн“

Од 13 до 15 ноември 2026 година, во Охрид, Здружението за заштита на работничките права „Гласен Текстилец“ од Штип, во рамките на програмата за развој на вработени и персонал, организираше тридневна обука на тема „ВИ во дизајн“, наменета за млади волонтери и вработени во здружението.Целта на обуката беше учесниците да стекнат практични знаења и вештини за користење на вештачката интелигенција и дигиталните алатки при креирање визуелни материјали и кампањи за подигнување на свеста за човековите и работничките права.

Под водство на обучувачката Мартина Илиевска, учесниците се запознаа со можностите на ChatGPT и Canva, правилното формулирање промптови, основите на визуелната комуникација и одговорното користење на вештачката интелигенција.
Преку практична работа во мали групи се изработуваа објави и сториња за социјалните мрежи, инфографици, постери, флаери и промотивни материјали. Посебно внимание беше посветено на визуелниот идентитет на „Гласен Текстилец“, јасноста на пораките, проверката на информациите и избегнувањето стереотипи.
Учесниците развиваа креативни решенија за кампањи поврзани со работничките права, солидарноста, родовата еднаквост и волонтерството, применувајќи ги стекнатите знаења во конкретни дизајни.
Обуката придонесе за унапредување на дигиталните и креативните вештини, поттикнување на тимската работа и зајакнување на капацитетите на младите волонтери и вработените за поефективна визуелна комуникација.

Објава на Facebook.

Оваа вест изворно е објавена на веб-страната на Здружение за заштита на работничките права „Гласен Текстилец“

Продолжи со читање

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор