Mokap

Двојна по име, асиметрична по мерка

Зелените и дигиталните реформи во Северна Македонија: Aсиметрии, јазови, причини и финансиски ризик

Зелената и дигиталната транзиција се две меѓусебно поврзани трансформации што го обликуваат развојот на Европската Унија и земјите кандидати за членство. За Западен Балкан, исполнувањето на обврските поврзани со двојната транзиција е предуслов не само за усогласување со законодавството на ЕУ, туку и за пристап до значителна финансиска поддршка. За Северна Македонија, индикативната распределба од Инструментот за реформи и раст изнесува 750,4 милиони евра, при што конечниот пристап до средствата зависи од постигнатите резултати.

Оваа анализа ја оценува подготвеноста на Северна Македонија да ги исполни своите обврски поврзани со зелената и дигиталната транзиција во рамките на европската реформска рамка. Таа ја споредува состојбата во земјата со онаа во регионот и ги разгледува причините за клучните доцнења.

Клучни наоди

  • Двојната транзиција обединува два суштински различни процеси во единствена политичка и финансиска рамка. Побрзото спроведување на дигиталните реформи не значи нужно дека економијата во целина поминува низ подеднакво напредна трансформација.
  • Синергијата меѓу зелената и дигиталната транзиција не произлегува автоматски од технологијата, туку зависи од начинот на кој таа се воведува и применува. Дигиталната инфраструктура има сопствена потрошувачка на енергија и вода, што може да создаде спротивставени потреби и цели меѓу двете транзиции.
  • Реформската агенда не го мери напредокот во зелената и дигиталната транзиција на ист начин. Зелените реформи почесто се поврзани со конкретно спроведување и мерливи резултати. Напредокот во дигиталната компонента почесто се докажува преку регулаторно усогласување, донесување закони и воспоставување институционални или технички рамки.
  • Синџирот Закон за климатска акција → систем за мониторинг, известување, верификација и акредитација (MRVA) → утврдување цена на јаглеродот претставува системски ризик за регионот. Во Северна Македонија, донесувањето на законот претставува реформски чекор со најголемо влијание врз воспоставувањето на преостанатите елементи од системот.
  • Поврзувањето на двете транзиции на ниво на конкретни реформски чекори и понатаму останува претежно декларативно. Во Реформската агенда на Северна Македонија тие се опфатени во иста подобласт, што претставува добра почетна основа за воведување конкретни реформски чекори што ќе ги поврзат.
  • Северна Македонија располага со одредени значајни предности. Националниот план за енергија и клима е усвоен навреме, инсталираниот капацитет за производство на енергија од обновливи извори ја надминал планираната динамика, а веќе се исполнети и неколку реформски чекори во дигиталната област. Сепак, присутни се три меѓусебно поврзани јазови: меѓусекторски јаз, јаз во спроведувањето и координациски јаз.
  • Причините за доцнењето на реформите се повторуваат во повеќе области и имаат претежно институционален, а не секторски карактер. Ниту едно од петте идентификувани ограничувања не е првенствено финансиско, што укажува дека најголем дел од решенијата зависат од организациски и административни одлуки.
  • Финансискиот ризик од доцнењето на реформите е тристепен и кумулативен. Тој не се сведува само на одложена или неостварена исплата на средства од Инструментот за реформи и раст, туку се пренесува од јавните финансии кон инвестициите и, на крајот, кон конкурентноста на извозно ориентираните компании.

Препораки

За Собранието

  • Давање приоритет на Законот за климатска акција во законодавната агенда.
  • Воспоставување на редовен парламентарен надзор над Реформската агенда.

За Владата

  • Воспоставување организациски единици за климатска политика паралелно со законодавната постапка.
  • Воведување на означување и следење на климатските расходи во буџетскиот процес.
  • Воспоставување на хоризонтален механизам за координација на двојната транзиција.
  • Премин од електронизација кон интероперабилност.
  • Поврзување на инвестициите во обновливи извори на енергија со инвестициите во електроенергетската мрежа.

За единиците на локалната самоуправа

  • Јасно дефинирана улога на локалната самоуправа во климатската рамка.
  • Развивање интегрирани зелено-дигитални локални проекти.

За Европската комисија и другите партнери

  • Поврзување на избрани основни законодавни мерки со условите за исплата на финансиски средства.
  • Поголем акцент на постојаните кадровски капацитети во рамките на техничката помош.

За граѓанското општество

  • Придонес кон поширока јавна дискусија за Законот за климатска акција.
  • Следење на основните ограничувања, а не само на статусот на законот.

Заедничкиот именител на овие препораки е преминот од секторско исполнување на обврските кон управување со двојната транзиција како единствен реформски и инвестициски процес. Северна Македонија веќе располага со значителен дел од потребните стратегии, институции и инструменти. Следниот чекор е нивно поврзување во функционален систем што навремено ќе ги преточува преземените обврски во мерливи резултати, пристап до европски средства и поголема конкурентност.

Целата публикација е достапна тука:
Зелените и дигиталните реформи во Северна Македонија: асиметрии, јазови, причини и финансиски ризик


Ова е заедничка публикација на фондацијата Конрад Аденауер и Центарот „Вилфрид Мартенс“ за европски студии. Оваа публикација добива финансиска поддршка од Европскиот парламент. Фондацијата Конрад Аденауер, Центарот „Вилфрид Мартенс“ за европски студии и Европскиот парламент не преземаат никаква одговорност за фактите и ставовите изразени во оваа публикација, ниту за каква било понатамошна употреба на информациите содржани во неа. Целосната одговорност ја сносат авторите. Оваа публикација е наменета исклучиво за информативни цели. Таа не смее да се користи за изборно рекламирање за време на изборна кампања.

 

Оваа вест изворно е објавена на веб-страната на Институт за демократја ИДСЦС

Продолжи со читање

  • Кој ги штити правата во дигиталниот свет? Подготвуваме нова генерација правници

    Технологијата се менува. Заштитата на човековите права останува темел на правната професија. Дигиталните технологии ги менуваат правните односи, работата на институциите и начинот на кој луѓето ги остваруваат своите права. Вештачката интелигенција, масовниот надзор, обработката на личните податоци, онлајн платформите и сајбер-криминалот отвораат нови прашања […]
    The post Кој ги штити правата во дигиталниот свет? Подготвуваме нова генерација правници appeared first on Myla.

  • Зелените и дигиталните реформи напредуваат нерамномерно, а слабата институционална координација создава дополнителни финансиски ризици

    Северна Македонија бележи напредок во зелената и дигиталната транзиција, но реформите се спроведуваат со различна динамика, а институционалната координација меѓу двата процеса останува ограничена. Доцнењето на реформите не е само административен проблем, туку може да има последици за европските средства, инвестициите и конкурентноста на македонската економија. Ова се главните заклучоци на анализата „Двојна по име, […]
    The post Зелените и дигиталните реформи напредуваат нерамномерно, а слабата институционална координација создава дополнителни финансиски ризици appeared first on IDSCS.

  • МРЕЖА ЗА ЗАШТИТА ОД ДИСКРИМИНАЦИЈА: Дискриминацијата не исчезнува со молчење

    Мрежата за заштита од дискриминација изразува сериозна загриженост поради измените во наставната програма за сеопфатно сексуално образование, сега преименувана во „Здравје и заштита на здравјето“, […]

  • ПЛАТФОРМА ЗА РОДОВА ЕДНАКВОСТ: КОГА ДРЖАВАТА ГО БРИШЕ РОДОТ ОД ОБРАЗОВАНИЕТО, ЈА БРИШЕ И СОПСТВЕНАТА ОДГОВОРНОСТ ЗА РОДОВАТА НЕЕДНАКВОСТ

    Платформата за родова еднаквост изразува сериозна загриженост поради одлуката на Министерството за образование и наука да ја измени програмата за сеопфатно сексуално образование, сега преименувана […]

  • Владеењето на правото продолжува да назадува во светот – состојбата се влошува во 62 % од земјите

    Владеењето на правото продолжува да се влошува на глобално ниво, покажува најновиот Индекс за владеење на правото за 2026 година, објавен од меѓународната организација World Justice Project (WJP). Според резултатите, во 62 % од анализираните земји е забележано назадување, додека во 38 % состојбата се подобрила. Ова е деветта последователна…

  • ВЛИЈАНИЕТО ПРОДОЛЖУВА: Поддржете ги камповите GLOW и YMLP и овозможете им на новите генерации млади да бидат дел од нив

    Вклучи се ВЛИЈАНИЕТО ПРОДОЛЖУВА: Поддржете ги камповите GLOW и YMLP и овозможете им на новите генерации млади да бидат дел од нив Кампот завршува. Влијанието продолжува. Веќе со години, камповите GLOW (Girls Leading Our World) и YMLP (Young Men’s Leadership Project) им овозможуваат на младите од Македонија да стекнат самодоверба, да ги развиваат своите лидерски вештини, да создаваат пријателства и да го откријат сопствениот потенцијал. Пандемијата COVID-19 го прекина одржувањето на двата кампови. По неколкугодишна пауза, ИМКА во 2023 и 2025 година повторно организираше дневни кампови, а во летото 2026 година ги врати и националните кампови со ноќевање. Со тоа, младите повторно добија можност да поминат неколку дена надвор од своето секојдневие, да запознаат врсници од различни места, да се соочат со нови предизвици и да научат нешто ново за себе и за другите. Помогнете камповите да продолжат да создаваат можности за младите Со „Влијанието продолжува“, ИМКА собира средства за да ги подобри и прошири камповите GLOW и YMLP во 2027 година. Поддршката ќе биде насочена кон три области: Школарини за учесниците: Финансиска поддршка за млади чии семејства не се во можност да ја покријат целосната партиципација. Не сакаме финансиските ограничувања на семејствата да бидат причина некој млад човек да ја пропушти можноста да биде дел од кампот. Опрема и материјали за активности: Обезбедување и обновување на шатори, опрема за престој и активности на отворено, како и материјали за работилници и активности за тимска работа и развој на лидерски вештини. Активности во природа и нови искуства: Едукација за животната средина, тимски предизвици и практични активности во Националниот парк Пелистер. Со секоја донација помагате повеќе млади да добијат можност да учествуваат, да стекнуваат нови вештини и искуства и да создаваат пријателства што ќе продолжат и по завршувањето на кампот. Како можете да ја поддржите кампањата?                   Вашата донација овозможува: 500 ден. / $10            Материјали за лидерски работилници 1.000 ден. / $18         Авантуристичка активност на Пелистер за еден учесник 2.000 ден. / $35        Опрема за спортски активности на отворено и едукација за животната средина 3.000 ден. / $55       Комплет шатор за еден тим 7.500 ден. / $135       Целосна стипендија за еден кампер 15.000 ден. / $270    Стипендии за двајца кампери 22.500 ден. / $400   Стипендии за тројца кампери 50.000 ден. / $900   Главно спонзорство на кампот GLOW или на кампот YMLP 80.000 ден. / $1.450 Авантуристички активности за учесниците на двата национални кампови Заедницата е дел од приказната Обновувањето на камповите не би било можно без поддршката од луѓето и организациите кои веруваат во нивната вредност. Меѓу нив се поранешни волонтери на Мировниот корпус, поранешни членови на тимовите на камповите кои денес живеат во странство, организации од дијаспората, како и поранешни учесници и членови на тимовите од Македонија. Врските што се создаваат преку програмите на ИМКА не завршуваат со последниот ден од кампот. Многумина од поранешните учесници подоцна се враќаат како инструктори на камповите, ментори или волонтери, а стекнатите знаења и искуства ги применуваат и во своите заедници. Пријателствата, самодовербата и желбата да се преземе иницијатива се дел од она што останува и по завршувањето на кампот. Камповите продолжуваат и во 2027 година Следните национални кампови ќе се одржат во времетраење од пет дена (со четири ноќевања), во следните термини: GLOW: 22-26 јуни 2027 година YMLP: 29 јуни-3 јули 2027 година Камповите ќе се одржат во Битола и Националниот парк Пелистер, а ќе соберат млади од различни градови и заедници низ Македонија. Преку работилници, тимски активности, престој во природа и заеднички предизвици, учесниците ќе имаат можност да ги развиваат своите лидерски вештини, да стекнуваат нови пријателства и да создаваат спомени и искуства што ќе ги носат со себе и понатаму. И вие можете да придонесете! За камповите GLOW и YMLP да продолжат да им бидат достапни на младите, потребна е поддршка од заедницата. Можете да помогнете на неколку начини: Донирајте и помогнете да се обезбедат стипендии, опрема, материјали и активности. Споделете ја кампањата со пријателите, семејството и организациите со кои соработувате. Вклучете се како волонтер во тимот. Секоја поддршка значи уште една можност некој млад човек да биде дел од овие кампови и да стекне искуства што ќе му користат и долго по нивното завршување. Кампот завршува. Пријателствата остануваат. Лекциите остануваат. Самодовербата останува. Влијанието продолжува.

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор