[Aggregator] Downloaded image for imported item #51035

МЗМП достави извештај до ГРЕВИО за спроведувањето на Истанбулската конвенција во Северна Македонија

Македонското здружение на млади правници (МЗМП) достави извештај до Групата експерти за акција против насилството врз жените и семејното насилство – ГРЕВИО, како придонес кон следењето на спроведувањето на Истанбулската конвенција во Северна Македонија.

Извештајот го опфаќа периодот од 2023 до 2026 година и се темели на искуството на МЗМП во обезбедувањето бесплатна правна помош, стратешкото застапување, истражувањето на судската практика и мониторингот на постапувањето на институциите.

Иако во земјата е постигнат напредок во воспоставувањето на правната и институционалната рамка за спречување и заштита од насилство врз жените и семејно насилство, наодите на МЗМП укажуваат дека сè уште постои значителен јаз меѓу формално предвидените механизми и заштитата што жртвите ја добиваат во практиката.

Извештајот се осврнува на повеќе области:

  • заштитата на жените кои бараат меѓународна заштита и препознавањето на родово заснованото прогонување;
  • институционалниот одговор насочен кон правата, безбедноста и потребите на жртвата;
  • препознавањето и заштитата на децата изложени на семејно насилство како жртви;
  • процената на ризикот, координацијата меѓу институциите и обезбедувањето итна заштита;
  • пристапот до правда и бесплатна правна помош;
  • задолжителното помирување во бракоразводните постапки во случаи на семејно насилство;
  • дигиталното родово засновано насилство;
  • превенцијата и образованието;
  • практичната достапност на специјализираните услуги и засолништата;
  • собирањето и објавувањето податоци за родово заснованото насилство.
    170e3b11 8f0d 4b5c a640 488a85ba92ef

МЗМП особено укажува дека децата кои сведочат или живеат во средина со семејно насилство мора доследно да бидат препознаени и заштитени како жртви. Процената на ризикот треба да биде континуиран процес што ќе води кон навремени и конкретни мерки, а институционалните надлежности не смеат да предизвикуваат одложување или празнини во заштитата.

Во делот за пристап до правда, МЗМП препорачува бесплатната правна помош да биде достапна и за постапките што непосредно произлегуваат од насилството, како што се разводот, издршката, домувањето и имотните прашања. Се препорачува и укинување на задолжителното помирување во бракоразводните постапки кога е пријавено или утврдено семејно насилство.

Посебно внимание е посветено на дигиталното родово засновано насилство. И покрај воведувањето ново кривично дело за злоупотреба на снимки со сексуално експлицитна содржина, потребни се дополнителни законски измени, зајакнати капацитети за истрага, доверливи и достапни канали за пријавување, како и ефикасни механизми за брзо отстранување на штетната содржина од интернет.

Препораките во извештајот се насочени кон создавање систем во кој законите, постапките и услугите ќе обезбедуваат навремена, достапна и ефективна заштита, приспособена на реалните околности и потреби на жените и децата погодени од насилство.

Целосниот извештај на МЗМП, поднесен до ГРЕВИО на англиски јазик, е достапен подолу:

Преземете го извештајот – „Report of the Macedonian Young Lawyers Association (MYLA) to GREVIO“

The post МЗМП достави извештај до ГРЕВИО за спроведувањето на Истанбулската конвенција во Северна Македонија appeared first on Myla.

Оваа вест изворно е објавена на веб-страната на Македонско здружение на млади правници

Продолжи со читање

  • Совети и упатување

    Совети и упатување Кога се соочуваш со насилство, закани, контрола или страв, сосема е разбирливо да не знаеш од каде да започнеш. Не мора сама да ги знаеш институциите, процедурите и своите права. Станица ПЕТ може да те сослуша, да ти помогне да ја разбереш ситуацијата и да ти даде информации за можностите за поддршка…

  • Како да побарам помош?

    💜 Не си сама. Побарај поддршка. Понекогаш најважниот чекор е да кажеш: „Ми треба помош.“ Доколку се соочуваш со семејно или родово базирано насилство, закани, контрола, заплашување, психичко, физичко, сексуално или економско насилство, не мораш сама да се справуваш со ситуацијата. Станица ПЕТ е тука да те слушне, информира и поддржи. Обраќањето до нас е…

  • Психолошка и психосоцијална поддршка

    Психосоцијална, психолошка и психотерапевтска поддршка Станица ПЕТ обезбедува психосоцијална, психолошка и психотерапевтска поддршка за жени и деца кои се соочуваат со семејно и родово базирано насилство, како и за лица кои се соочуваат со последици од насилство или други тешки животни ситуации. Нашата цел е да обезбедиме безбедно, доверливо и неосудувачко место каде што можеш…

  • Свети Николе: Жените и локалната самоуправа во дијалог за поефективни механизми на граѓанско учество

    Свети Николе, 18 септември 2026 – Хуманитарното здружение „Мајка“ Куманово ја одржа јавната дебата „Женско лидерство како огледало на заедницата“, во рамки на проектот „Жените го преземаат водството во локалните заедници“. Дебатата беше посветена на механизмите за граѓанско учество во процесите на локално одлучување, со фокус на можностите за поголемо и посуштинско вклучување на жените, […]

  • Шведските искуства како поттик за зајакнување на демократската отпорност и интегритетот во информирањето

    Делегација составена од новинари, уредници, проверувачи на факти, медиумски експерти и претставници на институции од Северна Македонија учествуваше на студиска посета во Стокхолм, организирана од Делегацијата на Европската Унија и Македонскиот институт за медиуми, во рамките на проектот „Градење синергии против дезинформациите, вклучително и за политиките и активностите на ЕУ“. Во текот на дводневната програма, […]

  • Програми за обука и прирачници за Повелбата на ЕУ и постапките пред Судот на правдата на ЕУ

    Во рамки на регионалниот проект „Зајакнување на регионалната судска соработка на Западен Балкан за ефективно водење постапки пред Судот на правдата на Европската Унија и примена на Повелбата на ЕУ за фундаменталните права“, поддржан од Кралството Холандија, развиени се две програми за обука и прирачници посветени на клучни аспекти од примената на правото на Европската […]

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор