Work with us website

ЈАВЕН ОГЛАС за ангажирање на надворешен експерт/експертка за развој на интерни процедури и обука на тимот

Здружението СТАНИЦА П.Е.Т. Прилеп има потреба од ангажирање на надворешен експерт/експертка за развој и финализирање на интерни процедури релевантни за работата на организацијата со жени и деца изложени на родово базирано и семејно насилство.

1. Предмет на ангажманот

Предмет на ангажманот е обезбедување експертска поддршка за развој и финализирање на следните три интерни документи:

  • Процедура за управување со случаи (Case Management Procedure);
  • Процедура за заштита и безбедност на корисниците (Safeguarding Procedure);
  • Процедура за доверливост и постапување со доверливи информации (Confidentiality Procedure).

Како дел од ангажманот, експертот/експертката ќе реализира и две еднодневни практично ориентирани обуки за тимот на СТАНИЦА П.Е.Т., со цел развиените процедури да бидат разбрани и доследно применувани во секојдневната работа.

4. Потребни квалификации и искуство

  • завршено високо образование од областа на општествените и/или хуманистичките науки;
  • најмалку 5 години професионално искуство во релевантна област;
  • докажано искуство во развој, изработка, ревидирање или унапредување на интерни правила, процедури, протоколи, политики и/или други организациски акти;

релевантно искуство во областа на родово базирано и/или семејно насилство, човекови права, заштита и поддршка на корисници на услуги и/или работа со ранливи категории;
искуство во подготовка и спроведување на обуки за професионални тимови ќе се смета за предност.

  1. Период и финансиски услови
    Ангажманот ќе се реализира во периодот 20 август – 20 октомври 2026 година. Вкупниот надомест за целокупниот ангажман изнесува 900 EUR во денарска противвредност, во бруто износ.
  2. Начин на аплицирање

Заинтересираните кандидати/кандидатки треба да достават:
CV;
кратко мотивациско писмо со опис на релевантното искуство;
краток предлог-пристап/методологија за реализација на ангажманот;

Пријавите треба да се достават на stanicapet@gmail.com , најдоцна до 15.08.2026.

СТАНИЦА П.Е.Т. го задржува правото да побара дополнителни информации или појаснувања од кандидатите/кандидатките во текот на процесот на селекција.

This post was originally published on this site

Продолжи со читање

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор