Photo 0

НЕ НИ ЈА КОЦКАЈТЕ ИДНИНАТА! Еден од четири 15–16 годишници се коцкал за пари – младите бараат систем што ќе ги штити, а не средина што ја нормализира коцката

СКОПЈЕ, 12 август 2026 – По повод Меѓународниот ден на младите, младинската група на Асоцијацијата за здравствена едукација и истражување – ХЕРА Млади, заедно со Иницијативата „Фрли ја коцката!“ преку герила акција во Скопје го изразува својот револт од сè поголемата присутност и нормализација на коцкањето и обложувањето во секојдневието на младите. 

Казина, обложувалници, онлајн платформи и реклами што ветуваат „брза добивка“ се лесно достапни во средина во која младите истовремено се соочуваат со невработеност, финансиска несигурност, нарушено ментално здравје и сè поголема желба да ја напуштат државата. 

Податоците веќе го палат алармот со загрижувачки бројки. 

Според националното истражување ЕСПАД 2024, 25% од учениците на возраст од 15 до 16 години во Северна Македонија се коцкале за пари во последните 12 месеци – 34% од момчињата и 16% од девојчињата. Уште позагрижувачки, меѓу учениците кои се коцкаат, уделот на проблематично коцкање се зголемил од 4,5% во 2019 на 7,6% во 2024 година.[1] 

Ова се случува во земја во која младинската невработеност кај лицата од 15 до 29 години изнесувала 23,6%, а според Студијата за млади на Фондацијата „Фридрих Еберт“, 45,3% од вработените млади не работат во професијата за која се образувале. Дури 67,7% од младите имаат одреден степен на желба за иселување, најчесто поради подобар животен стандард, повисоки плати, корупцијата и подобрите можности за вработување.[2][3] 

Во вакви услови, илузијата дека финансиската несигурност може да се реши со тикет, слот или онлајн облог не е безопасна забава. 

Коцкањето го гледаме како финансиски проблем, ама тоа е многу повеќе. 

Светската здравствена организација предупредува дека штетите поврзани со коцкањето можат да вклучуваат финансиски тешкотии и долгови, нарушени семејни и социјални односи, стигма, депресија, анксиозност и зголемена суицидалност.[4] 

Особено загрижува што овие ризици се преклопуваат со веќе сериозните предизвици со менталното здравје кај младите и тешко достапните услуги за психолошка поддршка. Истражувањето на Универзитетската клиника за психијатрија – Скопје, спроведено во контекст на КОВИД-19 пандемијата, покажа дека речиси 30% од испитаните адолесценти имале умерени до тешки депресивни симптоми, а 42,1% умерени до тешки симптоми на анксиозност.[5] 

Коцкањето затоа треба да се третира како прашање на јавно здравје, ментално здравје, финансиска писменост и заштита на младите. 

ХЕРА Млади и Иницијативата „Фрли ја коцката!“ бараат: 

  • Доследна примена на регулативата и контрола на оддалеченоста на објектите од училиштата; 
  • Строга контрола на рекламирањето на игрите на среќа, особено на интернет, социјалните мрежи и во содржини насочени кон младите; 
  • Ефикасна проверка на возраста и заштита на малолетниците при онлајн коцкање; 
  • Финансиска писменост, превенција од зависности и ментално здравје да станат реален дел од образованието; 
  • Бесплатни, доверливи и младински пријателски услуги за советување и поддршка за младите кои се соочуваат со проблематично коцкање. 

„Од младите се очекува да учат, да работат, да останат во земјата и сами да изградат сигурна иднина. А што им нуди средината? Несигурни приходи, малку можности и коцкање на секој чекор како ветување за полесен живот. Не сакаме нашата држава младите со горчина да ја ословуваат како ‘Република коцкарска Македонија’. Но токму оваа порака денес го изразува нашиот револт од општество во кое понекогаш е полесно да најдеш обложувалница отколку културен центар.“ 

На младите им требаат можности, достоинствена работа, образование, култура, спорт, финансиска сигурност и достапна грижа за менталното здравје – не илузија за лесна добивка. 

Иднината на младите не е игра на среќа. 

НЕ НИ ЈА КОЦКАЈТЕ ИДНИНАТА. 

Референци: 

[1] Институт за јавно здравје, ЕСПАД 2024 – Република Северна Македонија. 

[2] International Labour Organization, податоци за младинска невработеност, Северна Македонија. 

[3] Friedrich-Ebert-StiftungYouth Study 2024 – North Macedonia. 

[4] World Health OrganizationGambling – Fact Sheet, 2024. 

[5] University Clinic of Psychiatry – Skopje / UNICEF, Mental Health of Adolescents and Their Caregivers during the COVID-19 Pandemic in North Macedonia, 2023. 

 

Оваа вест изворно е објавена на веб-страната на Асоцијација за здравствена едукација и истражување ХЕРА Скопје

Продолжи со читање

  • Животните вештини како темел за правда по мерка на детето

    Правдата по мерка на детето не завршува со судската одлука. Таа продолжува преку поддршка што им помага на децата да ги развијат своите потенцијали, да стекнат самодоверба и да изградат вештини што ќе им овозможат успешна реинтеграција во заедницата. Токму ова е една од целите […]
    The post Животните вештини како темел за правда по мерка на детето appeared first on Myla.

  • Настан на Мрежата за финансиска одржливост на граѓански организации, х. Милениум, Битола, 20.08.2026 г.

    Почитувани претставници на институции, граѓански организации и членки на Мрежата за финансиска одржливост на ГО, Во време кога граѓанскиот сектор сѐ повеќе се соочува со предизвици поврзани со неговата финансиска одржливост и можностите за долгорочен

  • Повик за ангажирање на програмски координатор

    Хуманитарно здружение „Мајка“ – Куманово објавува повик за ангажирање на Програмски/проектен координатор/ка за координација, спроведување и следење на програмски и проектни активности во рамки на работата на Здружението. Повикот е отворен за кандидати кои ги исполнуваат предвидените услови, а пријавите со потребната документација се доставуваат електронски најдоцна до 16.08.2026 година.

  • Еко Логик стана дел од I-STEP Network

    Со задоволство споделуваме дека Еко Логик стана дел од I-STEP Network, меѓународна мрежа на организации кои работат на полето на образованието, социјалната инклузија, професионалниот развој и учеството во заедницата I-STEP Network ги поврзува организациите со цел нивната соработка и размена на искуства да се претворат во практични методи, алатки и обуки кои можат директно да […]

  • Еко Логик дел од „Ресурсен Центар Карпош“

    Со задоволство објавуваме дека Еко Логик е избрана како една од деветте невладини организации кои стануваат дел од „Ресурсен Центар Карпош“. Во Општина Карпош се одржа првиот координативен состанок на Центарот, со учество на девет организации избрани преку јавен повик. Средбата означи почеток на нова платформа за поврзување, размена на знаење и создавање заеднички иницијативи […]

  • Биојагленот во училиштата: учење за животната средина преку практично искуство

    Како да им ја приближиме на децата темата за климатските промени, здрава почва и одржливо градинарство? Одговорот е едноставен – преку практично учење. Во рамки на EUKI проектот „Cutting Carbon – Promoting Biochar for Climate Change Mitigation“, партнерските организации од Сицилија, Северна Македонија и Хрватска спроведуваат едукативни активности во основните училишта, со цел учениците да […]

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор