Untitled Design(2)

Еко Логик дел од „Ресурсен Центар Карпош“

Со задоволство објавуваме дека Еко Логик е избрана како една од деветте невладини организации кои стануваат дел од „Ресурсен Центар Карпош“.

Во Општина Карпош се одржа првиот координативен состанок на Центарот, со учество на девет организации избрани преку јавен повик. Средбата означи почеток на нова платформа за поврзување, размена на знаење и создавање заеднички иницијативи во интерес на локалната заедница.

Организациите вклучени во Центарот работат во различни области – од млади, спорт и екологија, до поддршка на лица со попреченост, енергетска ефикасност, бизнис-сектор и други теми од јавен интерес.

Преку „Ресурсен Центар Карпош“ се отвора простор за нови партнерства, заеднички проекти и иницијативи, како и за поголемо граѓанско учество во локалната заедница.

За Еко Логик, ова е можност да го споделиме нашето искуство во областа на животната средина и одржливиот развој, но и да се поврземе со организации со кои можеме заеднички да создадеме позитивни промени.

Ова е само почеток на една нова мрежа.

Ги повикуваме и другите граѓански организации и иницијативи да се приклучат и заедно да создадеме повеќе можности за соработка, знаење и промени во заедницата.

 

Оваа вест изворно е објавена на веб-страната на Здружение на граѓани за заштита и унапредување на животната средина "ECO - LOGIC"

Продолжи со читање

  • Животните вештини како темел за правда по мерка на детето

    Правдата по мерка на детето не завршува со судската одлука. Таа продолжува преку поддршка што им помага на децата да ги развијат своите потенцијали, да стекнат самодоверба и да изградат вештини што ќе им овозможат успешна реинтеграција во заедницата. Токму ова е една од целите […]
    The post Животните вештини како темел за правда по мерка на детето appeared first on Myla.

  • Настан на Мрежата за финансиска одржливост на граѓански организации, х. Милениум, Битола, 20.08.2026 г.

    Почитувани претставници на институции, граѓански организации и членки на Мрежата за финансиска одржливост на ГО, Во време кога граѓанскиот сектор сѐ повеќе се соочува со предизвици поврзани со неговата финансиска одржливост и можностите за долгорочен

  • Повик за ангажирање на програмски координатор

    Хуманитарно здружение „Мајка“ – Куманово објавува повик за ангажирање на Програмски/проектен координатор/ка за координација, спроведување и следење на програмски и проектни активности во рамки на работата на Здружението. Повикот е отворен за кандидати кои ги исполнуваат предвидените услови, а пријавите со потребната документација се доставуваат електронски најдоцна до 16.08.2026 година.

  • НЕ НИ ЈА КОЦКАЈТЕ ИДНИНАТА! Еден од четири 15–16 годишници се коцкал за пари – младите бараат систем што ќе ги штити, а не средина што ја нормализира коцката

    СКОПЈЕ, 12 август 2026 – По повод Меѓународниот ден на младите, младинската група на Асоцијацијата за здравствена едукација и истражување – ХЕРА Млади, заедно со Иницијативата „Фрли […]

  • Еко Логик стана дел од I-STEP Network

    Со задоволство споделуваме дека Еко Логик стана дел од I-STEP Network, меѓународна мрежа на организации кои работат на полето на образованието, социјалната инклузија, професионалниот развој и учеството во заедницата I-STEP Network ги поврзува организациите со цел нивната соработка и размена на искуства да се претворат во практични методи, алатки и обуки кои можат директно да […]

  • Биојагленот во училиштата: учење за животната средина преку практично искуство

    Како да им ја приближиме на децата темата за климатските промени, здрава почва и одржливо градинарство? Одговорот е едноставен – преку практично учење. Во рамки на EUKI проектот „Cutting Carbon – Promoting Biochar for Climate Change Mitigation“, партнерските организации од Сицилија, Северна Македонија и Хрватска спроведуваат едукативни активности во основните училишта, со цел учениците да […]

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор