[Aggregator] Downloaded image for imported item #49851

СТУДЕНТИТЕ И ПАЗАРОТ НА ТРУДОТ: ДАЛИ УНИВЕРЗИТЕТИТЕ ГИ ПОДГОТВУВААТ ЗА ПРЕДИЗВИЦИТЕ НА ВРАБОТУВАЊЕТО?

За многу млади во Северна Македонија, завршувањето на универзитетските студии не значи автоматски и полесен пристап до пазарот на трудот. Покрај дипломата, работодавачите сè повеќе бараат практични вештини, дигитални компетенции, работно искуство и способности кои не можат да се стекнат само преку теоретска настава.

Студентката на Факултетот за бизнис и економија при Универзитетот на Југоисточна Европа (УЈИЕ), Луиза Ресиди, оценува дека универзитетите до одреден степен се приспособени на потребите на пазарот на трудот, но главниот предизвик останува подготовката на студентите за реалните барања на работодавачите.

Според неа, дел од високообразовните институции честопати се повеќе фокусирани на издавање дипломи отколку на создавање квалитетни професионални кадри кои лесно ќе се интегрираат на пазарот на трудот.

„Мислам дека универзитетите денес до одреден степен се приспособени на потребите на пазарот на трудот, бидејќи најмногу се концентрирани на издавање што повеќе дипломи, наместо на подготовка на квалитетни профили кои подоцна ќе можат да најдат вработување“, вели Ресиди.

Таа нагласува дека во одредени случаи постои јаз меѓу барањата на пазарот на трудот и подготовката што студентите ја добиваат за време на студиите, што им го отежнува вработувањето по дипломирањето.

Според Ресиди, универзитетите треба да посветат поголемо внимание на развојот на вештини кои технологијата не може лесно да ги замени, како што се критичкото размислување, лидерството, дигиталните компетенции и комуникациските вештини.

„Универзитетите треба да се фокусираат на развивање на студентски вештини што технологијата не може да ги замени, како што се дигиталните знаења, лидерството, критичкото размислување и другите меки вештини, како што е јавното говорење“, вели таа.

Сепак, Ресиди смета дека одговорноста не е само на универзитетите. Според неа, и самите студенти треба да бараат повеќе можности за стекнување работно искуство за време на студирањето, бидејќи недостигот од практично искуство често претставува пречка при првото вработување.

Таа предлага универзитетите повеќе да инвестираат во лаборатории, научноистражувачка работа, програми за студентска размена и соработка со јавните институции и приватниот сектор, со цел студентите да стекнат професионално искуство уште за време на студиите.

„Треба да се зајакне поврзаноста меѓу универзитетите, јавните институции и бизнисите, за студентите, додека студираат, да можат да стекнат и професионално искуство“, вели Ресиди.

Според неа, дипломата не треба да се смета за крајна цел на универзитетското образование, туку за почетна точка за понатамошен професионален и личен развој.

„За студентите дипломата не треба да биде краен успех, туку почетна точка што ќе ги мотивира дополнително да учат и да продолжат да придонесуваат“, заклучува Ресиди.

Текстот е работен во рамки на проектот „Застапување за инклузивен развој“, финансиски поддржан од Владата на Швајцарија преку програмата Цивика мобилитас

Содржината на овој текст е единствена одговорност на Форум за разумни политики, ИОХН и БИРС и на ниту еден начин не може да се смета дека ги одразува гледиштата на Владата на Швајцарија, Цивика мобилитас, или организациите што ја спроведуваат.

Оваа вест изворно е објавена на веб-страната на Балкански институт за регионална соработка (БИРЦ)

Продолжи со читање

  • Урбаното зеленило како клучна инфраструктура за адаптација кон климатските промени

    Како граѓанска организација која дејствува во областа на животната средина и климатските промени, сметаме дека урбаното зеленило, а особено дрворедите, претставува суштински дел од инфраструктурата за приспособување на градовите кон климатските промени. Во услови на сè почести, подолготрајни и поинтензивни топлотни бранови, планирањето, заштитата и проширувањето на зелените површини не

  • Извештај од мониторинг посета на воспитно – поправниот дом Тетово – Волковија

    Овој извештај беше изработен во рамки на проектот „Зајакнување на човековите права и услуги за децата и ранливите лица во ризик во затворени институции“. Главна цел на проектот е да придонесе кон подобрување на услугите за целните групи преку пристап заснован врз човекови права. Специфичните цели се насочени кон подобрување на условите и кон заштита […]
    Read More… from Извештај од мониторинг посета на воспитно – поправниот дом Тетово – Волковија
    The post Извештај од мониторинг посета на воспитно – поправниот дом Тетово – Волковија appeared first on Хелсиншки комитет за човекови права.

  • Kреирање на нов Стратешки план | 2026-2030

    Тимот на Младински Совет Прилеп го започна процесот на креирање на својот нов Стратешки план, кој ќе го насочува работењето на организацијата до 2030 година.

    Преку заедничка работа, анализа, дискусии и јасно дефинирање на приоритети, ги поставуваме темелите за уште посилна, поодржлива и повлијателна организација.

    Со јасна насока и заедничка посветеност, продолжуваме да градиме организација која ќе биде двигател на младинските иницијативи и во годините што следат.

  • Од идеја до акција: „Граѓански активизам за остварување на циркуларна економија во управувањето со органски отпад“

    Видеата што ги споделуваме се создадени за време на работилниците и тестирањето на зелените бизнис идеи со ученици од основните училишта во општините Карпош, Ѓорче Петров и Кисела Вода. Тие го прикажуваат процесот низ кој младите учеа како био-отпадот може да се претвори во ресурс, иновација и можност за одржлив развој. Во текот на работилниците, […]

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор