[Aggregator] Downloaded image for imported item #49655

Повик за младински тренери во клубовите на МОФ 2026/2027 година

Младински образовен форум отвора повик за младински тренери во клубовите за Дебата, Учиме право, Артивизам и Новинарство, кои се реализираат во рамки на Програмата за неформално образование на МОФ.

Ако си ентузијаст/ка, сакаш да работиш со млади луѓе и да придонесеш кон нивниот личен, образовен и општествен развој – ова е одлична можност за тебе!

Преку Програмата за неформално образование, МОФ ги поттикнува младите активно да се вклучуваат во своите заедници и да развиваат критичко размислување, аргументирано и креативно изразување, правна писменост, граѓанска одговорност и вештини за младинско организирање.

ЗА ПРОГРАМАТА ЗА НЕФОРМАЛНО ОБРАЗОВАНИЕ

Програмата за неформално образование ги обединува младинските клубови на МОФ во четири тематски области: Дебата, Учиме право, Артивизам и Новинарство. Работата во клубовите се темели на активно учество на средношколците и студентите во процесот на учење, практична примена на знаењата и развивање вештини кои го надополнуваат формалното образование.

Средбите во клубовите се одржуваат еднаш неделно, според претходно утврдени курикулуми кои периодично се ревидираат во согласност со потребите на младите. Клубовите се отворени и инклузивни простори во кои младите учат, разменуваат идеи, дебатираат, создаваат и преземаат иницијативи во своите локални заедници.

ДЕБАТА

Дебатните клубови имаат за цел да ги развиваат критичкото размислување, аргументираното говорење, јавното говорење и ефективната комуникација кај младите. Преку изучување и практикување компетитивна дебата, учесниците учат да истражуваат, да градат и бранат аргументи, да ги анализираат различните гледишта и одговорно да учествуваат во општествените случувања.

Во Скопје, покрај средношколски дебатен клуб по World Schools формат, ќе бидат отворени и клубови за студентска дебата по British Parliamentary формат.

Кандидатите за тренери во дебатните клубови треба да ги исполнуваат следните услови:

  • Одлични комуникациски вештини;
  • Способност за работа со млади луѓе; и
  • Способност за тимска работа.

За предност ќе се смета:

  • Општо искуство во работа со млади; и
  • Претходно искуство од најмалку 1 (една) година со средношколска и/или студентска дебата;

Дебатни клубови ќе бидат отворени во: Скопје, Велес, Тетово, Кратово, Македонски Брод, Валандово, Крива Паланка, Прилеп, Битола, Куманово, Кочани, Струга, Неготино, Делчево, Македонска Каменица, Струмица, Штип и Гевгелија.

УЧИМЕ ПРАВО

Клубовите Учиме право се насочени кон правна едукација и запознавање на младите со основите на демократијата и правниот систем, владеењето на правото и остварувањето и заштитата на човековите, граѓанските и политичките права и слободи. Содржината ги опфаќа надлежностите на државните институции, човековите права и слободи, граѓанското и кривичното право, а учесниците имаат можност и практично да се запознаат со работата на институциите преку посети и симулации.

Кандидатите за тренери во клубовите Учиме право треба да ги исполнуваат следните услови:

  • Одлични комуникациски вештини;
  • Способност за работа со млади луѓе; и
  • Способност за тимска работа.

За предност ќе се смета:

  • Кандидати кои се студенти на правни студии, дипломирани правници или студенти на пост-дипломски студии по право;
  • Општо искуство во работа со млади; и
  • Претходно искуство од најмалку 1 (една) година со средношколска и/или студентска дебата;

Клубови Учиме право ќе бидат отворени во: Скопје, Прилеп и Струга.

АРТИВИЗАМ

Артивистичките клубови ги оспособуваат младите слободно и креативно да се изразуваат и ги охрабруваат да осмислуваат и предводат активности за подобрување и менување на своите локални заедници. Членовите учат за различни форми на активизам, креативни и уметнички активистички алатки, дигитални медиуми, младинско организирање и ангажирање на заедницата. Преку сопствени иницијативи, младите отвораат општествени теми од нивен интерес и поттикнуваат размислување и дејствување.

Кандидатите за тренери во артивистичките клубови треба да ги исполнуваат следните услови:

  • Основни познавања од областа на активизмот, дигиталните алатки и новите медиуми, културата и уметноста;
  • Одлични комуникациски вештини;
  • Способност за работа со млади луѓе; и
  • Способност за тимска работа.

За предност ќе се смета:

  • Општо искуство во работа со млади; и
  • Претходно искуство од најмалку 1 (една) година со средношколска и/или студентска дебата;

Артивистички клубови ќе бидат отворени во: Скопје и Струга.

НОВИНАРСТВО

Новинарските клубови на МОФ се фокусирани на развивање на новинарските и медиумските вештини кај младите. Членовите учат како да истражуваат теми од јавен интерес, да проверуваат информации, да подготвуваат и уредуваат новинарски содржини и критички да ги анализираат медиумските пораки. Преку практична работа, клубовите ги подготвуваат младите за одговорно, етичко и креативно создавање медиумски содржини и за информирано учество во јавниот простор.

Кандидатите за тренери во новинарските клубови треба да ги исполнуваат следните услови:

  • Одлични комуникациски и писмени вештини;
  • Способност за креирање и уредување новинарски и медиумски содржини;
  • Способност за работа со млади луѓе; и
  • Способност за тимска работа.

За предност ќе се смета:

  • Кандидати кои се студенти по новинарство или сродни области, дипломирани новинари или млади лица со искуство во медиуми;
  • Општо искуство во работа со млади; и
  • Претходно искуство во креирање новинарски, аудио, видео или мултимедијални содржини.

Новинарски клуб ќе биде отворен во: Скопје.

ОБВРСКИ НА МЛАДИНСКИТЕ ТРЕНЕРИ

  • Вклучување во промоцијата на клубовите во средните училишта и во локалната заедница;
  • Одржување редовни неделни средби во периодот октомври – декември 2026 година и февруари – мај 2027 година;
  • Редовна комуникација и координација со останатите тренери и лицата за комуникација од МОФ;
  • Навремено планирање, спроведување и координирање на активностите на клубот, како и вклучување во заедничките активности на Програмата за неформално образование;
  • Водење уредна архива на фотографии, списоци за присуство и друга потребна документација од средбите;
  • Изработка и навремено доставување на полугодишни извештаи за работата на клубот;
  • Задолжително присуство на координативни состаноци лицата за комуникација од МОФ; и
  • Задолжително присуство на Тренингот за тренери, на кој избраните кандидати ќе се запознаат со ангажманот, обврските, методологијата и начинот на реализација на средбите во клубовите.

НАЧИН НА ПРИЈАВУВАЊЕ

Заинтересираните кандидати можат да се пријават со пополнување на апликацијата достапна на: https://forms.gle/2SH1MQWpBnxnFUro6

Краен рок за пријавување: 16.08.2026 година (недела), најдоцна до 23:59 часот.

Тренингот за тренери ќе се одржи во текот на септември.

Кандидатите може да изразат интерес за повеќе од еден клуб, доколку ги исполнуваат соодветните услови.

За сите дополнителни прашања поврзани со повикот, обратете се на: info@mof.org.mk.

The post Повик за младински тренери во клубовите на МОФ 2026/2027 година appeared first on МОФ.

Оваа вест изворно е објавена на веб-страната на Младински Образовен Форум

Продолжи со читање

  • Повик за учество во иницијативата за проценка на деловен интегритет: Станете дел од Белата книга за деловен интегритет!

    Дали вашата компанија негува високи етички стандарди, транспарентност и политики за заштита од корупција?
    Ги покануваме сите одговорни и визионерски компании во Република Северна Македонија да се пријават и да бидат дел од процесот на мапирање и проценка на деловниот интегритет.

  • Youth Climate Diplomacy Forum – Skopje Local Point: Повик за млади за климатска акција и дипломатија

    Младите се важен дел од разговорот за климатските промени и иднината на животната средина. Тие не се само идни носители на промени, туку и активни учесници во процесите што се одвиваат денес. Токму затоа, Eco Logic – Скопје, во партнерство со Youth Climate Diplomacy Forum (YCDF), го организира презентацискиот и промотивниот настан за YCDF Skopje […]

  • Отворен повик за учесници: Обука за млади граѓански двигатели

    RISE Balkans Зајакнување на гласот на младите: одговорност, интегритет, солидарност и граѓанско ангажирање на Балканот Отворен повик за учесници: Обука за млади граѓански двигатели Регионалниот проект RISE Balkans бара мотивирани и ангажирани млади луѓе кои ќе се приклучат на возбудлива програма за лидерство меѓу врсници – Млади граѓански двигатели. Избраните учесници ќе бидат обучени како фасилитатори на Клиниките за добро владеење – интерактивни, тематски работилници кои се дизајнирани да го доближат владеењето до граѓаните и…

  • [ПОВИК] Advocacy Lab: Од проблем до застапувачка акција

    Мобилизација заснована на податоци и консултации со граѓаните Пријави се за дводневната онлајн програма на 28 и 29 септември, од 15:00 до 19:00 часот, и запознај се со практични алатки за застапување, вклучување на граѓаните и поттикнување општествени промени. Како да го препознаеме проблемот што сакаме да го решиме? Како да ги разбереме искуствата на […]
    The post [ПОВИК] Advocacy Lab: Од проблем до застапувачка акција appeared first on МОФ.

  • Јавен повик за пријавување на студенти/ки и млади новинари/ки за Национален тренинг за професионално новинарство, иновативни медиумски алатки и медиумска писменост

    Во ера на брз проток на информации и дигитални предизвици, зајакнувањето на капацитетите на идните и младите новинари е клучно за квалитетно и професионално известување. Овој национален тренинг ќе ви обезбеди практични знаења и вештини за користење на современи алатки и ќе ви помогне суштински да ги разберете клучните предизвици на медиумската писменост. Преку интерактивни […]
    Read More… from Јавен повик за пријавување на студенти/ки и млади новинари/ки за Национален тренинг за професионално новинарство, иновативни медиумски алатки и медиумска писменост
    The post Јавен повик за пријавување на студенти/ки и млади новинари/ки за Национален тренинг за професионално новинарство, иновативни медиумски алатки и медиумска писменост appeared first on Хелсиншки комитет за човекови права.

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор