PSP Final Trilingual Logo 1 1024x483

Повик за Швајцарска стипендиска програма за вработени во Државен завод за ревизија

Отворен е повик за аплицирање за Швајцарската стипендиска програма за професионално усовршување, наменета за вработените во Државниот завод за ревизија, кои имаат интерес за професионално усовршување и развој, односно интерес за посета на обука или курс.

Швајцарската стипендиска програма за професионално усовршување се реализира во рамките на Програмата за Парламентарна Поддршка, финансирана од страна на Швајцарската агенција за развој и соработка преку Швајцарска Амбасада во Македонија и е администрирана од Институт за демократија „Социетас цивилис“ – Скопје.

Ги повикуваме заинтересираните вработени во Државниот завод за ревизија, кои ги исполнуваат условите, да аплицираат на повикот.

Деталите за стипендијата, начинот на спроведување и постапката за аплицирање можете да ги најдете во програмата прикачена во прилог.

Апликацијата и сите документи од кои се состои потребно е да ја испратите на адресата на администраторот contact@idscs.org.mk со назнака Апликација за швајцарска стипендиска програма, не подоцна од 31 август до 23:59 часот.

Нецелосните и апликациите доставени по крајниот рок нема да бидат земени предвид. Доколку имате потреба од дополнителни информации, ве молам контактирајте не на aleksandra@idscs.org.mk.

Доколку сте вработен/а во Државниот завод за ревизија и сакате да аплицирате за стипендија за обука или курс, превземете ги следните документи:

Апликација за професионален развој

Повик 

Табела на студиски програми за курсеви и обуки

Оваа вест изворно е објавена на веб-страната на Институт за демократја ИДСЦС

Продолжи со читање

  • ПРИЈАВИ СЕ: „Не ме ставај во рамка!“ – Девојки против стереотипите

    Дали сакаш да ги преиспиташ стереотипите, да го изразиш своето мислење и да придонесеш за општество во кое секоја девојка може слободно да биде тоа што е? Те покануваме да се пријавиш за учество во проектот „Не ме ставај во рамка!“ – Девојки против стереотипите, кој го спроведува Здружението за заштита и унапредување на животната средина Еко […]

  • БАРАЊЕ ЗА ДОСТАВУВАЊЕ НA ПОНУДИ ЗА ОРГАНИЗИРАЊЕ НА ЈАВЕН ФОРУМ

    Хелсиншкиот комитет за човекови права, во рамки на проектот „Equitable Governance: Enhancing Gender Responsive Budgeting in North Macedonia“, поддржан од UN Women, објавува барање за доставување на понуди за изнајмување на конференциска сала и угостителски услуги за одржување на јавен форум на 17 ноември 2026 година во Штип за 35 лица. Опис на бараната набавка: […]
    Read More… from БАРАЊЕ ЗА ДОСТАВУВАЊЕ НA ПОНУДИ ЗА ОРГАНИЗИРАЊЕ НА ЈАВЕН ФОРУМ
    The post БАРАЊЕ ЗА ДОСТАВУВАЊЕ НA ПОНУДИ ЗА ОРГАНИЗИРАЊЕ НА ЈАВЕН ФОРУМ appeared first on Хелсиншки комитет за човекови права.

  • Отворен повик за аплицирање за стипендии за професионално усовршување во рамките на програмата „Заедници со интегритет“

    Oтворен е повик за аплицирање за стипендии за професионално усовршување, наменети за вработените во општините и институциите опфатени со програмата „Заедници со интегритет“, кои имаат интерес за професионален развој преку учество на обуки, тренинзи, курсеви и сертифицирани програми. Право на аплицирање имаат вработените во општините Град Скопје, Битола, Боговиње, Гази Баба, Куманово, Македонска Каменица, Неготино, […]
    The post Отворен повик за аплицирање за стипендии за професионално усовршување во рамките на програмата „Заедници со интегритет“ appeared first on IDSCS.

  • Повик за изразување интерес за приклучување кон Националниот консултативен механизам за Реформската агенда 2024-2027 (НКМ-РА) на Северна Македонија

    Институтот за европска политика – Скопје (ЕПИ) како координатор на регионалниот проект „Следење реформи и раст во Западен Балкан“ кој се спроведува во партнерство со партнерите од мрежата „Мисли за Европа“ (Think for Europe Network (TEN)),  ги повикува сите заинтересирани граѓански организации (ГО), стопански комори, социјални партнери, академската заедница и други засегнати чинители во Северна […]
    The post Повик за изразување интерес за приклучување кон Националниот консултативен механизам за Реформската агенда 2024-2027 (НКМ-РА) на Северна Македонија appeared first on EPI.

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор