ПОВИК ЗА ПОДНЕСУВАЊЕ ПОНУДА ЗА АНГАЖИРАЊЕ НА ИТ ЕКСПЕРТ ЗА РАЗВОЈ НА ВЕБ-АПЛИКАЦИЈАТА „ECO PATROL“
Повик 1/2026: ПОВИК ЗА ПОДНЕСУВАЊЕ ПОНУДА ЗА АНГАЖИРАЊЕ НА ИТ ЕКСПЕРТ ЗА РАЗВОЈ НА ВЕБ-АПЛИКАЦИЈАТА „ECO PATROL“
ПОСТАПКА СО БАРАЊЕ ЗА ПРИБИРАЊЕ ПОНУДИ
Информации за проектот:
НОСИТЕЛ: Здружение на еколози „Натура“ – Струга
ДОНАТОР: Европски фонд за Балканот
ВРЕМЕТРАЕЊЕ НА ПРОЕКТОТ: 5 месеци – 15.06.2026 до 15.10.2026
ОПИС НА ЗАДАЧАТА НА ОВАА БАРАЊЕ ЗА ПРИБИРАЊЕ НА ПОНУДИ
Во рамките на проектот „Eco Patrol – Дигитална платформа за пријавување и реакција на загадување во реално време“, покрај останатите проектни активности, предвидена е следната активност:
A1.1. Ангажирање на ИТ експерт за развој на веб-апликацијата „Eco Patrol“.
За таа цел потребно е ангажирање на искусен Web App Developer, кој под директен надзор на Здружението на еколози „Натура“ – Струга и проектниот координатор ќе биде одговорен за развојот, имплементацијата и техничката функционалност на веб-апликацијата „Eco Patrol“.
Главни очекувани резултати
Главниот очекуван резултат од работата на ангажираниот експерт е развој на функционална веб-апликација која ќе овозможи дигитално пријавување и управување со случаи на загадување.
Експертот ќе биде одговорен за:
- Анализа на техничките барања на платформата;
- Развој на backend и frontend на веб-апликацијата;
- Развој на сигурен систем за регистрација и најава на корисници;
- Имплементација на различни кориснички улоги:
- Граѓани;
- Јавни комунални претпријатија;
- Организации за заштита на животната средина;
- Администратор.
- Развој на модул за пријавување загадување со:
- прикачување фотографии;
- автоматско или рачно внесување на GPS локација;
- избор на категорија на загадување.
- Развој на интерактивна мапа за приказ на сите пријавени случаи;
- Развој на административен панел за управување со пријавите;
- Имплементација на систем за промена на статусот на пријавите (Ново, Во тек, Решено);
- Интеграција на cloud база на податоци за безбедно складирање на сите информации и фотографии;
- Оптимизација на перформансите и безбедноста на платформата;
- Подготовка на техничка документација и основно упатство за користење;
- Отстранување на евентуални технички проблеми во текот на пилот-фазата.
ПОТРЕБНИ КВАЛИФИКАЦИИ НА ЕКСПЕРТОТ
За да може да биде ангажиран, експертот треба да ги исполнува следните услови:
- Завршено високо образование од областа на информатичките технологии, компјутерските науки или сродна област;
- Најмалку 1 година професионално искуство во развој на веб-апликации;
- Познавање на работа со бази на податоци и cloud технологии;
- Способност за самостојна работа, почитување на рокови и тимска координација.
Кандидатите задолжително треба да достават:
ВРЕМЕНСКА РАМКА
Периодот за реализација на оваа активност е согласно динамиката на проектот, но не подоцна од завршувањето на петмесечниот период на имплементација.
Максималниот број на експертски денови за реализација на оваа активност е 30 работни дена.
Експертот ќе доставува периодични извештаи до проектниот координатор, а целокупната документација треба да биде подготвена на македонски или англиски јазик.
НАЧИН НА ПЛАЌАЊЕ
- Плаќањето ќе се изврши во рок од 30 дена по уредно доставена фактура за изработен извештај, со трансакција на паричните средства од страна на Здружението на еколози Натура Струга на сметката на избраниот извршител на услугата.
- Авансно плаќање не се предвидува. Начинот на плаќање е задолжителен.
ДОДЕЛУВАЊЕ НА ДОГОВОРОТ ЗА УСЛУГА
- Договорниот орган, по спроведената постапка за евалуација на понудите како последна фаза во постапката за барање за прибирање на понуди, договорот му го доделува на понудувачот кој понудил најниска цена.
- Во случај да е поднесена само една прифатлива понуда во првата фаза од постапката, договорниот орган може да му го додели договорот за јавна набавка на единствениот понудувач кој поднел прифатлива понуда.
ПРИЈАВУВАЊЕ
Комплетната понуда, понудувачите треба да ја испратат на еmail: contact@natyra.org.mk или по пошта на адреса Здружение на еколози „Натура“ Струга, ул. Пролетерски Бригади бр. 22 Струга најдоцна до 07.07.2026 – до 17.00ч со назнака “ИТ ЕКСПЕРТ ЗА РАЗВОЈ НА ВЕБ-АПЛИКАЦИЈАТА „ECO PATROL“,,: (име на понудувачот)“ Понудите кои не ги содржат сите податоци назначени во повикот, односно кон кои не е приложена бараната придружна документација, ќе се сметаат за некомплетирани и нема да се разгледуваат.
Повеќе информации или прашања можете да поставите на contact@natyra.org.mk или телефон +38970601622.
ДОВЕРЛИВОСТ
Сите информации кои се поврзани со повикот и доставените понуди нема да бидат споделувани со никој кој не е официјално вклучен во оценка на понудите. Сите податоци ќе се третираат како доверливи и нема да се користат надвор од овој повик и целта на истиот.
ДОПОЛНИТЕЛНА ИНФОРМАЦИЈА
Сите евентуални трошоци околу прибирање и поднесување на потребната документација за учество на овој повик ги сноси понудувачот.

Оваа вест изворно е објавена на веб-страната на Здружение на еколози „Натура“


![[Aggregator] Downloaded image for imported item #44829](https://civicamobilitas.mk/wp-content/uploads/2026/02/mhc-mk-default.webp)


![[Aggregator] Downloaded image for imported item #48920](https://civicamobilitas.mk/wp-content/uploads/2026/07/11-3-768x644.png)
![[Aggregator] Downloaded image for imported item #48935](https://civicamobilitas.mk/wp-content/uploads/2026/07/10-768x644.png)
![[Aggregator] Downloaded image for imported item #48568](https://civicamobilitas.mk/wp-content/uploads/2026/06/Проектот-е-поддржан-од-владата-на-Швајцарија-преку-Цивика-мобилитас-9-939x1024-1-768x838.png)