Untitled Design (13)

Повик – за избор на млади фасилитатори

Здружението Центар за развој и промоција Промо Идеа Струмица објавува повик за избор на млади лица кои ќе бидат вклучени како фасилитатори во рамки на обуката која ќе се спроведе како дел од проектот „Младинска мрежа за финансиска писменост на Југоистокот“. Проектот има за цел да придонесе кон подобрување на финансиската писменост кај младите лица во Југоисточниот регион, преку развој на знаења и вештини поврзани со управување со јавните и локалните финансии, препознавање на ризици и појави на корупција, како и поттикнување одговорно и информирано финансиско одлучување Вклучувањето на лицата претставува можност за активно учество на младите во процесот на неформална едукација, развој на комуникациски и организациски вештини и стекнување практично искуство во работа со врсници.

Улога на фасилитаторите:

  • Поддршка при организација и реализација на обуките;
  • Асистенција на обучувачите и експертите за време на тренинг сесиите;
  • Поддршка за време на интерактивни активности, работа во групи и дискусии;
  • Помош во комуникацијата со учесниците и обезбедување активно учество на младите во обуките;
  • Учество на обуката организирана од здружението

Право на учество имаат:

  • Млади лица на возраст од 18 до 29 години;;
  • Лица од општините во Југоисточниот регион;
  • Лица со интерес за финансиска писменост, младински активизам, граѓанско учество и неформално образование;
  • Лица со мотивација за работа со врснички групи и подготвеност за активно учество во обуките

Начин на пријавување

Овој повик е споделен со младите членови на здружението Промо Идеа Струмица, испратен до три партнерски организации и објавен на веб страната на организацијата.
Заинтересираните кандидати потребно е да пополнат формулар за пријавување, достапен на овој линк или преку пополнување на писмена форма која е достапна во просториите на Up Hub Струмица.

Критериуми за избор

Избор на едно или максимум две лица кои ќе бидат вклучени како фасилитатори, ќе се изврши врз основа на следните критериуми:
– Претходно учество во младински активности, обуки, волонтерски иницијативи или граѓански активности поврзани со финансии, јавни политики и граѓанско учество (30 поени максимум);
– Претходно искуство во работа со млади, фасилитација на групи, волонтерски активности или младински организации (20 поени максимум)
– Резултати од проверка на основни познавања од областа на јавните и локалните финансии (5 поени -1 прашање/ 20 поени максимум);
– Резултати од интервју (30 поени максимум);

Максимум поени: 100

Најмногу две лица со освоени над 80 бодови ќе бидат избрани за учество како фасилитатори. Доколку повеќе од две лица имаат освоени над 80 бодови, ќе се спроведе дополнително тестирање.
Рокот за пријавување е 03 април, до 15 часот. Избор на едно или најмногу две лица ќе се изврши најдоцна до 17 април. Изборот на фасилитатор ќе го спроведе тим утврден од организацијата, составен од две лица, врз основа на утврдените критериуми.

Проектот „Младинска мрежа за финансиска писменост на Југоистокот“ е поддржан од владата на Швајцарија преку Цивика мобилитас, а го спроведуваат здруженијата Промо Идеа и Новус од Струмица, како и Здружение Круна Плус Радовиш.
Содржината и мислењата кои се изразени во овој повик се единствена одговорност на Здружение Центар за развој и промоција Промо Идеа Струмица и на ниту еден начин не може да се смета дека ги одразуваат гледиштата на Владата на Швајцарија, Цивика мобилитас, или организациите што ја спроведуваат.

Оваа вест изворно е објавена на веб-страната на Здружение Центар за развој и промоција Промо идеа Струмица

Продолжи со читање

  • БАРАЊЕ ЗА ДОСТАВУВАЊЕ НA ХОТЕЛСКИ ПОНУДИ ЗА ОРГАНИЗИРАЊЕ НА ДВОДНВЕНА ОБУКА

    Хелсиншкиот комитет за човекови права, во рамки на проектот Equitable Governance: Enhancing Gender Responsive Budgeting in North Macedonia, поддржан од UN Women, објавува барање за доставување на понуди за хотелско сместување за одржување на дводневна обука – Стратешко планирање за период од 29.07.2026 до 30.07.2026 за 12 лица. Опис на бараната набавка: Хелсиншкиот комитет за […]
    Read More… from БАРАЊЕ ЗА ДОСТАВУВАЊЕ НA ХОТЕЛСКИ ПОНУДИ ЗА ОРГАНИЗИРАЊЕ НА ДВОДНВЕНА ОБУКА
    The post БАРАЊЕ ЗА ДОСТАВУВАЊЕ НA ХОТЕЛСКИ ПОНУДИ ЗА ОРГАНИЗИРАЊЕ НА ДВОДНВЕНА ОБУКА appeared first on Хелсиншки комитет за човекови права.

  • Јавен конкурс за извршни директори на МЦМС

    Извршните директори на МЦМС го сочинуваат Одборот на директори кој е орган на секојдневно управување  со работниот процес на МЦМС. Овој конкурс е отворен за избор на 2 извршни директори. МЦМС цели едната позиција да се пополни од редот на внатрешни кандидати (вработените), а другата од надворешни кандидати.  Кандидатите треба да имаат: Конкурсотеотворендо20јули 2026година. Пријавување на конкурсот се врши со електронска порака (е-меил),…

  • Барање за понуда за креирање и спроведување на онлајн кампања

    Центарот за граѓански комуникации, Здружение на активни граѓани Активо и Здружение на даночни советници на Република Македонија го спроведуваат проектот „Користење на податоците за вистинските сопственици за намалување на корупцијата“ во рамки на програмата Civica Mobilitas. За таа цел бараме понуда за креирање и спроведување на онлајн кампања за промоција на проектните активности со следната спецификација: Креирање на концепт и спроведување на онлајн кампања и промоција на социјални медиуми;   Информативно видео – 1 (едно)…

  • ПОВИК ЗА ПОДНЕСУВАЊЕ ПОНУДА ЗА АНГАЖИРАЊЕ НА ИТ ЕКСПЕРТ ЗА РАЗВОЈ НА ВЕБ-АПЛИКАЦИЈАТА „ECO PATROL“

    Повик 1/2026: ПОВИК ЗА ПОДНЕСУВАЊЕ ПОНУДА ЗА АНГАЖИРАЊЕ НА ИТ ЕКСПЕРТ ЗА РАЗВОЈ НА ВЕБ-АПЛИКАЦИЈАТА „ECO PATROL“ ПОСТАПКА СО БАРАЊЕ ЗА ПРИБИРАЊЕ ПОНУДИ Информации за проектот: НОСИТЕЛ: Здружение на еколози „Натура“ – Струга ДОНАТОР: Европски фонд за Балканот ВРЕМЕТРАЕЊЕ НА ПРОЕКТОТ: 5 месеци – 15.06.2026 до 15.10.2026 ОПИС НА ЗАДАЧАТА НА ОВАА

  • ПОВИК ЗА ПОДНЕСУВАЊЕ ПОНУДА ЗА Ангажирање на UI/UX Designer за дизајн на веб-апликацијата „Eco Patrol“

    Повик 3/2026: ПОВИК ЗА ПОДНЕСУВАЊЕ ПОНУДА ЗА Ангажирање на UI/UX Designer за дизајн на веб-апликацијата „Eco Patrol“. ПОСТАПКА СО БАРАЊЕ ЗА ПРИБИРАЊЕ ПОНУДИ Информации за проектот: НОСИТЕЛ: Здружение на еколози „Натура“ – Струга ДОНАТОР: Европски фонд за Балканот ВРЕМЕТРАЕЊЕ НА ПРОЕКТОТ: 5 месеци – 15.06.2026 до 15.10.2026 ОПИС НА ЗАДАЧАТА НА ОВАА

  • ПОВИК ЗА ПОДНЕСУВАЊЕ ПОНУДА ЗА Ангажирање на ИТ експерт за тестирање на веб-апликацијата „Eco Patrol“

    Повик 2/2026: ПОВИК ЗА ПОДНЕСУВАЊЕ ПОНУДА ЗА Ангажирање на ИТ експерт за тестирање на веб-апликацијата „Eco Patrol“ ПОСТАПКА СО БАРАЊЕ ЗА ПРИБИРАЊЕ ПОНУДИ Информации за проектот: НОСИТЕЛ: Здружение на еколози „Натура“ – Струга ДОНАТОР: Европски фонд за Балканот ВРЕМЕТРАЕЊЕ НА ПРОЕКТОТ: 5 месеци – 15.06.2026 до 15.10.2026 ОПИС НА ЗАДАЧАТА НА ОВАА

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор